т:темплум  


март

а:
атанасов јане


п:професија:дипломиран економист
х:хоби:радиоаматерство, шах, риболов... собирам поштенски марки (ги имам преку 2000, а не знам што со нив!)
д:досега објавено:пишувам одамна, од скоро сите области на литературата. Долги години бев соработник на “Остен”. Објавено 3 книги. Објавувано по весници и списанија (најчесто хумористични текстови) - прилично.
e-mail: z35g@mt.net.mk



д:дремка

  Ме нападна дремка. Ме начека неспремен па ми се нафрли. Агресивно и бесрамно. Ми ги затвора очите, ми ги затина ушите, ми го заматува мозокот... Ме замотува во некаква магла од свилена пајажина. Во носот ми дува мирис на тукушто испеглан чаршав, под телото ми поттура душек, мек и дебел како стог сено. Романтична песна, со тивок приспивен звук, ме понесува на своите сивкасти крила; просто го чувствувам нивниот скокотлив допир. Целото мое битие бавно пропаѓа во провалијата на сонот, како превртен чамец во вода.
  Само неколку будни мозочни клетки емитуваат предупредувачка порака: морам да останам буден, морам да останам буден, морам ... да ... спијам.
  Ммммм.



с:светла среде бел ден

  Токму кога донесов дефинитевен (уф колку многу го мразам зборот дефини-тивно, поради тоа што го употребува кој стигне и каде стине!) заклучок дека, меѓу овие седум милијарди луѓе, не остана човек, зацрцоре славејчето што ја има улогата на ѕвонче на влезната врата. Кој ли ѕвони (ѕвончето го заменивме со славејче, ама ајде кажи: славејчува?!) во ова време? Инкасатори, полиција, некоја сосетка што дошла “на кафе” за да испуши некоја цигара иако знае дека во нашиот стан не се пуши, некој питач, некој што бара да му се објасни, напише или преведе нешто бесплатно ...
  Пред вратата стоеше појава за која, покрај сета добра волја, може да се употреби само именката човече. Живе некаде во маалото, го среќавам често. Беше тоа едно од оние човечки суштества за кои мајката природа, судбината и транзицијата добро се потрудиле. Изгледаше бедно и жално. Какви ли желби има оваа напатена душа? - си помислив.
  - Комшија, ви светат светлата на колата. Слезете да ги изгасите - рече кратко и тивко пред да стигнам да го прашам што сака.
  Ете ти сега! Светлата на колата! Со денови собирам примери, од сопствено искуство но и пошироко, од кои недвосмислено се гледа дека никој никому не му мисли добро, дека дефиницијата на Хобс “човек на човека му е волк” во денешно време е само обична бајка, дека секој е спремен да ти подметне нога и да се сити на твоите маки, дека ... Кога, наеднаш - Светлата на колата! Човекот се качил дури до четврти спрат за да ми каже дека сум ги заборавил вклучени светлата ! И, што сега? Дебело аргументираниот заклучок за немањето човечност меѓу луѓето наеднаш срамежливо се повлече пред овие еноставно изговорени и со ништо не условени зборови. Светлата на колата!
  Море, светло очите да не му видат на оној што донел вака апсурден закон, да се палат светла среде бел ден - татнеше во мене. Наместо тоа, совладувајќи ја лутината, само реков: “Фала ти, комши”. И побрзав по него. А тој, слегувајќи по скалите, додаде тивко, како да се правда: “Видов како светат светлата, па си реков да ти кажам, да не се испразни акумулаторот”. “Фала ти, уште еднаш” - реков уште еднаш, не наоѓајќи поприкладни зборови..

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања










































 

  д:дома