т:темплум  


март

л:
лоповски мамерин


п:
професија/интереси:улежан основец со веб блог на рамо
д:досега објавено: десетина статии на багра, и уште многу постови на блогот Trickery
н:нешто за себе:ама баш ништо
e-mail:
Darkoman@cable.com.mk



s:smooth criminal


Се разбуди утрото, со потсредени мисли околу тоа што се случи минатата вечер. Во главата му одѕвонуваа тие неколку минути, во кој ги загуби и последните банкноти во својот џеб. Влегувањето во казиното, и неколкуте виски што ги испи, додека чекаше да почувствува дека е вистинскиот момент да се впушти во потрага на единственото нешто што го прави среќен- парите. Онаа огромна табла, и коцката кој толку пати го имаат изневерено... Но, не е прв пат. Си помисли и почна безволно да ги пакува куферите, мислејќи каде ќе го продолжи својот беден живот. Коцкајќи се, го изгуби и станот, па имаше лимит до единаесет часот да го напушти. Но, тој беше спремен да го направи тоа и пред истекот на рокот. Час порано или покасно, во дадениов момент немаше баш никакво значење. Но, мислите и понатаму беа фокусирани на тоа што се случи. Не тагуваше по својте пари, туку едноставно беше лут самиот на себе. Си вети дека никогаш нема да се обиде да се врати во таа машина која ги прегазува сите. Машинеријата која уништила личности но и цели генерации.

Ги стави и последните резерви на храна и тргна. Во станот останаа само уште неколкуте книги, испишани со белетристика која сега изгледаше неверојатно бедно. Затоа не ја ни понесе. По пат го сретна и човекот кој му беше најдобар пријател, пред да се здружи со коцката. Му беше срам. но сепак се реши да пријде и да започне некој безважен дијалог. Никогаш не се знае, можеби ќе се најде некоја работа или сожалување. Но, човекот на кого му се обраќаше, само немо го гледаше и молчеше. Ликот изгледаше познат, но од каде. Најпосле, и коцкарот застана и забележа дека соговорникот го гледа чудно. Се претстави, а неговото име го чувам во тајност. Ќе го викаме коцкарот, како што го нарекував и до сега. И, соговорникот го препозна својот училишен другар. Но не се израдува на тоа. Коцкарот изгледаше толку бедно и пропаднато, што изгледаше страшно дури и кога соопштуваше добри вести.
Ништо од надежите за сожалување и помош. Продолжи понатаму, барајќи празен подрум или место во кое ќе се засолни.

Минуваше многу улици, и со срце го чекаше секој нареден свиок надевајќи се дека токму таму е тоа што го бара. Така стигна и до маалото каде што ја помина младоста. Брзо избега оттаму бидејќи се плашеше дека некој од неговите родители е сеуште жив. На заминување од дома, татко му го замоли само едно: Да не му излегува пред очи, па макар и по цена на животот. Така продолжи, со часови немаше ништо, а најпосле го пронајде своето катче каде што ќе остави дел од животот. Напуштениот подрум на една зграда. Ја скрши вратата и се увери дека внатре човек нема влезено со години. Најде неколку неупотребливи предмети, како и стар, но за него корисен плакар. Набрзо најде и картон, кој би требало да замени постела, а вратата ја доведе во ред. По неколку дена најде работа како чистач во една фирма во близина. Зарем еден толку млад човек заслужи вака беден живот. Зарем и неговите врсници со толкава мака успеваат да се изборат за беден оброк? Но, и покрај тоа, тој немаше право да се пожали, од единствена причина што самиот си го направи тоа. И до кога вака, најверојатно е следното прашање? Се додека не се избори за поголема сума во својот џеб. Подоцна ќе ја проба среќата, а по тој облог, можеби веќе никогаш работите нема да бидат исти.
Којзнае.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања










































 

  д:дома