т:темплум  


март

с:
стојановски иван


г:
години:24
п:професија/интереси: слободен уметник

к:
каменот на мудроста

Освојувачот го избриша својот скимтар-меч од неговата наметка. Градот околу него беше во пламен а неговата војска силуваше, убиваше и ограбуваше. Тоа беше престолнината на мудреците. Легендите зборуваа дека тој град е неосвоив и дека неговите жители не можеа да бидат совладани. Секој што се обидел да ги освои или останал со нив, или паднал под нивните мудри измами-замки. Ги покоси како трева. Сеќавајќи се на неговите минати подвизи, ова изгледа беше подвиг во кој вложи најмалку напор. Никој од неговите непријатели не се спротистави и никој од нив не носеше оружје. Но беа полни со злато. Освојувачот влезе во храмот на нивните водачи, неговите војници ги беа врзале а тие во бели одори и со златни алки, прстени и ланци на рацете и вратот, достоинствено стоеја.
Првиот што му се обрати му рече: “Ти ја нудиме тајната на вечниот живот. Само ако ветиш дека во моментов ќе не оставиш во мир или ако сакаш стани наш водач. Ќе те опееме во песни и ќе напишеме приказни што ќе ти донесат невидена слава. Перото е помоќно од мечот.”
Освојувачот само му даде знак со поглед, и еден од стражарите го прободе човекот што прозборе во грбот.
“Да ја имавте тајната на бесмртноста немаше да може да умира вашиот народ а тој гине како јаре на колење, ако станам ваш водач тогаш вашиот град ќе продолжи да живее и да постои но тоа нема да го сторам... славата што ја добив кога го освоив градов ќе биде мојата бесмртност. Перото е за оние кои потпишуваат договор со ѓаволот и летаат во облаци, мечот е за вистинските луѓе, оние кои се вистински моќни. ”
Друг од водачите му се обрати: “Што со пролеаната крв поради која не можеш навечер да заспиеш?” Неговата наведната глава освојувачот ја отсече со својот скимтар, ја крена за коса и се обрати: “Навечер не спијам, затоа што тогаш ги силувам вашите ќерки и жени во мојот шатор.”
Третиот од нив му се обрати со зборовите: “Зошто ни го уништуваш градот и не убиваш? Зар не ве пречекавме во мир? Зар не ве пречекавме со храна и подароци? Што сакаш од нас? Ако е злато тоа што го сакаш, блиску сме да го направиме каменот на мудроста со чија помош нашите алхемичари ќе можат да произведат неограничени количевства на злато...”
Освојувачот само покажа со прстот да ги изнесат водачите надвор. Кога излегоа се наведна и од земјата подигна еден голем камен. Го дигна каменот за да замавне и со молскавична брзина каменот го исфрли кон последниот што зборуваше и го остави мртов на место. Му го собра златото од мртвото тело и едноставно рече:
“Ова е каменот на мудроста, што ми дава неограничени количества на злато.”




р:рибата

    Првиот што дојде на земјата, луѓето го нарекоа Вишну. Вишну ја доби туталата на севишен, на бог. Тоа беше така поради тоа што потекнуваше од древна раса и од далечна ѕвезда, и симнувајќи се на планетата земја имаше различни особини од луѓето, особини кои можеа само да се препишат на бог. Неговото тело беше од таква супстанца и материја што иако обично на неговиот домашен свет на земјата имаше поголема физичка сила поради тоа што на неговата родна планета гравитацијата беше далеку посилна а на земјата далеку послаба. Една од неговите природни особини беше да менува тела, односно да менува форми можеше да заземе секаква форма од најмала до најголема. Во една ситоација додека ја имаше формата на риба, беше фатен од еден идијски рибар но за негова среќа и за среќа на рибарот, човекот виде дека тоа е стара и голема риба и ја пушти назад мислејќи дека со тоа го појачува развитокот на рибите во околината и сметаше дека е грев да се јаде таков прекрасен примерок.
    Вишну уплашен од тоа да не заврши на нечија чинија како вечера се појавуваше насекаде низ земјата проповедајќи да не се јадат животните туку само растенијата. Неговиот збор беше прифатен како наредба и од тоа излеагоа многу традиции на вегетеријанството. Светите книги кои зборуваа за него ги нарекоа Упанишади. Некаде е преставен и со знакот на риба и го носеше името Јахве. Вишну не можеше да се репродуцира како нормалните луѓе. Кога водеше љубов со жена, повторно се раѓаше преку новороденчето. 9 пати зазема човечка форма за да им помогне на луѓето да се справат со своите проблеми кои ги нарекуваа зло. Кога ја зазема формата на човекот со сина кожа го нарекоа Кришна и одбра избраник меѓу луѓето наречен Арџуна за да ги научи луѓето како да живеат. Но ги инспирираше луѓето на војување и ропство од проста причина што тоа беа диви времиња и самиот беше млад и неук за начинот на кој треба да живеат луѓето во мир и хармонија, тоа беше темно време бидејќи самиот беше вообразен во својата новодобиена моќ. Во махабхарата и бхагавад-гита се зборува за тоа како Кришна во една прилика водел љубов со неколку илјади девојки истовремено а тоа беше само брзо менување на тела што оддаваше слика дека тој е истовремено на повеќе места. За него времето тече многу забавено во однос на луѓето, затоа и го нарекоа најбрз и сеприсутен. Сите луѓе на земјата од негово гледиште се движат премногу забавено а тој ја има способноста да се движи брзо во однос на нив. Затоа и го нарекоа вечен, бидејќи неговиот животен век иако ограничен на земјата може да трае цела вечност. Старите толкувања тврдат дека неговата раса го поттикнала човекот, а тој беше назначен за чувар на човековата раса. Имаше и такви како Гилгамеш од Сумер, и Александар од Македонија кои себе сакаа да се прогласат за полу-богови, синови на богови, или богови но тоа беше во времето кога Чуварот го носеше името Зевс и којзнае како уште го нарекуваа насекаде низ земјината топка. Некаде го обожаваа како демон но тоа беше поради неговата моќ и поради тоа што луѓето толкуваа дека бог е невидлив и милостив, а Чуварот знаеше да биде строг и страшен. Учејќи и од луѓето да се усоврши го отфрли насилството, уништувањето и злото и се сврте кон љубовта. Неговата последна инкарнација и аватар за кој имаме податоци е Исус или Јешуа од Назарет, чуварот тогаш ја сврте својата моќ кон исцелување, духовен развој и просветлување на луѓето преку верба. Се скри зад термините свет дух, и татко-бог, и се нарече себеси син. Можеби тие термини се синоними за неговите претпоставени но проповедаше братство, љубов, сочувство и верба. И вети дека повторно ќе се врати, како што секогаш се враќа. Но овојпат вети дека тоа ќе биде време на уништување и хаос се до моментот кога ќе се отвори небото и избраните ќе бидат примени во небесното царство. Тогаш Чуварот помисли дека ја достигнал својата цел и дозволи вистински да биде убиен од луѓето. Распнат на крст. Велеше дека со таа негова смрт ќе ги земе гревовите на луѓето но всушност самиот дојде до сознание дека умира поради гревовите што самиот ги предизвикал. Но тоа беше само залажување. Чуварот некаде на својот пат мора да беше сфатил дека не може да биде убиен на земјата и затоа “воскресна” по три дена. Неговата енергија е огромна но конечна. Поминаа 524 127 години отткако “умре на крстот”, нашето сонце почна да ја губи својата енергија. Нашиот развиток го достигна нивото на кое сме возвишени во моќ и знаење а сеуште се нарекуваме луѓе. Успеавме да го најдеме Чуварот бидејќи нашата технологија ни обезбеди брзина. Како казна за неговите недела, го затворивме во енергетска сонда и ја споивме со јадрото на нашето истрошено сонце. Тоа ќе биде неговиот затвор и воедно наш извор на живот и енергија. Чуварот конечно го доби местото кое го заслужува, стана севишен и обожуван. Го најдовме начинот да ја пуштиме рибата во рибник и сепак да ја изедеме.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



















































































































 

  д:дома