т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


г:гошевски душко




 

н:на Водно. До Водно

Ретки се тие што стануваат наутро за да ја посматраат зората, да уживаат во неа.Многумина зборуваат за неа, за убавината за раните утра, мугрите посланети и влажни, чистиот воздух и тивката атмосфера, сета онаа натурална и длабока инспирација на поетите, писателите,уметниците. Многумина зборуваат, но не уживаат. Решив да ја набљудувам таа славна и опеана зора, чиста и исконска како росата со која се претопува во тие проблескави утра. Како пишувам така и се чувствувам. Ова го набљудувам и го запишувам на тетратка.
Решив да излезам, да се соединам со природата. Никојпат поприроден не бил овој град, мојот натуралистички дух преовладе во мене, излегов да се претопам во утрото.
Излегов пред зградата, и продолжив кон булеварот. Мислев да одам по него до крајот на југ, се до некоја чиста ( од бетон ) средина. Бетонираните зданиа ми го нарушуваат видот, сакаат да ми ја попречуват радосната поетска прошетка. Не се давам. Гледам надолу ,го свртувам погледот при секоја визулена средба со тие грдосии. Гледам надолу, сепак има по некое цвеќе, зеленило помешано со кал но сепак зеленило. Заминав од кај кривинката и излегов на булеварот, решен да се соочам со него. Остри миризи на издувни гасови се мешаа со прочистениот утрински воздух. Сега старите автобуси, моите непријатели, смуртени и бавни минуваа покрај мене. Доста бев свесен за ова непријатна средба со моторните зверови. Знаев дека нема да ја издржам битката доколку самиот одам до крајот на грдосиите од градот, до она прекрасно ( бар колку што слушав досега) Водно. Од одвде до бисерот на градот има шест - седум километриц што воопшто не беа проблем. Проблем беше часот што требаше да го минувам покрај бетонските непријатели, моторните зверови, неприродните лица од кои насликани се звереа во мене од сите страни.
Застанав на станицата очекувајќи некоја стара превозна машина, да застане да ме товари и да ме носи што подалеку задевајќи ме за мојата мала верба и уште помала храброст. Но јас бев решен. Не сакав да дозволам сивилото да ме скрши, да ја убие природата во мене.
Квичење, чадење и нагло сопирање на механизираната колона и се отвори само едната врата.Погледнав на часовникот пет и четириесет. Возачот воопшто не гледаше кон мене. Изненадувачки погледнав кон доста големата маса на луѓе кои беа во автобусот. Седнав на првите места наменети за инвалиди и деца со мајки. Решив да ги набљудувам.
Еднаш на моја помала возраст имав можност да посетам рудник ( веројатно беше организирано преку училиштето) и да се запознаеме со оваа мачна професија. Сепак нивните лица, лицата на рударите кои под директна закана на нивниот живот слегуваа во окната со недостаток од кислород, нивните црни јагленосани лица беа посреќни. Овие луѓе беа уништени.Да да, тоа е вистинскиот израз. Наполно уништени, празноверни , без волја и цел. Нивните лица, па дури и нивните брчки беа остри и сурови. Не верував дека имаат помачна работа од рударите, но сепак некој го убил Бог во нив.
Нивните лица полузамижани, со сурови погледи и несреќни изрази ме натераа повторно да се свртам кон нив . Речиси сите ги изгледав, но не се осмелив тоа да биде подолго, по малку и стравот преовлада во мене. Не сакам јас да го понесам товарот на транзицијата.
Еден постар човек, и тој облечен во плава кошула седна до мене.
- Да не си стидент синко? - Ме праша веднаш, без некое претставување или некоја посебна причина. Бев навикнат на вакви прашања дома, но овде во овој град не беше така. Сите беа ладни во однесувањето, сите постојано трчаа по некоја работа, без прекин без застанување, бес пријателско прашање.
- Да студент сум. Како погодивте? - Прашав колку да не ми биде оскуден одговорот, иако беше очигледно дека сум студент. Се качив од постројката пред студентскиот дом.
- Хе, се гледа тоа синко.Се гледаа! - профучи мојот соговорник иако ко кажа тоа малку жалопојно. - Погледни убаво околу тебе. Учи синко учи да не станеш и ти како нас.Само со ука …
- Престани да го лажеш детето. - Се јави уште еден облечен во истата сина кошула, кој ни прêт тоа не дремеше. - Дипломата нема врска со животот. да не нашиот има…
Во разговорот се вклучија уште неколку од првите седишта, заборавајќи на мене, освен постариот човек кој повремено објаснувајќи се свртуваше и кон мене. Не мислам да го пренесувам разговорот, сосем обичен и неудобен раговор кој може да се слушне на секое ќоше.Еден од оние разговори во кои се зборува а ништо не се кажува, се померуваат границите на темата со светлосна брзина, како и годините на случувањам при што преовладуваат временските периоди од 1903 или од по 1945-8-9.
Се ближеше мојата станица. Пак чкрипење, стенкање и нагло кочење и се симнав. Длабоко издишав, и тргнав нагоре. Сончевите зраци кои го напаѓаа мојот грб беа неверојатно врели. Како да сакаа да ме отргнат од намерата. Како да ми праќааа порака дека не припаѓам овде.Или пак ме тестираа. Или пак ова беше добредојде.
Одев некој период без да размислувам, така најлесно можам да заборавам на она што ми се случило претходно. Почнав да излегувам надвор од градот и последните неколку куќи беа зад мене. Веднаш почувствував реакција од зеленилото кое ме пленеше. Седнав малку да починам, станав и продолжив. Одев уште малку, според инструкциите што претходно ги слушав на една клупа во парк, па онаа фасцинантна глетка требаше да се појави веднаш по втората кривинка по козјата патека. Неколку горостаси дрвја го навестуваа благодетот што ни го дарила мајката природа на оваа површина.
Многу размислував пред да ги напишам следните неколку редови. Сепак …
Многумина инсистираат на повторување и акцентирање на гнасотилаците кои со составен дел на оваа мала врхушка. И јас би можел да повторам и пренесам нешто од грозната глетка што прошарува на некои ќошиња, да ги опишам гуммите, кесињата и пластиките, одразот на нашата некултура. Но зар е потребно да го нарушам овој текст повторно по малите секојдневни непријатности со автобусот ? Зар да ја расипам и мојата идилична прошетка впишувајќи ги и опишувајќи ги десетте посто ѓубришта, пренебегнувајќи ги другите деведесет посто природа и скоро недопрено зеленило? Треба како фурија да минувам со погледот по сите падини и благодатни врвови задржувајќи се само на грдосиите?
Не го пренебрегнува фактот на несвеста само поради себесебичноста и љубовта кон мојата творба, не само за да не му наштетам на мојот текст. Не. Ќе ја опишам реската која црнее на овие предели, кога ќе ја извадам гредата од моите очи.Тогаш ќе гледам подобро. Тогаш ќе пишувам почисто.
 





 

н:на шалтер

Неколку лица беа внатре, поделени во две групи. Влегов и застанав зад едната.Броев. Четворица. Добро е. Ги преброив и од другата страна, беа шест.Се замислив. Зошто шестиот од првата редица не застанал, или барем да се преместел откако ја увидел грешката.Ќе бил петти на ред. Во ред е, подобро е за мене си велам. Жената пред мене се сврте.Беше ниска и ситна со искривено злобно лице, онакво какво што имаат некои жени кога играат на ората по свадбите. Најверојатно гласно проговорив нешто штом се сврте така брзо. Ме изгледа без да рече ништо , притоа не гледајќи ме во лицето, односно прво ме погледна во лицето потоа ме измерка надолу и пак се заврте накај редот. Поминаа неколку минути уште бевме шест од едната и пет од другата страна.Пак помислив на грешката на последниот од другата линија. Еден ја напушти колоната и излезе со вознемирено лице.Најверојатно се брзаше.Пред да ја отвори вратата се сврте и пак се врати.Сите гледавме во него .Се обрати кон вторите од секоја линија, кои откако ќе завршеа оние кои беан а шалтерот ќе станеа наши водачи. Застана помеѓу нив.
- Извинете но се брзам, ограничен сум со рок.Може ли да ме пропуштите пред вас, за кратко сум. Ќе ве молам.- Последното додека го кажуваше гледаше кон сите, обраќајки се на сите но најмногу на идните водачи.
Госпоѓата од првиот ред со шесторица, која наликуваше на оние несудени и неостварени дами, кои постојано се држеа со став на горделивост прва се обрати:
- Господине сите ние сме врзани со рок, сите ние се брзаме. - Ова опаска изречена со привиден интелигентен израз ги окуражи и другите па веднаш се јави и третата од мојот ред односно втора по водачот. - Да , па не сте вие најпаментиот овде, сите ние… - потоа се слушаа повеќе испреплетени гласови кои зборуваа повеќе една кон друга отколку кон господинот кој замоли за предност. Мрдаа со главите во знак на разбирање една кон друга, несудената дама од првиот ред мрдаше со главата дијагонално нагоре, ишкајќи си ја шишката и превртувајќи со очите. Работничките на шалтерот работеа и повремено погледнуваа под око што се случува.
Господинот се уште не беше тргнат, но намерата му беше очигледна.Токму во моментот кога минуваше околу мене речив да се вклучам и јас.
- Господине ако сакате јас ќе ви го отстапам редот.
- Ма идете у пичку матер сите, кој господин да бев господин немаше да чмаам овде пред шалтер како вас гмизавци едни. - и силно ја турна вратата кон надвор сакајќи да ја тресне назад но механизмот не му дозволи.Дамата од првиот ред си рече нешто за себе но доволно гласно да ја слушнат сите. Некакво каење што сама дошла овде што не ја пратила помошничката или така нешто. Другите се погледнаа еден во друг.Се почувствував како во возот Ориент-експрес.

Сега бевме пет на пет и бевме израмнети.Грешката на шестиот од првиот ред , сега петти беше исправена не по негова заслуга.Чиста среќа. Првиот од мојот ред, а потоа и првиот од другиот ред завршија и се упатија назад. Пристапија вторите сега водачи на колоните.Госпоѓата од првиот ред сега ја постави својата чанта на шалтерот и полека ги вадеше документите при што се погрижи сите да видиме каква елегантна и модерна чанта има. Полека ги вадеше документите, држејќи ги со крајот на прстите, како штотуку да ги лакирала ноктите. Насмевката и беше вкочанета и постојана. Речиси сите од мојата колона гледаа кон неа, со израз кој јасно ја оддаваше злобата и гневот кој се таложеа во ова општество. Колку бедно изгледаше сето тоа.
Се слушна некој повишен глас од шалтерот на мојата колона, но набрзо се стиши.До крајот и немаше и некои случувања, освен понекое тувкање и нетрпеливо издишување. Никој, речиси никој не можеше да ужива во моментите на чекање.Сите беа агресивни и нерасположени.Имаше едно момче кое беше смирено но постојано погледнуваше кон часовникот и ја оддаваше својата вознемиреност.
Дојдов на ред. Се ближеше крајот на оваа прекрасно доживување. завши со зборовите на шалтерскиот работник, и со моја блага насмевка и поздрав.
- Господине Варски, се уште нема пристигнато ништо на вашата сметка.



 


 

п:п.м.

  Го стави шеширот на глава, го подигна весникот од втората скала и излезе на улицата.Помина од другата страна, застана и се загледа во големиот часовник над катедралата.
  Позади големите стрелки мајсторот го надгледуваше механизмот што создаваше проблеми минатиот ден. Ја изведи цигарата од устата и така неизгасната ја фрли низ отворот.Се спушташе надолу разгорувајќи се и падна на тротоарот каде што сосема изгасна.
  Помина градскиот служител кој ги чистеше улиците и ја шутна кон пластичната корпа што ја држеше во другата рака.
  Еден фотограф го сликаше додека ги метеше улиците. Си отиде дома и во малата работилница ја извади фотографијата. Беше одлична, и бојата и сенката.Можеби малку послаб беше контрастот.
  Уредникот ја доби фотографијата и ја вметна на предната страница со наслов
ТРОТОАРИТЕ СЕ РАСПУКАНИ, ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВААТ.
  Силн
а миризба се рашири внатре. Цигарата го освежи, му ја разбистри дремката додека го возеше мини - комбето. Застана на следната улица и ја уфрли кутијата во едно поголемо сандаче, специјално правено за таа намена
  Детето брзо го изведи велосипедот од гаражата, веќе доцнеше. Силно потегна на педалите и почна да ги расфрла весниците долж улицата.
  Го стави шеширот на глава, го подигна весникот од втората скала и излезе на улицата.Помина од другата страна, застана и се загледа во големиот часовник над катедралата.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



































































































































































































































 

  д:дома