п:велјановски петар
ЛИНИЈА
Острото сечило на рамнодушноста
го кини сиот мој блесок.
Нетрпеливоста на духот
ме прави ранлив.Погоден од сиот отров
на овој свет,
ја допирам грациозноста
на суетата.
Се екскрецирам од ова тело
принудено на живот и радости,
загризено од луцидниот неспокој
и гламурот на љубовта.
Прагмата ја нема повеќе,
когитао, испари со неа,
останаа само невидливи сенки
кои ја оцртуваат мојата инертност.
Лебарката се породи,
звуците исчезнаа,
се беше како на почеток.
Безначајноста на животот,
конзистентноста на предметот
не се повеќе релевантни,
се издигнувам над сето тоа
без никаков елан.
Летаргијата ги надмина моите
очекувања.
Благословен од фатумот
го следам својот инстинкт,
заведен од насмевката на срамот,
се плашам да продолжам.
Сивилото на часовите
го поттурнаа мојот од
кон својот антипод.
Лагуната на безвремието
се рецидивира
покрај тенкиот слој трепки,
правејќи го семиозисот заокружен.
Се појави гавранот на среќата
летајќи наопачки,
клунот му испаднал,
но тој е среќен поради тоа.
Уништувач на светот
Растргнат од две страни.
Скараден во секој поглед.
Молчелив кога несакам да бидам,
стварен како никогаш досега.
Боловите допираат со смелост
која не припаѓа на светлината,
крутоста веќе одамна
се претвори во стерилна маска.
Сонувајќи се удавив,
да и се вратам на
неснаодливата претенциозност
претворена во глувост,
да се вратам назад,
назад во ароматичната веселба
на смирената моралност од која
толку долго се обидував да избегам.
Скриен како фриволен сомнеж,
од кој излегуваат строги јадови,
го засладувам скротениот здив
на слепата надмоќност.
Згазен од почетокот
на нови литании,
втурнат во сурово лесна
фантазмагорија,
се обидувам да звучам
како безнадежен оксиморон,
кој играјќи со своите еуфемизми
бара модус за сопствената
гнилост.
Ловот на страданија го повлече
управувањето на очајот кој
се провлекува во тивкиот
егзалт на онтичкиот квијетизам.
Смислената надеж, затреперува
со перпетуитет кој драконски
ја повикува стоичката насмевка
да го затрудне безмилосниот
анахронизам.