ф:флора девојка
ОСВЕЖУВАЧКО
Љубовно и весело. Природно во боја,
на годишните времиња кои следат,
оние што надоаѓаат,
нешто тивко ,
преку сета моја мачнина поминува
одвај ,
Тркалото почна да се врти,
Лето е
и летото е помислив
во розово-црвена- позлатена боја ...
ОДГОВОРИ МИ ЈАН
Жештина и пот,
од мака од немање ,
Времето носи
Неубави звуци
- Јан , сликите
ветрот ги замачка. . .
па страста е минлива
а љубовта невечна
и не верувам
во претпоставки. Ова горе
ги урива сите надежи
за идиличното.
Облаците денес се тмурни ние испотени. . .
Жешко е со нив
нели, Јан?
МИНУВАЊЕ
Топлина барана
Па одбивана.
Монолози монотони
А надвиснал облак
зборува за промена.
Радости.
Со вратот свиткан
нагоре
укочен од очекувања
очите го пропуштаат тоа Што минува.
А се поминувало
-велат старците на умирање.
НА ЕДНО МЕСТО
На југот подолу од мојот град,
Несоница...
Низ пред мугри
Моето внатре е немирно...
Се бунтува одредено време
камшикот на одговорноста
должно го врбувам она кое штрека
па несонот е болен
од тревога и пишти
немирот по телото засвежува воздух
тука на југот
но внатре се уште запурно
и на тарасата коцка
немирна сум.
Хммм. Хммм ...
збунето го пречекувам денот
не знаеќи што било вжера
седатви за заборав
во моето тело се намножиле
но не ги дава лакомо ги голтам
лебдеам со денот напрегајќи се напати
за обврските со лакиран шмек
на милина кон одредени работи.