т:темплум  

 

s:silence



т:таа и тој

Таа беше капка роса која ја гасеше неговата жед
Тој беше трагач по малите тајни
Таа го зароби неговото срце,го стори мед
Тој се заљуби во нејзините очи сјајни
Таа замина,бараше живот среќен
Тој го проколнуваше животот без неа,умираше тажно
Таа го остави во неговата душа погледот вечен
Тој го гледаше светот со гнев и лага,за него се беше лажно
Таа сега е скриена во некоја туѓа душа
Тој се бори против бранот на љубовта темен
Таа нечии усни до крајот на животот ќе слуша
Тој ќе остане окован во синџирите на суровиот живот земен
Младоста пред нив брзгу протекува
Тој се крие зад спомените мили
Таа секоја вечер иднината ја сонува
Тој е при крај,не може,го напуштаат неговите сили
Таа се буди,гласот на новата љубов однекаде одѕвонува
Љубовта нивна умира,во бездната на заборавот полека истекува
Тој гледа нови цвеќиња пред него како венат
Таа ја разубавува градината шарена и бујна
Тој сака нов живот,силите на радоста не можат да го кренат
Таа лебди над успехот,пред неа поминува љубовта стара и повеќе нечујна
И кога повторно ќе се спојат нивните тела
Темните гласови ќе запрат,ќе стивнат
Од светлината при допирот нивен ќе протече љубовта цела
Нивните души во небесата ќе се вивнат
И се ќе биде како некогаш
Таа или тој,еден ќе го грее среќа
Неизгаснетиот архаичен љубовен жар ќе гори засекогаш
Во темнината,покрај замокот на љубовта ќе гори уште една свеќа
Но зад сенката на тагата се крие светлината
Еден ден некој ќе говори немо за нив
За таа и тој,оние кои ја убија болката во темнината
Во љубовта слепо се сака,никој не е крив

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања








 

  д:дома