т:темплум  


2007:март/април
жанровски конкурс


г:гошевски душко




 

с:секс.грубост.секс.радост. збогување...

12.32
Притаена во еден агол, со раце скрстени околу нозете, со очи полни солзи.Со дланки изнемоштени од триење, поцрвенети од стискање. Неколку помали модринки по бутот на левата нога, сеуште незреани. Ниту ќе созреат.Гребнатина која самата си ја направи трчејќи кон вратата. Мало зарипнато дишење, и издишување, без гласно липање. Немаше омраза во очите, едноставно прифаќање на судбината. Немаше желба за одмазда, не насилна.

12.40
Стана и го погледна своето бледо лице. Без никакви емоции го посматраша нејзиното лице.Смртта и прилегаше, чекаше да биде ослободена. Наскоро…

15.10
Задоволство и мали солзи.Но радосни.Светкаа само во нејзините очи, не се лееа по бледите образи, не истекуваа кон размачканите усни. Блесок во очите, мала насмевка. Вака опуштена лежеше на креветот,Повремено насетувајќи ја слатката одмазда.

15.45.
Стави марки на неколку пликоа и излезе надвор.Се упати кон сандачето.

16.55
Изобличено бледо машко лице.Очи полни неверување и изнеденост.Рацете на главата, повремено кубејќи ја густата коса свртувајќи се кон вратата од кујната.

17.01
Мали хистерични испади со високи напливи на смев. Со силен радиофоничен глас кој удира во мозокот, го предизвикуваше. Го раскинуваше неговото его, ја разбиваше неговата суета.Не беа потребни и шизофрени изрази.

17.12
Безживотното тело, сеуште топло, лежеше на подот на кујната.Нозете свиткани,рацете под телото, очите неверојатно мирни.И ситното бледо лице кое конечно најде спокој.

13.17
Силна тупаница го стиши сето врескање и гризење.Сега ја прифати со двете раце, ја легна на каучот. И ја притисна главата кон перницата и започна силно да пенетрира во нејзе. Со левата рака ја кубеше за косата. Ноктите од десната рака силно беа зариени во нејзиниот бут.

13.18 Пеколот сеуште траеше.

13.10
Камерата беше поставена над каминот, право кон креветот.
13.40 Камерата сеуште мируваше.На прозорецот пушеше танка цигара. Чекаше.

14.15
Чекаше...

14.48
Млад продажен агент беше втурнат во нерпедвидлива љубовна интрига. Неговата збунетост се забележуваше и во сексот.Апсолутно небитно за врелата тигрица која даваше се од себе и повремено погледнуваше кон каминот. Заводнички погледи и исплазен јазик. Кон каминот.Со очи на грабливец силно ја стискајше жртвата.

14.55
Нагли потези и страст која се излеваше од нивните тела. Младичот уживаше и не веруваше на својата среќа. Со што го заслужи ова? Ќе плати подоцна.

16.46
Порака врз масичката и еден диск внатре. - Драги погледај ја снимката. Ја пратив на сите твои пријатели.
П.С Јас сум во кујната.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























































 

  д:дома