т:темплум  

 

а:андреј романов



р:реинкарнации

Во најмала рака навистина е тешко да се пишуваат глупави книги за реинкарнации. Знаете реинкарнација прв, втор, трет, четврт и петти дел. А ете мене лично таа тешка глупост речиси ми успеаа. Сакаш вервај ме, сакаш не, еве ме мене Андреј Романов роден во Прилеп, земјата македонска, фино си живеам во Рок Сити, градче од 5000 жители во гордата, башка голема сојузна држава Пенсилванија, USA.
Велиш како стигнав довде? Прашуваш што работам? Ништо, не сум будала да работам. Писателите како што еднаш фино забележа Марк Твен никогаш ништо не работат туку цел живот само се заебаваат. На кој што му е криво нека си пиши жалба во писмена форма до Трите Наречници. И нека излигај една црвена таксена марка од пеесет денари, та сетнем нека ја залепи на жалбата.
Еден ден легачев покрај базенот( обично легачам, ме мрзи ебате да пливам) кога слушнав како некој ми ѕвони на врата. Ми светна дека гарант е некој тип што продава правосмукалка на даљинско. Со оглед дека за тие работи е задолжена жена ми, бистро заклучив дека најдобро е да не станувам. А искрено ептен ме нервираат сите најнови изуми на технологијата, науката и големиот човечки прогрес. Еве земете ме на пример мене. Шо ако сум роден во една од технолошки& научно најзаостанатите земји, да не ми фали нешто а? Ништо. Туку овој легна на ѕвонче. Динг- донг, донг- донг, сакал- нејќел морав да станам. Се дотркалав некако до вратата. Ја отворив и. . . Спектакл! Пред мене стоеше старец со разбушавена бела коса, со ќумур темна кожа, облечен во шарена мантија( одлични бои портокалаво, лилаво плус жолто поиднипати) која се спушташе до земја и со последните, можи десетина сантими го забришуваше мојот праг. Пред да му речам дека денес градов е сигурно многу почист, барем на оние места каде што тој поминал, дедово ме запрепасти по втор пат. Ги склопи дланките,неговото тело пополека се превитка како глуварче на пролетно ветре, а наместо неговото лице пред мене се најде коренот на неговата бела бушава коса. Ебате, ко во Индијана Џонс двојката! Знаете она откако Харисон Форд заедно со она кинеско детиште ( Doctor Jones no parachutes, no parachutes!) и певљката со гумен чамец ќе скокне од авионот, па ќе падне на некој снег и после ќе се нурни во водата! Сетнем малку рафтинг, паѓаат по водопад, и на крајот влегуваат во некое мирно поточе. И тука со склопени дланки им се поклонува еден ист таков каков што е овој кој што сега е кај мене пред врата!
Таман сакав да кажам нешто како здраво, добар ден, или Дали може да ви помогнам( последици на мојата јенкизација), старецот ме претица:
- Господине Романов, знаете јас ги имам прочитано сите ваши книги.
- Мислите сите пет.
Обожавател. Лесна работа. Одма ќе го откачам: Господине, му реков, доколку имате кај себе примерок од некоја од книгите со задоволство ќе ви ја потпишам.
Секогаш сум љубезен со моите обожаватели. Дури изнајмив една студентка да одоговара на мејлот кој беше поставен на мојата веб страна.
- Јас не дојдов за тоа господине. Знаете, целта на мојата посета е сосем поинаква. Јас дојдов да ве замолам да не ја пишувате вашата шеста книга за реинкарнациите.
- А?
- Токму така. Мислам дека вие господине Романов давате сосем погрешна претстава за овој феномен. Кратко кажано една длабоко филозофска дилема ја поставувате и претставувате во погрешно светло, површно и сензационистички.
Да беше жив Род Серлинг, авторот на Зона на самракот од овој настан ќе направеше одлична епизода во својот серијал. Можеби еден ден ако се снима продолжение на X- фалјс ќе успеам да им продадам сценарио за една епизода на момците од оваа екипа. Велам еден ден. Ама сега. . . Сега посакав да седнам. Пред очите почнаа да ми играат црни точки и чудно( ама вистинито) добив желба да пливам во базенот.
Знам дека по некое време( десет секунди, десет минути, еден сат?) се најдовме во мојата соба со компјутерот и книгите. Јас пиев кока- кола и крајно неуспешно се обидував да се соземам. За тоа дека треба да започнам да ја пишувам мојата шеста книга за реинкарнациите знаевме само јас и мојот агент.
- Премногу пиете кока- кола господине, ми рече мојот гостин. Знаете многу газирано не е добро.
- Кока- колата е најздрава работа во светот,само што. . .
- Тоа уште не е докажано!
Се посрав од страв.Од кај знај дека редовно и го велам истото на жена ми кога ќе ми каже дека не треба да пијам толку многу кока- кола? Леле мајко! Шо е ова? ЦИА? ФБИ? Па јас редовно плаќам данок.
- Не плашете се господине, јас не сум никаков државен службеник- рече чичево на кое што му го имав стравот како да е професор по математика. Еве вие веќе живеете пристојно, мислам имате убава куќа, убаво заработивте од вашето, да речам пишување.Па така ние решивме да ве замолиме да престанете со вашето лошо објаснување, мислам со изложување на вашите погледи за Реинкарнацијата.
- Кој е ние?
- Да го оставием тоа за подоцна. Да бидам поконкретен, зарем не мислите дека е малку чудно да тврдите дека Том Круз во наредниот живот ќе се реинкарнира во слон на Тајланд?
- Мислам дека тоа беше Џон Траволта.
- Том Круз, Том Круз, леле не паметите што сте напишале- рече старчево. Ко да сетив во гласот ситна нотка на плач, што малку ме охрабри.
- Па добро, сеедно.
-Како сеедно?!- подвикна мојот чуден гостин. Стана и тргна накај мојата полица со книги. Како да бил тука цел живот, раката прецизно ја насочи кон светло- портокаловиот комплет составен од пет книги. На нив пишуваше Reincarnation. Ја извлече мојата прва книга за реинкарнациите, издадена од Penguin пред седум години.
Норман Кантор мојот агент откако го прочита ракописот од 200 странички (во еден ден) ми рече дека материјалот е одличен. Веќе се договорил со еден уредник да ги поправи моите правописни грешки зашто англискиот не ми е мајкин јазик. Вели оваа работа може да се продаде за фини пари. Додаде дека би било добро да оди под друго име, зашто сепак настапуваме на американскиот пазар. Да ви објаснам тоа беше во 1987, значи студената војна уште траеше, па Американците може да мислат дека сум Русин и оние поконзервативните да не ја купуваат книгата. Реков дека и Распутин беше Русин, а Американците секогаш знаат да ценат солиден курвар. На приемер Џон Кенеди, за кој што во Реинкарнации 2 открив дека минатиот живот го поминал како кралот Ашока. Тоа е оној кој што помогнал будизмот да пркни и да се етаблира како религија.Норман се насмеа и задоволно констатира дека ние двајцата одлично ќе соработуваме.
- А зошто не престанавте после првата книга?- ја прекина чичето мојата реминисценција. Овој пат во неговиот глас како да почувствува сожалување. Заработивте доволно, нели господине Романов?
- Зошто? Ех издавачот ми рече дека може да заработам уште повеќе од втората, а од третата повеќе од двете први заедно . . А навикнав на промоции, потпишувања на книги. Два- три пати бев и на телевизија. Што би рекол Толкин, прстенот почна да владее со мене.
- Ама можевте да напишете нешто друго. Па човек со ваши квалитети не треба да пишува дека Опра Винфри во минатиот живот била Џек Мевосек и во сегашнава егзистенција мора да ги плати гревовите од претходната. Но тоа сега не е битно. Мислам дека треба да престанете со ова и да се откажете од вашата книга Реинкарнации 6.
- А се извинувам кого го застапувате вие?
- Обединетата конфедерација на Главните Индиски богови и религиозните фигури од регионален и локален карактер.
- А?
- Токму така. Поткомитетот на нашата организација за следење на човековата мисла посветена на објаснувањето на религијата утврди дека вие им нанесувате огромна штета на човековите истражувања посветени на религијата. Продавате милиони примероци на десетици јазици од вашите книги пишувани врз традициите на најдолниот жолт печат. Абе човеку ти си една елементарна непогода за реинкарнацијата! Забрането ти и е понатаму да пишуваш на оваа тема. Решението на поткомитетот е конечно и без право на жалба.

Тешко е да се пишуваат глупави книги за реинкарнацијата. За малку ќе успеев во тоа. Па сега пет тома, преведени на дванаесет јазици не е мала работа а?

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања














































































































 

 

 

 

 

 




 

  д:дома