т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


а:анета анета




 

р:рај за 10 денари

Се мразам. Кога имав осум години знаев да напишам дека се мразам. Што ли можев тогаш да чувствувам. А се мразев, навистина.
Денес еве пак.
Сонце. Ама пекнало. Пече. Заробена во работа до уши одам до мојата шефица да земам дневница и едвај одам. Се мразам. Мислам да се вратам, па ако треба да цркнам нека црканам веднаш, ама како потоа да купам цигари, па некој вид на леб, и придружни срања, без пари. “Сè се тоа продукти за гомна” ми минува низ главата гласот на еден човек што некогаш го познавав. Заборавен режисер од пропаднат театар. Што ли го натерало да размислува така... И мене како дете што ми текнало баш тоа. Изгледа сум предчувствувала дека нешто лошо ќе ми се случува постојано И сум сакала сè да скратам веднаш, додека не ни почнало.
Треба да се јавам. А треба да се видам и со Мац и Нина... Како? Ај да си ги земам парите.
Еј види, види... овие од некогашните подземни македонски ѕвезди седнале пред Лондон. Над земја. Си пијат пиво. Машала! Гиш пееше за некаква си гитара негова, а овде се пече на сонце и коментира нешто гледајќи ги Нивното височество: Минувачките со кратки здолништа. Овде нешто и Вртев и Гиневски мраморат со него. Ќе помислиш дека прават муабет за возвишени идеали, или бар повишени, уметност бе, за крст на чело, за сеачи и просјаци, а тие троца седнати пред Лондон џаболебарат, гаволчиња земски, уживаат во рекла - казала. Лубов или смрт, години како не, ист е тоа.
Ај да си ги земам парите.
Пред мене плоштадот. Скопје, големото искушение. Други тројца внесени во својата музика, пред Дел Фуфо ги забавуваат минувачите и бараат по некој денар. Јадев еднаш во тоа Фуфо. Со еден Турчин. И една Албанка. Маж и жена. Добри луѓе. Ме частеа. Потоа таа ме избрка од работа оти со мажот ù правев муабет на англиски, а таа знаеше само албански и турски. Мислеше курвиште сум, а да сум зарем ќе чистев станови... Етика и ништо.. А како да се разберам со него кога тој не знае македонски, а јас од турски само јок и т’мн. И остнав без работа.
-Ај да си искупам некој грев, да одам во рајот, бар ако овде на Земјата не ми се падна среќен живот, им оставив 10 денари на свирачите. Никогаш немам давано пари на просјаци, освен еднаш на една баба пред Ајриш паб. Тој ден и потоа неколку денови наебав. Еве сега на групава што пее и свири и пие пиво им давам 10 ден демек нешто им плаќам. Тие на некој начин ги заработуваат. Не е тоа милос. А можам И да не им оставам. Па да видам што ќе ми се случи сега. И почнаа да ми ја пеат Knockin’on heaven’s door.
-Е па да. Тоа правам цело време. Потчукнувам на портите и чекам. А тие не се отвараат. Барам рај за 10 денари. Малку сум скромна. Ај да си ја ислушам песната до крај и цигара да запалам, да уживам малку и јас, па да одам. Овие тројца биле бе. Пак троца. Е а толку прекрасно прават песни. Доволно се значи само тројца.
Ако им оставев 50 денари можеби пет пати ќе ми ја направеја песната. Вака само еднаш.
Одам. Само одам.
Ме фаќа хистерија, депресија, депонија во душата.
Каде е тој, се прашувам. Толку луѓе видов, а него го нема. Сите забрзани одат наваму - натаму. Што бараат? Секој ден наваму - натаму навитина што бараат? Можеби него. А јас не можам да го најдам. Мислам на животот, бе, драги гледачи, на животот. Каде е? Како се стигнува во рајот? Треба за почеток да живееш? Еве ги миљони поданици, зарем знаат дека сè што прават само чукаат на рајските порти. А има ли кој да отвори. Не кради! Не лажи! Не прави прељуба! Покај се за сторените гревови... Се каам. Не дека не се каам. Ама се каам што не крадам оти ќе ми пукне желудникот од глад, а портите тешко денес да ми се отворат за да јадам горе по ливадите. Кој го ебе?
Ќе одам кај Мац, тој ќе ме бакне и ќе ме гушне и Нина можеби.
Тоа ми треба денес. Па човек сум и јас, ебате. И потоа ќе кукаме заедно троцата. Пак тројца. Заедно ќе дремеме денес некое време пред рајските порти.
А утре?
Утре еве ме шетам пред Три Бисери. Направив прељуба, еднаш во животот, сега украдов и пари, цигари и запалка, излажав дека сум на работа, а таму дека сум многу болна. Еве пак чекам да се отворат рајските порти. Ми се приближува еден наркоман. Знам сака да ми ги земе парите и да ме заколе евентуално ако немам. Ама ќе го зафркнам нема да добие ништо. Ми бара цигара. Згрешив. Ќе да му дадам.
-Еве ти две цигари Mallboro и запалка. Јас и онака не пушам такви, Mallboro. Пак сторив добро дело. Да ми се најде за пред рајските порти.
-Колку сум глупава мислам дека само со толку малку ќе се искупам, е па нема. Наркоманот ме следи. Вади нож. Ме турка на земја.
-Дај ми ги парите!
-Немам.
-Од каде Mallboro ?
-Го украдов.
-Лажеш. Не изгледаш на девојка која краде!
-Па добро и позајмувам понекогаш и не враќам. Прости ми! - Ми беше смешно. А бе устата како да ќе ми се расцепеше од смеа.
Некаква сила ми го тргна од грб наркоманот. Сега тој беше на земја а еден му газеше на врат. Пак тројца.
-Сакаш ли да умреш скоту? А? Крадеш, сакаш да убиеш, а сакаш ли да умреш. А?
-Не, се слуша пригушено. Пушти ме те молам. Ќе ù ги вртам цигарите. Еве ги.
Зошто овој би сакал да живее, се прашувам.
-Девојче оди си. Еве ти 5-ка. Фати ја и појди до Центар. Потоа ќе се снајдеш - демек тој другиот спасителот ми објаснува. За да избегам од наркоманот да не ме нападне повторно. Земи го и ножот и брани се другпат - ми вели.
Пак до Центар, си велам.
И пак.
Се мразам. Пак. Сакам некој да ми застане на врат. Направив триста гревои.
И пак во Центар тројката Гиш, Гиневски и Вртев пред Лондон пијат пиво. Некако се свртеле и си ги смениле местата. Сега Вртев се обидува да гледа здолништа. Ама тешко да види нешто. Сонце. Сега на овие лајачиве не им оставам 10 денари. Доста ми беше.
-Зошто тој сакаше да живее, се прашувам сè уште. Еден кутар бездомник, наркоман, крадец сакаше да живее, а јас...
Одам кон другиот Мац. Земам такво нешто, некој прашок. Го шмркам и што? Се смеам.
Пак тројката пред Лондон пие пиво и некако се врти.
Пак лајачиве дрнкаат пред Дел Фуфо и се вртат. И Албанеццот и Турчинката или обратно... И тие се вртат. И сè се врти. И бабата пред Ајриш паб се врти. И наркоманот дојде и тој почна се врти. Со него и спасителот. И шефицата ми се врти. И тркалото се врти и целиот свет се врти и портите се вртат ... И сите се вртат ... Пак имам осум години. Напишав се мразам. Потоа зедов и прашокот за перење на мајка ми го растурив низ целата соба правејќи си снег. Само за мене. Снег. Не ме пушташе надвор со другите деца да не се разболам. Се вртев во собата и си замислував дека лизгам. Како на уметничко лизгање. Паднав, ми се завтре сè. Мислев дека е готово. Сè е готово. Се слушна таков тресок што баба ми и дедо ми од долу ме преколнаа да цркнам веднаш што им го вознемирувам мирот дневен. И цркнав. Така вреснав. Токлу ме болеше. А и ќотекот на мајка ми болеше за прашакот. Едвај имавме за леб. Мислам дека тогаш првпат тропнав на тие портите. И еве сега. Денес. Пак се мразам. Пак прашок, пак се вртам...
Како ли ќе заминам сега? Како ли ќе влезам? Што ми стави овој во прашокот? Смрт... љубов, нож...
И еве пак. Се мразам. Сонце... За да се замине од овде и да се чека пред рајските порти не треба само да се живее. Сфатив. Треба и да се умре.
Едно дете збунето ме гледа. Сигурно се прашува што ми е. Можеби И тоа се мрази. Сака ли да постои, се прашувам. Го сака ли тоа животот. Земам го повлекувам кон себе и го мавам. Го вадам ножот заштита и го забивам во неговиот стомак. Тоа вреска. Значи сака да живее. Што видело па тоа од животот! И уште еднаш и уште еднаш. Молк. Сè се врти. Сонце... снег повторно.
Околу мене се насобираат некакви фигури облечени во црни мантии. Некако лицата не можам да им ги видам. Можеби се тоа Гиш, Вртев, лајачите, што знам? Понеле долги стапови со себе. Ме сардисале од сите страин. Ме бркаат. Одам горе по ливадите, бегам, пасам трева, а тие околу мене, ме чуваат. Не зборуваат ништо. Само ме набљудуваат И стојат така околу мене. Завршува денот.
Ме затвораат во една темна просторија како шталите кај нас во село. Ме претвориле во коза. Сега баарат да им го дадат млекото оти нивно било. Травата што ја пасев нивна била. Плачам. Ме боли, не знам што ама ме боли... Сакам да прекине сè. Се каам, се преколнувам, си простувам. И што следува потоа не сакам да знам.
Ова не е е рајот.
Затвор.
Мрак...
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


















































































































 

  д:дома