2007:март/април
општ
конкурс
а:а.
нонимус
к:куклен
театар
Да се родиш поинаков од
другите, цел живот ќе бидеш тажен.
Да се родиш поинаков во Скопје, ќе плачеш!
Ако си убав ќе сакаат да те ебат. Ако си паметен - пута два. Ако си па
талентиран, а бегаш од вообичаеност - пута двеста.
Сите само сакаат да ебат... а уште мократ врз себе....помочани се
скроз....да не речам усрани до даска...
Самозаљубениот претставник на владеачката класа задоволно се враќа навечер
дома. Го залепува големото возило до живата ограда на неговиот сосед.
Намерно. Го дува носот тука на отворено, се моча во оградата, се драпа за
муда, па ждригнува и при тоа се вади од памет сам од себе. Знае дека
комшијата прикриено го зјапа залепен за прозор со нос, па му го дига
средниот прст и се смее најгласно што може. Влегува во турбо фолк куќата
на 6 спрата, фрла се од себе, се дрекнува по квази-манекенката што ја
прибрал за жена, обавезно ја секса без да извади чорапи и спласнува ко
квасец по завршување на чинот. Празнење. Додека таа му збори за новата
уста која ја направила дента на пластика, тој забрзано и продлабочено хрчи
во такт. Утре е нов ден, нови подвизи го чекаат семоќниот.
Во Скопје паѓа ноќ.
Убава убава прекрасна ноќ.
Соседот го догледува Јанко на Скај Нет. Ја прашува жената дали утре
внуците се на ред да бидат кај нив или кај сватовите. Разводот е лош за
децата. За бабите и дедовците па тешка катастрофа. Синот им скита. Снаата
ги напушти. И домот повеќе не е дом.
Се слуша караница од подалечната куќа. Двајца тазе земени никако да се
погодат. Тој посакува да му се врати мирот пред телевизор, максимално да
се посвети на последните спортски вести; а таа бара внимание зашто има
многу работи кои мора да ги решат: како да се отиде на сведбата во сабота,
дали да се доправи куќата, како ли ќе им стигне платата до крај на месец и
како ли ќе се ослободат конечно од неговата мајка-змеј. Ноќта завршува со
плачење. Секс нема.
Скопје, убава убава прекрасна ноќ.
Во кафанчињата во дебар маало последните боеми со тешко срце се
разделуваат од ракијката. Уште една само бе газда, жити све. Никој неќе да
ги напушти малите слатки кафанчиња исполнети со миризба на печено месо и
компирчиња. И ракијка. А ракијата никако да се допие. Таман еден ќе ја
допие неговата, друг нарачал, па дур овој ја пие неговата нарачува и оној
првиот за да не седи без врска...и така до недоглед...дур некако на сила
не ги истера нештото којзнае што, но никако не полиција, што не се знае ни
како ги истерало, ни кога, а не е ни важно па ич....
Додека се влечат накај дома поминуваат покрај кафаниве за млади...помлади
де, пошто ни они не се стари...убави убави раскошни млади... дотерани,
нашминкани, средени, млади...вреска чудна музика сепак малце потивко пред
фајронт...забрането е да се работи после еден...сите работат после еден,
пари си се пари брат...младите се здрвени ко воштани фигури, оној ја
симпатише онаа, ама таа го сака другар му, кој па сите го сакаат уствари
пошто е позната фаца (многу има такви тука, сите такви се тука баш), ама,
ама, но, бат он е педерче у суштина. Дава да го драпа маже, а сонува за
маж. Не знае ни сам, а не знаат ни тие, чудно баш, кога ли се накотија
толку педери у градов. Мажи нема ни за лек, ни за жени ни за мажи што
сакаат токму маж. Каде ли се пикнал поимот маж? Што ли се случува со
поимот жена тогаш!?
Фонтаната во парк барем вечно си стои на истото место. Сите деца се тука.
Алкохол на сите страни. Пушат. Сите пушат. Грас пушат, трева пушат. Све
пушат. И врескаат по паркот и трчаат наоколу. И се љубат и се тепаат и се
караат и се гушкаат, пијат, се дрогираат и максимално уживаат: излудените
тинејџери кои во средината на градот бегаат од градот во парк.
Во парк.
Во парк.
Во еден од подрумските адаптирани простори баш тука во близина на овој
парк се собрала една такозвана интелектуална сила. Андерграуд скупштина
скупштине. Ќе заседава на битна тема - како да се подигне литературата на
повисоко ниво, како да се спроведе на неоткриени простори. Што е тоа што
ја спроведува на неоткриени простори? Да навлеземе ли малце поединечно во
секој од нив? А? Или?
Или...
Ова не е литература драги мои. Ова се тривијални мисли кои не може да се
третират како литература. Секојдневието носи бедни содржини. Вообичаеното
секојдневие не е тема на авангардниот пишан збор. Но секоја прогресивна
мисла од памтивек била осудувана на пропаст на ова парче ветена земја.
Магична земја. Проклета земја за тие што се раѓаат поинакви тука. Другите,
тие што се помочани, стално ќе се трудат да го уништат тоа што не им е
познато, што не им се повинува, не ги тинтра и не им дава да го ебат. А
сакаат, ќе пукнат од желба.
Ја допушив цигарата. Им го фрлив пикавецот под прозор. Пробав да замислам
што ќе биде вечер со секој од нив. Можам дури и да ги замислам во кревет.
Секој од нив. Да дозволат да осетат 10 посто од она што го пишувам ќе им
се промени нешто. Џабе се трудам, џабе пишувам јас.
Ама не плачам. Никогаш.
Ни-ко-гаш.