т:темплум  

 

н:николовска билјана







 

Мојата животна приказна

Толку пати се откажав од нашата љубов, а повторно како и секогаш никако да побегнам од она што ми го крои судбината. Сфатив одамна, дека неможам да бидам со тебе, а веќе и се навиканав на тоа.Ми требаше подолг временски период, но се откажав од нашата љубов. Решив да заборавам се што некогаш не поврзувало, решив да ги измамам спомените и никогаш повеќе да не им дозволам да се појават во мојот живот.
Пробав да се вљубам во некој сосема различен од тебе, ми беше интересно но не успеав целосно да те избришам. Постојано си во моја близина, знаеш да се појавиш мој пријателе баш кога сум заборавила на тебе, знаеш да дојдеш на кафенце и добар филм, се обидуваш повторно да ме зграпчиш во својата мрежа, а јас бегам од тебе. Одам да се прошетам и повторно ти се појавуваш, онаму каде што сум се надевала дека нема да те сретнам. Како да те убедам , како да се убедам себеси дека ништо не значат тие наши средби. Зошто кога не треба да бидеме заедно односно кога навистина знам дека всушност никогаш нема да се случи нешто помеѓу нас, зошто судбината, животот незнам ни самата што точно, те носи на мојот пат. Навистина секогаш ќе ми значиш многу, зошто ми беше најдобар пријател, затоа што ги делевме и деновите и ноќите знаевме да започнеме теми на кои не им доаѓаше крај , знаевеме да го поминеме секој ден од годината заедно, а сега те чувствувам како да си странец, кој навистина не го познавам. Не те сакам повеќе , мечтаам по нашето другарство, по она чувство на сигурност кое беше присутно додека бев со тебе. Но сега нема не остана ништо од тоа, се разделивме, под лоши околности, се мачиме на нашите средби да прозбориме а да не се искараме, се мачиме да се дружиме но и двајцата сваќаме дека не можеме да го вратиме она што некогаш го имавме. Навистина при нашата последна средба успеав да видам солзи во твоите очи иако не сакаше да ги забележам, иако мислеше дека не ги забележав, навистина ти беше многу тешко што сме станале толку далечни. Јас успевам да ги скријам солзите бидејќи доволно и скори секојдневно ме повредуваше иако не знаеше но ти дури сега почна да ја осеќаш онаа болка која е неизбежност во овој момент за тебе. Заборавив како е чувството да сакаш за да те заборавам тебе, моето срце стана ладен камен и повеќе ништо не може да ме повреди. Толку ни е мило кога ќе се здогледаме, а колку разочаран заминуваш кога ќе се разделиме, можеби и јас ќе ти се придружев во ова твое сегашно страдање, во овие твои обиди да го вратиме нашето другарство, но доста беше јас немам воља да продолжам со тој живот. Ќе гледам да заминам оттука, да исчезнам од ова наше место на спомени, ќе заминам за двајцата да продолжиме со животот по различни патишта кои нема никогаш да ја имаат можноста да се вкрстат. Ќе влезам во некој непознат лавиринт и ќе се погрижам нокогаш да не дознаеш каде сум, каде се наоѓам, што правам во животот кој ми преостанува. Нема да ти дозволам да се појавиш во некој од ходниците по кои што ќе чекорам. А доколку те здогледам ќе ја свртам главата и ќе заминам во сосема друг правец.
Во некој од моите предходни раскажани приказни кажав дека секогаш пишувам за нас, за нашата љубов, за тебе, но овој пат нема да кажам ништо слично на овие предходни неколку зборови. Овој пат признавам дека ова е последното нешто кое е напишано од мојава рака за нас двајца. Ставам крај на сето она што постоело во минатото, почнувам нов живот без тебе пријателе, почнувам да чекорам по лавиринтот кој ветив дека никогаш нема да дознаеш каде точно се наоѓа. Чекорам слободно за прв пат во животот, чекорам и го чувствувам убавиот и топол зрак на сонцето, цврсто стојам на земјата и без никакви спомени, сеќавања градам нов живот во кој не постоиш ти.
 




 

Болката ќе не разбуди од сонот во кој живееме, ќе не спаси, ќе не однесе на правиот пат

Мрак се спушти над нас. Исчезна една светлина која чекореше по нашава прекрасна малечка Мекедонија. Имавме светлина која не правеше огромни, имавем нешто што ќе докажеше колку вредиме, нешто што ќе не претставеше на оној начин, на вистинскиот наш македонски начин.
Неповторливиот ,недостижниот начин, а потоа повторно некој ќе сакаше да краде од нас, зшто само тоа знаат да го направат сите наши блиски соседи. Од кога постои нашево име, секој се обидува да го присвои, секој не сака, на секој му се плаче што не е како нас. Нема некој на планетава кој не знае барем по еден македонец, на кој се угледува. Што и да прават секогаш кај нас се рајѓаат незаборавните, а ние не се ни обидуваме да ги добиеме, нас ни ги подаруваат, а кој и што ?
Можеби странците незнаат дека тој човек е македонец, незнаат за Македонија но сепак иако со лаги, со кражби сепак се угледуваат на нашите предци, на нивната храброст.
Зошто го дозволуваме тоа којзнае, но еден ден се ќе се дознае, и секој ќе се извини, а ние ќе простиме, знам такво народ сме, добри души имаме, веруваме во добрината, во убавината.
Но деновиве јас го губам тоа чувство кое постоеше од кога сум родена. Се разочарав, толку верував во среќата, во добрината, во хуманоста, а сега таа ја снема од тука. Нешто ја зема , ја укреде од нашите прегратки убавината, но со какви намери , никој незнае.
Не сакам да се будам во светов на лаги, на бесконечно долгите трки со се и сешто, несакам да постои овој свет на сенки, зошто да баш тоа станавме ние македонците сенки, кои незнаат да се побунат за ништо. Ех, сега секој наш предок се превртува, не спие мирно никој, ни живите ни мртвите, ние сме во некој мејѓупростор, пропаднати, непризнаени, а постоечки - каде ли е тој излез. До кога ќе бидеме во чистилиштево, ќе најдеме ли клуч од заклучената врата, клуч кој со нетрпение го очекуваме. Зошто за нас секогаш е така, зошто секогаш кога ќе сватиме дека сме на добар пат, нешто ни попречува се, и што е тоа, од каде се појавува, дали е злото, дали е мрачноста која знае да користи секакви сплетки за да успее во она кое го намислила, и зошто и таа се заморува со тоа да ни наштети баш на нас.
Не можеме да бегаме, од несрејќите кои обожаваат да се навртат кон ова мало парче земја, неможеме да го откриеме она што е потребно, но погледнете подобро, погледнете сите, разбудете се, почуствувајте ја болката. Болката ќе не разбуди од сонот во кој живееме ,ќе не спаси, ќе не однесе на правиот пат, со неа гледаме се вистински како што е, со неа само сваќаме до кај сме отишле, колку назад сме се вратиле, наместо да продолжиме како поумни, ние сами си се закопуваме, си се уништуваме.
Деновиве се случи повторно трагедија, и сигурно и Шекспир ќе пишуваше за нас да живееше во ова време, изгубивме непроценливо богатство, кое донесе плач, насекаде, во секоја куќа во Македонија, изгубивме недофатлив дух кој беше се, што треба секој од нас, да се потруди да стане.
Имаше глас, со кој ги лечевме заболениве души, знаеше да рече дека се ќе се среди, се ќе биде добро, немаше грам злоба во него, беше сигурно единствениот, единствениот ќе повторам без да размислувам во кој постоеше само добрината. Со насмевка се бореше, против се што ќе му застанеше на патот. Правило е да се каже дека во секое добро има и зло, а во секое лошо има и добро, но Тој беше единствениот на кој не му одговара оваа мисла, ова кое го сметам за едно од најточните тврдења, кои некогаш биле сватени и напишани.
Толку голема болка, која не поминува, бунт со себеси, незадоволство кое не може да се чува во внатрешноста на нашите срца. Сега ни останува споменот, останува најсветлата ѕвезда на небото како дом на највредното нешто, остнува гласот по кој сите тагуваме, солзите со кој направивме ново езеро во Македонија. Се ќе запомниме, ние младите, ќе се потрудиме, зошто само ние можеме да го вратиме она што ни припајѓало отсекогаш.
Ако е потребно ќе се навикнеме и без светлината, но ќе ја помниме засекогаш и за неа ќе живееме, за да најдеме начин повторно оној кој ни ја зема да ни ја врати, Ова се солзи кои ќе не однесат кон подобро утро. Кон светлината и новата зора, сонцето кое ќе се врати кај нас, и ќе не крене високо високо, по којзнае кој пат.
 





 

Ти

Ти си се што некогаш во мојот живот сум посакувала, мислам дека таа идеалност што ја поседуваш не би можела ни да се сонува затоа што сигурно би бил илјада пати полоша. Ти верував повеќе отколку на мојата сенка , ти го дадов срцето , ти покажав што има во него , влезе таму каде што дотогаш вратите беа затворени за многумина.
Ти ги отклучи сите од прва до последна ,а јас се уште размислувам и не можам да сватам како успеа да ги најдеш сите тие клучови. Успеа да најдеш клучови кои не постојат, кои не може да ги направи ни најдобриот клучар. Беше подобар и од најголемиот крадец кој постои, дојде толку нечујно и за една ноќ ми го украде животот. Мојот живот кој дотогаш ми беше прекрасен. Чувствував преголема среќа и мислев само на работата која ми предстои во било кој ден во иднината. Сега повејќе не е така, сега мислам само на тебе, чувствувам болка која полека, нечујно ме убива.
Сега талкам по улиците за мене не постои мирна ноќ , ја мразам темнината ,не можам да заспијам, штом ги затворам очиве го гледам твојот поглед начинот на кој ме погледна, ги гледам тие очи ,црни очи кои ме полудеа. А не сакам ни да помислам на таа насмевка која ме натера да помислам дека постојат ангели односно , нешто поубаво од нив- ти. Ви велам полудев те споредувам со божества, со работи кои се најголеми. Станав како Данте Алигиери, да кога го читав “Пеколот 'се чудев затоа што Беатриче(Неговата голема љубов) ја поставил во рајот веднаш до богородица, а сега и јас го правам истото. Го сваќам него ,а и неговата голема љубов спрема некој кој му бил недоштижен . Не знам дали треба да го осудувам Данте што не се борел за таа љубов што се откажал можеби да не го направел тоа сега ќе бил среќен но во тој случај немало ние да знаеме за тоа односно немало да бидат запаметени ни тој ни Беатриче. Верувам дека сите работи кои се случуваат се случуваат по некоја причина и мислам дека животот не би бил возможен без тоа. Има многу луѓе кои размислуваат различно , за некои исти работи но и тоа е потребно да постои зошто инаку се би се знаело се би било сватено ништо не би било интересно , а луѓето ќе умирале од досада. Ти имаш многу различни сфаќања од сите други незнам можеби и затоа ме привлекуваш ,но едно сигурно знам дека ти ме внесе во друг свет , свет за кој не верував дека постои , свет во кој непостои ни минатото ни иднината, ни сегашноста, да не постојат ни луѓето. Погоди постоиме само јас и ти .
 

 



 

Засекогаш разделени

Помина долго време, време кое те однесе засекогаш таму далеку во недостижноста. Зошто секогаш мора сите работи да се променуваат ? Не може ли барем еднаш да остане се исто , кога си среќен да потрае подолго, а не како по навика да заврши брзо. Толку посакувам додека сум со тебе да се случи некоја грешка и времето да застане баш на некој убав момент што постојано ќе се повторува, засекогаш.
Посакувам барем еднаш нашите средби да не завршат , да траат и траат. Сакам еднаш да се уморам од тоа што те гледам и јас да ти речам чао , но за прв пат и да го мислам тоа.
Зошто си ми толку потребен? Зошто не можам да се сфатам себе си? Незнам ни зошто го пишувам ова, и зошто баш ти мора да се наоѓаш во секој мој текст, расказ, баш во се што ќе составам. Толку имам напишано, а секој пат ти си главниот лик, дали некогаш ќе успеам да напишам нешто друго .Ќе преживеам ли ако не те гледам ? Ќе заборавам ли? Ќе научам ли да сакам некој друг? Ќе го најдам ли одговорот на барем едно од овие прашања, некогаш, или ќе треба да го иживеам целиот живот и повторно да не го дознавам тоа што го посакувам.
 

 



 

Јас и ти

Повторно се ти простувам,
а зошто, ни самата не разбирам.
До кога ќе продолжам вака,
ќе дојде ли некогаш крајот,
по кој толку мечтаам.

Само еден поглед
да ми пратиш ,ме маѓепсуваш.
Штом те погледнам во очи,
се заборавам, само за тебе постојам.

Има нешто во тој поглед,
што ми кажува дека ме сакаш.
Има нешто што те издава,
и кога молчиш ,
кога не ми кажуваш.

Сите околу нас ,
мислат дека е крај.
Но јас те читам,
те познавам и знам,
те чекам да дојдеш,
а тоа секогаш доаѓаш.

Со која и да си,
мислиш на мене.
Кај и да си,
се те потсејќа на нас.

Знам, знам,
пробуваш да бегаш,
исто како јас,
но сепак нешто,
ете не поврзува.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





















































































































































































































































































 

  д:дома