т:темплум  


март

к:
ковачевски марко



п:помеѓу
(едноставно, урбано, можно)

  Тој ден почна обично. Кога ќе размислиш малку обичноста не ти е различна од безличноста.
  Седев сам и размислував за одминатата ноќ.
  - Ноќта беше сува и спарана, воздух земав на рати, а сепак уживав во сопствената самотија. Потоа ислегов надвор. Можеби кратка прошетка ќе ме наполни со кислород и ќе можам да заспијам, ќе ми помогне да потонам. Излегов од мојата зграда и продолжив низ улицата надолу кон паркот, не беше доцна, но, сепак чудно немаше никој надвор, никој наоколу. Се обѕирав лево-десно да видам некој човек како ме одминува, некое куче или мачка сеедно да ми го одвлече вниманието. Немаше никој, бев сам. Продолжив со надеж дека одеднаш ќе се најдам помеѓу многу луѓе. Градот беше нем. Ме обзема страв, зарем можно е во моментов да сум еинствениот будала кој шета или кој е буден, немаше никој. Градот беше нем, пак.
  Се движев полека, без некоја посебна цел која треба да се освои, сакав само воздух. Дишев колку што можев повеќе, како да си претплатен на дишење воздух, небаре некој ќе ти го скрати тоа задоволство.
  Веќе бев навлезен длабоко во паркот беше чудно, немаше никој, но како што ги одминував дрвјата почнаа да ми личат на луѓе, одеднаш се најдов во блескав простор обиколен со многу луѓе, сите беа облечени свечено но некако беа чудни. Еден човек на страна беше пожив од другите, ме поздрави и ме повика до себе, се приближив и видов како тој човек беше таа. Со неа имав незавршена приказна некаде во минатото. Минато кое беше зад мене, но сепак постоеше. Веќе не бев сам, се почувствував како се она што го сакаш да е околу тебе... бев уморен од животот!
  Се гледавме така долго време, не изустивме ни збор. Чувствува дека било каков збор да изустам ќе биде небитен. Истото го помисли и таа. Потоа таа ја зема мојата рака и ја стисна во нејзината. Сиот тој блескав простор во тој момент се врати во времето на моето постоење. Се најдов седнат навален на едно дрво. Погледнав нагоре, а небото беше преполно со ѕвезди. Станав полека и тргнав назад. Повторно се беше празно, градот беше нем по не знам кој пат. Низ главава ми се вртеа две мисли, има љубов, нема љубов! Бев полн со кислород и веќе мозокот ми работеше под полна пареа.
  Потоа настапи утрото. Обично само по себе. Безлично по својата конструкција. Целата куќа мисрисаше на ваниллин шеќер, беше прекрасно, знаев дека ова утро мојата газдарица прави нешто слатко. Одеднаш безличноста доби лик.
  Собата во која живеев беше малечка. Еден прозорец кон југ каде летните денови само јас знам како ги преживував. Тие спарни и тешки летни денови беа понекогаш неподносливи. Сепак беше моја единствена опција за мир. Растурена и неуредна, се беше натрупано, едно врз друго, сепак, јас се снаоѓав во тој мој сопствен хаос. Уживав во него. Знаев во секое време што каде е и без поголем напор наоѓав се што ми е потребно. Ме излудува кога некој ќе се обиде да го поремети тој мој хаос, кога некој со сила ќе се обиде да воспостави “ред”. Излегов на балконот се навалив на оградата, иако знаев дека тоа е секојдневна навика, веќе го пиев утринското кафе. Размислував сам, размислував за одминатата ноќ. Ноќта беше сува и спарана, воздух земав на рати, а сепак уживав во сопствената самотија...
  - Страшно маѓепсан круг.
  Не дозволувам да ја убие никој оваа моја спокојност, оваа моја креативност од досада.
  Време е да станам и да погледнам надвор, па дури никој да не се трогне од мојата неприсутност, од мојата повлеченост, од мојата самотија. Ќе излезам надвор, решив. Колку повеќе уживаш во самотијата и повлеченоста, толку повеќе те голта те влече во неа, стануваш едно со самотијата, стануваш САМ. Решив дека треба се да се стави во минатото, да не се заборави туку за разлика од хаосот во мојата соба, уредно да се спакува и да се остави во некоја уредно средена фиока на потсвеста. Да се продолжи напред. Тоа е предизвик. Добив желба за живот добив желба... не бев уморен од животот, напротив му се радував. Се доби лик, обичноста стана необична, безличноста доби лик, се разбуди волшебното во мене. Почнав да сонувам, сонував за живот. Сонував за предизвици, сонував за сите кои од брзање во животот сонот не им паѓа на ум. Станав и решив денес ќе биде поинаку, денес ќе му се радувам на светот, денес светот ќе сфати. Влегов во мојата соба некаде под сите душеци и алишта ја имав ставено (заборавено) мојата сенка, ја земав со себе и излегов надвор. Се радував, се смеев, трчав, го крадев времето, уживав, дишев, бев жив, бев ЈАС. Јас и мојата сенка.
  Кога се стемни и кога веќе ја немаше мојата сенка, кога изчезна заедно со светлината, сфатив, повторно бев сам...
  Тој ден беше сосем обичен ден...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



























































 

  д:дома