т:темплум  


март

с:
спирова лиле


г:години:20
п:професија:студирам општа и компаративна книжевност.
н:нешто за себе:алергична сум на пчели. Се нервирам кога доцнам и сите семафори ќе ги фатам на црвено. Многу сакам јагоди, ама алергична сум и на нив, па затоа повеќе јадам портокали и цреши Како мала многу сакав цртани. И сега ги сакам. Немој да мислите дека се фалам, ама жител сум на најубавото кралство.



г:гробницата во театарот

  Земјата беше сува без никаков живот во неа. Како да беше проколната засекогаш да остане јалова. Наликуваше на пустина. Слаба светлина одвај ја осветлуваше само колку да се видат движечките фигури. Тоа беа млади скелети кои се движеа во чудни правци. Со погледот кажуваа дека не знаат што понатаму. Нивните чекори не оставаа траги. Коските им беа суви, а устите без здив само со празни зборови кои се бореа со другите шумови. Се распознаваа по плочката која им висеше на градите. На неа беа испишани нивните имиња со големи букви. Лицата им беа страшни, затоа ставаа маски да им се допаднат на другите. Се натпреваруваа меѓѕ себе кој ке биде подобар, притоа не почитувајќи никакви правила. Секој гледаше да добие повеќе грижејќи се само за себе. И од сцена во сцена стануваа се почудни и почудни. Колку повеќе придобиваа од времето, така нивните коски се распаѓаа. Некои скелети имаа сила само да се влечат по замја. Во позадина се создаваа крици кои беа болни за слушање. Маглата стануваше се погуста и погуста. Видливоста се намали. Во последната сцена се виде светлина од која сите скелети паднаа на коленици.
  Тука беше крајот. Крајот на преставата. Се спушти завесата. По неколку минути се вклучи светлото и актерите излегоа на бината. Се поклонија до земја. Публиката беше воодушевена. Сите станаа на нозе и долго плескаа со рацете. Сакаа да ги наградат актерите кои навистина вложиле многу во преставата.
  Театерот беше голем, со стакла кои ги красеа неговите ѕидови. Имаше луѓе од различни возрасти. Усните на жените беа намачкани со црнен кармин, а на вратот им висеа гердани. Изгледаа убаво, зошто сакаа да бидат видени во најубавото од себе. Го сакаа мирисот на театарот , внесуваа дел од него и во нивноит живот.
  Актерите пак со голема насмевка се поклонуваа пред публиката. Нивните срца беа исполнети со гордост и среќа зошто добро ја завршија работата. Не се опишуваше среќата која лебдеше оклу нив. Дојде мигот за кој сонуваа додека беа деца. Во оваа вечер славата слета на нивните дланки. Се поклонија за последен пат и ја напуштија сцената.
  По преставата направија забава. Се собраа сите . Отворија и шампањ. Главниот актер одржа говор во кој им се заблагодари на оние кои допринесоа се да изгледа беспрекорно добро. Долго во ноќта луѓето уживаа во меѓусебните разговори. Некои се насладуваа со флертување, како забрането им се виде послатко. Беа тоа мигови во кои го величеа животот.
  Некаде во позадина седеше тој. Беше тивок. Ја гледеше преставата со голема заинтересираност. Во погледот можеше да му се забележи дека не му е се едно од тоа што го гледа. На некои сцени му се јавуваа и грчеви по лицето. Но молчеше. Чекаше до крајот, мислеше некој ке се сети на него. Но не, ниеден не се заврти да го погледне. Толку беа занесени што заборавија да му одадат почит и чест на најглавниот. Тогаш тој стана и зачука силно со рацете. . . . . . .

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


































 

  д:дома