т:темплум  

 

в:вангели анастас

г:години: 18
п:професија: улежан блогостудент на „Правен" и колумњарски ентузијаст како и поет во развој, бивш кошаркар и надежен чирак во домаќинството
и:интереси: собирам самолепливи сликички и решавам крстозбори
д:досега објавено: 5 колумни во Неделно Време со тенденција да се множат, 30 - тина стории на Опасна Багра под псевдонимот анастас87 (од најраното детство па до пред 7-8 месеци), 30-ина колумни на Абер под псевдонимот Шепард и неброено дела на блогот „Вуна", како и по некое писание на други блогови, портали и слично.
н:нешто за себе: „Јас светот го разбирам како поле за куромерачки конфликти на суетите"
с:сакам да додадам: е нејќам
 

в:врата

Клозетот беше премал, па затоа мајка му (бидејќи татко му не учествуваше во тој процес) имаше прилично импровизирано при неговото уредување. Плочките беа небесно-сини со апстрактна текстура. На подот имаше бела јамболија, со некоја банална шара. На вратата имаше закачено едно чудо пешкири и крпи, бањарки, еден прслук и гумена капа за бањање. Шољата, на која тој седеше и моташе џоинт, беше бочно свртена кон ѕидот, па затоа протекуваше; лавабото беше исфрлено од употреба – под огледалото имаше машина за перење, а во ќошот спроти шољата, стоеше када со средна големина, малку за`рѓана околу сифонот, и вдлабната од страните. Бојлерот беше во другиот ќош – пожолтен, со излупени цевки, замотани со кит за да не пропуштаат. Секогаш постоеше опасност да се удриш во него при бањањето. Тоа го правеше самото бањање интересно. Се` на се`, чудно спакувано, но функционално.

Го смота џоинтот, го лижна, и го запали. Зема два-три дима, без вовлекување. Прозорот, ширум отворен, но залудно – малата просторија се усмрде побргу одошто тој се напуши. Тоа му претставуваше најголем проблем – зошто мора толку да смрди проклетата мара. Но, тоа е како еден вид Марфиев закон – колку повеќе луѓето ја мразат, толку повеќе смрди. А бар кај него дома, таа не беше баш омилена. Во ред, Марфиевиот закон и не е баш објективен, но тоа беше најрационалното објаснување кое во моментот му дојде напамет.

По две минути рекреација, го зеде телефонот и сврте некој долг број. Не мора да се погодува – бројот беше нула-петстотини и така натаму. Почека некои дваесетина секунди, додека да го добие операторот..

- Ало, хотлајн?! – праша помалку возбуден.
- Да маче, кажи што сакаш… - сензуално му одговори нежно скокотливо женско гласче.

Фрка. Никогаш до сега не бил во ситуација да изрази желба пред девојка иако беше во сериозна врска веќе пар месеци. Впрочем, не бил во ситуација воопшто да изрази желба пред никого, долг период, уште од времињата кога неговите го сакаа. Побогу, беше навикнат да исполнува туѓи заповеди, без никакви предрасуди или пак несогласување, „разумем шефе“ стил. „Треба да се поработи на односот“, си рече. А сега се наоѓаше во една реципрочна ситуација, кога тој е субјектот што изразува желба. Дури и не зема во предвид дека ќе му се јави навидум напалена девојка која ќе сака да го задоволи, бар декларативно. Начелно не беше баш свесен за тоа „што сака“ или што треба да направи, па се реши да си истера фер муабет како што од секогаш сакал, без некоја секси поента.

- Си била некад у Африка? – ја праша стенкачицата како ништо да не го интересира.

Од секогаш сакаше приказни за Африка. Често гледаше емисии за Африка – племиња, лавови, пустини и што се' не. Беше засегнат за состојбите таму – милиони луѓе, гладуваат, умираат од разно разни инфекции… а Африка е нашата колевка, нели сите од таму потекнуваме?! Но, што е важно што мувите се лепат на лешот од некое петгодишно изгладнето дете. Или пак сите тие подметнати граѓански војни, неоколонијалистичка политика и слични перверзии кои се случуваат. Но сепак, Африка беше над сето тоа. ОооООо, Џа, лаву мој.

Африка за него значеше слобода и во исто време ропство. Во Африка си она што исконски треба да бидеш, без никакви лаги и замижувања пред самиот себеси… она што си предодреден и да се потчиниш на судбината за која дури тогаш ќе сфатиш дека постои – да бегаш пред дивите назабени животни кои те бркаат со разлигавена отворена челуст, да гладуваш и жедуваш и на крајот да умреш од СИДА. Таму си човек, во незавидна положба, но со чиста и непроколната душа бидејќи немаш како да ја испоганиш хуманоста во себе.

- Не маче, ама сега ќе видиш што е Африка! – одговори операторот без око да и` трепне.
- Абе мене ми се праеше муабет со некој шо бил у Африка. – одговори конфузно. - Јебига, ти не си била. Шо ќе ми кажеш ти… не ми се арчат пари на глупости. Биди ми поздравена. Чао. Те молам не се лути, ама знаеш…

Спушти. Не беше многу разочаран, но повеќе беше лут. И да била во Африка, таа неинтелигентна кокошка, која за да заработи квичи на телефон, нема капацитет да му пренесе некои позначителни информации или слики од таму. Таа би му раскажувала за тоа како тие немаат мобилни или пак како се ебат. Немаат мобилни, ама немаат ни вода за пиење. Без трошка почит би плукала по луѓето како да се подолу од нас во ланецот на исхрана само затоа што им се паднало да живеат во средина заборавена од сите. Го тупна телефонот на машината за перење, се навали на капакот и се издиша.

Го допуши џоинтот. Навистина му олесни. Таков дебелко немаше одамна почувствувано. Стана од шољата, без никаква причина пушти вода и испрска со озонерот со надеж дека неговите нема да дознаат што тој правел додека тие не биле присутни. Африка веќе и ја заборави.

Влезе во дневната. Таму го очекуваше евентуално фиеста. Во позадина трештеше Соулфлај. На масата имаше отворено шише виски. Зема голтка. Љуто. Но, сепак, атмосферата беше некако стерилна. Ништо не се случуваше, а колку апатично делуваше се` наоколу, како ништо и да не треба да се случи. Полупијана и тапо оклештена, девојка му се тегнеше на троседот. Се гледаа неколку минути. Знаеја што сакаат и двајцата, но тој не сакаше да форсира. Таа пак, се преправаше дека се прозевнува. Знаеше да удира ниско, но подобро така отколку отворено да каже дека и` е досасно. Би било уште пониско, сељачки. Нормално дека поентата беше разбрана – седна до неа и почна да ја бакнува, по лицето, по вратот, по градите, по целото тело. Си се насмевнаа, се наелектризираа и речиси се` беше спремно за добра забава и жесток секс. А богами, не чекаа многу да дојдат до главниот настан. Го намести кондомот полесно од било кога и за неколку минути тој стана господар на светот. Беше среќен и опуштен, не го притискаше и не го загрижуваше ама баш ништо. Не му беше толку мерак за сексот како секс, остварување на влажните соништа и задоволување на манијачките потреби, туку, едноставно, сакаше да се опушти и да ужива. И навистина, без многу стрес, двајцата уживаа, постепено стимулирани од Соулфлај се дивеа, тркалајќи се по подот, правејќи акробации на троседот и трескајќи се од ѕидот. Тој ја подкубнуваше нејзината косичка а таа му ги зариваше ноктите по целиот грб, рамномерно со извиците на задоволство и оргазмичните струења во врвовите на прстите на стапалата. Баш се сплотија и испотија, агресивно, нивните тела лизгаа едно врз друго, во сцена која требаше да им остане во долго сеќавање.

Одеднаш се чу ѕвончето. Набрзина стана, се среди, го отвори прозорот и ја исклучи музиката. Отиде да види кој е, и на негово изненадување, низ окалото, во темницата ги виде силуетите на мајка му и татко му.

Сериозни луѓе, на прагот на климактериумот. Немаа редовен секс, беа исфрустрирани од работата и домашните задачи, па затоа со нив тешко се живееше. Не излегуваа често, следствено кога беа надвор, тој не ја испушташе приликата и си дозволуваше малку да откачи со друштво или девојка. Како што беше вечерва.

Сепак, со тешко срце, мораше да ја отвори вратата.

 

а:автори

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






































































































































 

  д:дома