т:темплум  

 

м:милица димитријовска радевска



***:***
(на Н.Р.)

Остави се
Мракот ќе го сокрие
Таму има светлина во илјада бои
Никој не прашува
Никој не одговара
Сами брановите се подигнуваат
Само ветровите стивнуваат
Пред тој налет на бои
Бескрај...
Најди збор да го допрам
Тој светлосен бескрај
Трепери мракот во илјада бои
Води се слеваат
Гргорат...
Го подземаат тој трепет
Од светлосни бои
Звуци...
Ги допираат врвовите на прстите...
Возможно е!
- кликнуваат сетилата
во мракот има сè
тебе, себе и светлината.



***:***
(на В.М.)

Крик
Очај и среќа
Крик за почеток
На среќа
Немир
Во мислата те сокрив
Ти...
Мој крик за среќа
Бура
Во зборовите те нема
Ти
Трепери душата
Пред тој налет на среќа
Ти
Мојот крик
Пред океанот
На мојата среќа.
***

Како жапка жалосница
Коленичи тегобнини
жабурка ули –
шушлег пред мразнини
Скрб...
Надава писок
Киски кијамет в пазуви
Утеха...
Клекнато пред класатица
Дараче се таи
Во јалица
Душата не е капавица.


***

Прокап
Бистрина од жубор тептиса
Вневрат неповрат.

Гемиџија во синор пладнува
Оветрен здив на студното.

Нешто од ништо ѕирнато
Мисла со мисла стигнато.

Прокап


***

Бегаш од смртта
Како од препознавање
На себе си
И...
Тоа можеби звучи
Како заборавена мудрост
На еден филозоф
Кој прочитал повеќе
Од сè што може да се прочита
Во векот што нè доближува
До смртта...
А сè е само миг
Неделиво време
Во кое животот и смртта се
Лице и опачина
На изгубено овошје.



***:***

Ослободи го
Зборот
Од самиот збор
Така се раѓа уметноста
Сосема чиста, разголена
Пред олтарот на гревот
Без грев
Нема уметност
На зборот.


***

Ден
сончев, сјаен
жубори, се радува, живее
миг, време, сонце, лаѓа
нурка, заоѓа, трепери
ѕвездена, темна
Ноќ


***

Ѕемне ноќта – исчекува истрп.
Виулица тлее во погледот
Еве небичас да се добере
Зрее тегобнини в пазуви.
Дрвјата го кријат спокојот.
Ах – воздивна ѕвездата – зошто ме казнува мракот?


***

Мрак
мерка
ми зема.
В срце демне
грч.


***

Три капки
како три води –
суводолица
не остана ништо
освен стравот
оросено да е челото.

ПРАЗЕН ПРОСТОР

Како кутивче
во шарена хартија
со свилена панделка
ги подврзале зборовите
се дрочат
гргорат
те дробат
сè додека не почувствуваш
празнина во просторот
Очекуваното
те подзема
те бербати
те потсипува
и лагата е премалку
за празнината на просторот
и стануваш
невиделица
зашто и виделото
е атрибут
за ништото.


***

Ти велат
обој ја душата
и скакулци глодаат
како во сушно поле
Сенка барам
под врба ладовина
беспоштедно
ме заморува
блесокот
Пилци слетуваат
на сенката
од допирот
стануваат белутраци

Ти велат
душата
има боја
на каменот
и камен да си
ќе те слее реката
од зборот
што ти го земаат.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања












































































































































































 

  д:дома