т:темплум  

 

e:elaine







 

Сеќавање (elaine)

Таа си замина чекорејќи по улицата. Ја следев се додека нејзиното тело не ја изгуби секоја форма и стана туѓо. Можев да ја наречам црна точка,но таа не беше тоа. Дамка, можеби. Тврдам дека целото време кое го поминавме заедно беше само празнина која универзумот ни ја довери на чување, а ние ја исполнивме со нашата потреба од човечка драма. Сега тој негодуваше и реши да си ја поврати но најпрво не испразни до степен после кој не чувствуваме ниту гнев, а камоли љубов.  И кога ја запознав ми беа чудни овие 5 букви во кои таа се бањаше толку често, а јас наивно ја гледав и посакував да и кажам дека ќе настине. Сега мене ми студеше. Особено откако истури чаша вода врз мене и проба со тој за неа својствен гест да ме вразуми во реакциите. Сакав да и кажам нешто, навистина сакав, но времето кое го имаше одредено за збогување беше прекратко за начинот на кој се движеа моите мисли. Мислам дека сосема добро го изведе тоа. А зборовите ги запомнив. Беа едноставни, така се изразував тогаш кога животот беше едноставен. Денес тоа сигурно би звучело поинаку. Поминато на цензура минатото звучи поприфатливо. Нешто скоро исто како ”Немој да си одиш”. Но во сосема поинаков контекст.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

  д:дома