т:темплум  


март

м:
момировски филип




а:автентично

  Девојката наеднаш се смееше гласно и меланхолично. Младичот и' се придружи.
  “Се присеќавам на средношколските денови. Тогаш знаевме многу работи и не правевме ништо детинесто. Љубовта беше сфаќана сериозно.”
  Утредента, се шетаа низ паркот, купија крофни и подолу ги фрлаа во устите на патките. Седнаа на клупата пред езерото. Девојката забележа дека младичот си ја проветрува кошулата.
  “Што ти е, топло?”
  “Жабрите”, рече младичот и извинувачки се насмевна.   “Имам жабри на градите.”
  Невиноста што се појави на неговото лице направи девојката да се насмевне со љубезна тага. Тој ја повлече раката од нејзината рака.
  “Жабри?”
  “Да.”
  “Како тоа?”
  Тој продолжи да се смее, од непријатност. И таа се смееше, следејќи го. Потоа младичот рече:
  “Кога се слекувам, жабрите на моето торзо се затвараат грчевито, како огромни претпазливи клепки.” Потоа ја наведна главата.
  “Сакам да те прашам нешто”, рече девојката малку подоцна.
  Тој го подигна погледот. Таа погледна накосо и надолу. Грбот í беше сосема исправен.
  “Какви чувства ти предизвикува оваа помисла: во билокоја животна ситуација може да се обезбеди филозофска причина за да се биде среќен. Дали таа работа, работа на извесна волја, може да те направи дотолку неутешлив?”
  Тишина.
  “Јас сум можеби малку депресивна. Размислувам дека човекот во депресија ужасно сака неговата болест да биде потврдена како негова личност, нешто автентично, да не му биде речено оти тој е некој друг што не е депресивен, туку дека е токму овој што си е. Луѓето се опираат на таквите зборови зашто да го кажеш тоа некому значи да му дадеш огромна слобода. А секој вистински ослободеник е тиран. Дури и тиран во добрина. Светот се чувствува неудобно носејќи ги во себе.”
Таа молчеше и гледаше во асфалтот. Потоа ја позеде раката што лежеше на коленото до неа. Не пуштајќи ја ниту за миг го одведе младичот во нејзиниот стан.
  Кошулата падна на подот. Девојката го погледна осамнатото торзо. Ги затвори и отвори очите, самокритично.
  “Немаш ништо таму,” извика.
  Младичот се струполи на подот и почна да плаче од гнев и очај.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




















 

  д:дома