б:бојковски милко
2:"27"
Влегувам
во еден од влезовите на твојата
висока уредена зграда
ги пребројувам мислите качувајќи се по скалите
смислувам изговор зошто сум тука.
уште неколку катчиња мислам
се сновам ко мачор,по ѓаволите лифтот не работи
носам темни очила за сонце
иако го нема надвор сепак ги носам.
ги исчитувам броевите на белите врати
сместена си во 27-ка или така нешто
претпоставувам дека си дома,ме чекаш
се пребарувам дали имам се понесено.
заборавам на вистинската музика за заглушувачкиот
неподнослив надворешен џагор
слушам низ вратите раѓање на плод на допир
на блиска преџваканост на спектарот.
не постои таков број проклето потребен “27”
го имам згрешено влезот,се појавува стара подстанарка
ја прашувам одговара “Едноставно не знам тука беше
преселена е или љубовта не ги познава тивкиве чекори”
м:мојата
бедна љубов
мојата бедна љубов
налик на пустина
ги продава своите зборови
истото го прави со нејзиното тело.
да расчистиме одново со лудилото
тоа е дел од мене ме следи ко зла мисла,
и ме фрла нечујно во некои други животи некои полупразни соби.
разговор небаре е последен некако ослободен од сите
ветувања- мои и нејзини.
не помага менувањето на навиките
ниту барањето на возможното
со сите невозможни напори.
таа поаѓа од север од студеното
и се почесто нема цел во овој дел од градот
ништо не ја задржува покрај мене,
нема потреба да остане.
безсовесно трудејќи се да добијам повеќе од нештата,
да ја задоволам мојата никогаш докрај задоволена суета
заборавав на првите звуци
секогаш постапувам така (непромислено).
се се изгуби во искривеното огледало од ретровизорот
не остана ништо вредно
доволно цврсто за помнење
сите мигови добија течна состојба.
во трагите на штотуку истеченото масло,
по патот без лево и десно
стапалките одговараат на отпечатоците
тие покажуваат на југ.
н:на крај од патот
И не можеш да запишеш се
толку е брзо
во промените на положбите,
на сите годишни времиња,
на сите ебени сезони од твојот
траги-комичен живот.
се глумиш,најдобро што умееш
пред оние што те познаваат
не е лесно со сите внатрешни борби
на крај остануваме излудени
и со тешко дишење.
некаде здивот се губи
во воздишките на твојата мила,
во размена на соковите по постелнината,
при лачењето при сексот.
веќе е 03:30 одамна без алкохол
и ништо од вибрациите
тие се однесуваат само на
твојот настран мозок.
пред изгрејсонце
праќаш повик испрекинат инсерт
ко куршум заглавен во тврд ѕид
не поминува а раѓа зуење силно зуење.
се развлекува бела линија
издолжена патека без знаци
никакви попатни застанувања
прилично олеснувачки делува
тоа што има доста гориво
доста пред да се раздени
да се раздвои патот на две
да се раздвојам на две
пред да останам излуден
и со тешко дишење.
в:влажни дланки
Како мирис на животот што го сонуваш
и се е присутно таму, се е запишано онака како што ти сакаш
но дланките ти се полни влага и сите радости се премногу лизгави
премногу палави за да ги задржиш во себе.
излегуваат од устата, твојата кожа има небројни отвори
гол си целосно, само ти и непознатиот хоризонт
копаш по срцевината на конусовидното дрво
божем си мала безпомошна животинка
истекува крв не твоја на дрвото
ја нема.
копаш по дното на застарениот бурбун
по испарените капки
на рабовите од длабоката чаша
сеуште е рано.
со јазик на самотен човек во скривницата на болот,
со далечен чекор загледан во светлата на семафорите,
и малку ситен прав на усните
не би можел да добиеш ниту еден исечок за да се сетиш
на било што.
но сепак помниш иако сосем малку сепак го помниш
начинот на кој ја зема својата доза
наркотици,седативи,лекови
да го преживее викендот.
твојата девојка
начинот на кој ги допира облаците
скротувањето на стравот
модра молња.
помниш...
часовник и чешел
на тркалезна маса и удар
од влажни дланки
сосема доволен
да те промени засекогаш.