т:темплум  


март

џ:
џуровски борче


г:години: 17
л:лична страница: www.asfaltce.blogspot.com



м:мојата... ова де, нашата прва колиба

  Беше петок. Месец седми. Таа ноќ не беше како и сите други, таа беше посебна... Истата вечер променивме доста игри, што не беше својствено за нас, игравме посебна игра секоја вечер.
  Аааа, да... Се сеќавам дека беше полна месечина, ни ги осветлуваше детските сурати и + истата не беше пожелна за успешна криенка. Барањето завршуваше побрзо одошто обично.
  Решивме да престанеме со игра и да се собериме во нашето скривалиште.
  Ние, од нашето маало, имавме среќа бидејќи тоа беше всушност детската градинка, поточно една цементирана дупка. Веднаш до неа се наоѓаше котелот за нафта. Сигурно и ова наше скривалиште било за таква намена, но ете, за нас било печено. Се собравме и почнавме со разговор... Разговаравме за тоа да направиме нешто ново, неизживеано. Иако бевме мешани генерации, првачиња и вторачиња, добро се сложувавме. Почнаа сите да даваат по некоја идеја, да отвориме фабрика за оружје, да им објавиме војна на соседното маало и се некои такви предлози. На крајот Славчо го даде најдобриот предлог- да правиме колиба! Тоа беше гром од ведро небо за сите. Му честитавме за идејата, ја прифативме и на крај го прашавме од каде ја добил. Ни кажа дека татко му му раскажувал како тој како мал имал колиба на дрво... Ни кажа и дека веќе неколку денови правел планови и пронашол падната бандера, кој а би учествувала во изградбата. „Копиле!“ - помисливме, неколку дена планирал, а нас ни збор. После тоа, почнаа плановите за изградба. Се јави Јовче, беше поголем, (второ одделение, но два пати посетуваше забавиште) -“Утре е сабота, татко ми не е на работа, ќе го прашам дали може да ја донесеме паднатата бандера од соседното маало, и да ги поставиме темелите“. Толку за таа ноќ. Веќе беше доцна да се размислува за нешто повеќе. Секој си го чу повикот на мајка си за в кревет. Таа вечер единствено за што размислував беше колибата. А се кладам дека сите што беа пристуни не беа рамнодушни таа вечер. Утрото едвај го дочекав. Ги извадив џиновските гурели во дел од секундата, и после уште една секунда бев на местото каде што ќе се гради новата колиба. Таму беа Јовче и Славчо.
  “Касниш“ - ми рекоа, “Ние сме веќе еден час тука, туку то не е битно.„
  “Битно е дека тука ќе ја градиме“. Попладнето татко му на Јовче го исполни ветувањето и ја довлечка бандерата. Истиот ден ја исековме на парчиња и ги поставивме темелите. Наместо јагне, како што е адет да се стави во темелите, ние ставивме мачка. :))) Се договоривме да ја направиме од штици, па најлонска облога и на крајот да биде обложена со трска, да изгледа како вистинка колиба. Толку за тој ден. Осетив како за еден час да зајде сонцето. Сите ја мразевме ноќта. Тогаш, таа ни беше најголем непријател. Чекавме да изгрее сонцето и да се нацртаме кај започнатата „градба“.
  Наредниот ден успеавме да ги закоеме штиците и да се снабдиме со доволно трска да обиколи целата. Откако бидна се` околу градбата, дојдоа нашите обврски, да се оплемени од внатре. За почеток најдовме неколку трупчиња за седење, малечка масичка и најважно од се`, најдовме печка. И тоа од ламарина. Беше целата скршена. Очигледно некој за последен пат ја користел оваа година. Но успеавме да ја “закрпиме„ и ја поставивме на средина на колибата. Во истата го стациониравме и сето оружје (тенгала и пацки, и тоа додека траеше летото). Баравме нешто за по ѕидовите. Па дење правевме „мечка“ на секаков вид рекламен материјал, а ноќе на маса одредувавме кое ќе го ставиме да ја краси колибата. Имаше секакви постери. Од пејачки кои ќе гостувале по кафани, лифчиња со секакви натписи „дуќанот се издава“, “дуќанот е преместен одспротива“, “работно време од 08-15“- секој успеал да донесе по нешто, макар и бескорисно. Решивме да го поставиме плакатот од Благица Павловска под чија слика пишуваше „Сабота 21Ч Хотел Европа - Отешево“ и еден каталог од сладодеди кои стојат до секој фрижидер. И така се собиравме ноќе и со прстот си покажувавме кој сладодед ќе го купиме идниот ден. Но и покрај сето ова, имаше проблем со седењето бидејќи седевме на дрвени трупчиња. До душа имаше една детска фотеља, што ја најдовме фрлена од детската градинка, но таа беше за посебна намена - на неа можеше да стои само една особа, и тоа се менувавме секоја вечер. Тоа ни беше како некој престол. Истата беше поставена до печката, така што во зима на неа беше најтопло, а богами беше и најудобна. Се сеќавам кога бев јас на ред за седење. Не сакав таа вечер да заврши и да ми помине редот. Се случуваше моите да ме викнат и по 10-тина пати за спиење.
И така успеа колибата да проживее солидни 6 месеци, додека едно зимско утро не ја најдовме затрупана во снегот. Беше рушена од непознат причинител. Се даваа само претпоставки за тоа кој ја кутнал. Успеавме да санираме нешто од штетата, па идното лето направивме нова.
  Но ниедна не беше како оваа, ниедна не беше прва...
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
































































 

  д:дома