т:темплум  

 

в:вучовска билјана



в:вариетети

Утрово се разбудив во тело на маж.
Станав мрзеливо чешкајќи си го стомакот.
Ја почувствував и утринската ерекција.
Имав влакна во ушите и носот.
На улица си разменував љубовни погледи со девојчиња кои одат на училиште, со девојки со бујни коси и привлечни усни, со цицлести жени кои се враќаат од работа. Прекрасни се сите.
Жени како жени. Секоја негува по некое скриено животинче во себе.
Некои имаат срна, други свиња, патка, трети мачка или некоја егзотична птица.
Жени. Нежни, борбени, срамежливи, отворени и затворени, повредливи, кучки, силни, сентиментални, сексапилни и што ли уште не.
Водев љубов со пријателка.
Ќе флертуваше со мене и да бев жена.
Таа ги сака луѓето. За возврат, тие неа ја обожуваат.
Не сака ладни јадења, не јаде слатки, не пие боза.
Сака вода, постојано раскажува соништа за неа.
Мрази бела долна облека. Под пазувите има влакна. Како секоја модерна европјанка.
Мојата пријателка е нежно и суптилно суштество. Долго водевме љубов, конечно ја посведочив и машката перспектива на оралниот секс.
Жени. Миризливи и меки. Како мајка. Како дете.

Ја сретнав во продавница за подароци. Зјапајќи во една стара книга со афоризми, во моето видно поле се појави нејзината коса. Очите и беа божествено навлажнети и бараа предмет кој одговара на нејзините естетски критериуми. Нежно ја испружи раката и дофати свеќа. Во моментот се изгубив. Од немајкаде се довлече кревет пред мене, и две силуети диво скокнаа во него. Тоа бевме ние двајца. Ги земав дланките во моите и ги бакнував вените по нив. Беше бела, скоро проѕирна, ми беше страв да не се стопи од мојата топлина. Вриев. Од неизвесност, од возбуда, од страв. Но стапалата ми беа ладни. Како и секогаш. Некој случајно помина крај мене, односно се истри од мене. Беше некоја средовечна жена со портокалов кармин и лошо направена трајна. Предните заби и беа кафени. Беше и груба. Жени. Пасивно агресивни, недоволно љубени и вечно нервозни од хроничните мигрени. Девојката со косата ѕиркаше во ламба зад мене. А на мене, со потврдениот IQ од 115, воопшто не ми паѓаше на памет да се поттргнам. Стапалата ми беа ладни и укочени. Од трема. Но срцето ми вриеше.
„Интересна продавничка, нели?“ , рече со отворено грло.
„Ахм.. Ова. Да.“
„Знам дека сега ќе изустам едно клише, но ми изгледаш некако познато.“, рече бледата.
„Па, можеби сум типот за кој си сонувала во средно училиште.“
Ме погледна полу
-шокирано, не очекуваше толкава доза на отвореност.
„Ха! Лудо и незаборавно. Мм... Би сакал ли да дојдеш со мене на претстава. Денес сум сама, а гледам и ти исто така. Ајде да се дружиме.“

И се здруживме. Јас, мажот за еден ден, за еден месец. Всушност, времето не постои, така што тој фактор не е ни важен. Таа, пеперутка со шал и ранец полн книги. Маж или жена, јас се вљубив.
Ми раскажуваше за нејзината нетрпеливост, дека не сака затворени и зачмаени луѓе, дека сака да го живее животот до максимум. Сето тоа зачинето со топлината од нејзините очи. А јас, мажот привремен, поставував тези дека не ни е лесно на нас мажите, аргументирајќи дека секојдневно се бориме со својот фалус, не смееме да си кажеме дека сакаме да се легнеме со некого, во спротивно добиваме шлаканици, „престрашуваме млади и невини девојчиња“, не
' именуваат како животни итн. Таа се согласи со се'.
За прв пат, жена што ги разбира мажите.
Мажи. И тие исто така чуваат некое животинче во себе. Сум видел од мече и нилски коњ до лебед, тигар или папагал. Или жирафа. Всушност неа сум ја видел и кај жените.

Имам богат социјален живот. Познавам многу луѓе, повеќето од нив се вонсериски лудаци, но во позитивна смисла. Креативни, љубовни, интелигентни, невообичаени, слатки, мили. Познавам и тешки, напорни, мазохисти, садисти, гладни за болка, вербални мастурбанти, нереални фолиранти, лицемери, клептомани. Минатата недела дознав од блиска пријателка дека краде книги. Украла и прстен од еден пазар во Турција. А јас си мислам дека ги познавам луѓето.
Како мала, сакав да бидам машко. Долго зјапав во огледалото и си поставував метафизички прашања. „Која сум јас? Што треба да правам со себе? Зошто немам куре како Андреј? Како стигнав овде?“
Значи, постојат најразлични луѓе. Луѓенца. Понекогаш ги гледам како меури од сапуница. Големи, малецки, заматени, бистри, одблеснуваат, некои смрдат и бегам подалеку од нив, некои ме смеат кога ме обвива нивниот пријатен мирис. Уживам во сите... Во сите неповторливи и уникатни комбинации на човечкиот живот.

Вечерта тивко не
' потапка по рамената.
Со пријателката, со љубовницата седевме на еден од рабовите на гра
дската тврдина. Меко ветре се пикаше меѓу нас и не' спојуваше. Всушност, ние сме едно. Без разлика на се'.
Но, време е.
 



а:автори

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































 

  д:дома