т:темплум  

 

м:меновски рубин


г:години: 28
е:еден од тројцата автори во книгата со кратки раскази
'Не сакам да ви кажам ништо'



з:
зарем не личам на еволуиран мрсул?

  На почетокот беа вонземјаните.
  Исправка: На почетокот беше вонземјанинот.
  Обичен вонземјанин скитник - небањат, нечешлан, небричен и со парталиви алишта, а меѓу другото и доста неодговорен.
  Еднаш, додека спиеше под ведро небо со главата залегната на денешен Јупитер, помина покрај него Халеевата комета.
  Утредента стана настинат од провевот и му течеше носот. Го исекна во непосредна близина, ја избриша раката од панталоните, а носот со ракавот и продолжи понатаму без никогаш да се сврти или врати назад.
 


у:
усните

  Мојата девојка никако не сакаше да ја прифати вистината дека има најубави усни во цел свет.
  Во знак на протест, со цигара си ја изгоре горната усна, веднаш до патецот на срцето - нејзино лево.
  Од тогаш не престанав да ги љубам тие медени усни, посебно лузната од цигарата.

 

з:за и против

  Нешто за психијатрите:
  Ѓорѓија посака да оди на психијатар за да се излечи од депресијата која во последниве години помина во фазата манична.
  Кога за тоа разбраа неговите роднини и пријатели пробаа да го разубедат дека ќе му помине ако почне поквалитетно да го троши слободното време, помалку ќе размислува и депресијата ќе изчезне.
  Ѓорѓија не се разубеди и тргна кај еден психијатар за кого дозна преку оглас во весник.
  На влезната врата имаше ценовник, а на него пишуваше дека еден час поминат со психијатарот чини колку еднонеделна плата на Ѓорѓија.
  Ѓорѓија на тоа весело се насмеа.
  Не ни влезе кај психијатарот, а депресијата исчезна.
  Па дури не ни му наплатија.
  И нека се осмели некој да каже нешто против психијатрите.

 

а:автори

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

































 

  д:дома