ј:јакимоска ана
г:години: 17
и:интереси:
фотографија, модернистичка литература
д:досега објавено:
фотографии, ставови и прозни текстови во списанијата
VIP, Freedom и Cover;
од поново време и на
talent-free.blogspot.com
н:нешто за себе: пријателка на големиот
човек кој знае приказни за пајаци и
скакулци
а:аквариум во стан бр. 22
Во зградата бр. 17, во еден момент заѕвонија три телефони.
Врз градот полека се спушташе пајажина од облаци која го правеше воздухот
тежок и навестуваше дождлива ноќ. Жолтата светлина од уличните светилки
избледнуваше во маглата пред да успее да падне на асфалтот, додека
сообраќајот, за момент, беше стивнал, создавајќи пријатна есенска
атмосфера.
Во станот бр. 22, една машка рака се приближи до телефонот и ја крена
слушалката:
- Да, молам?
- Здраво. Може ли да разговарам со Јана?
- Момент...
Со бавно движење се сврте кон внатрешноста на собата и се сретна со
погледите на шестмината кои седеа на трпезариската маса.
- Кај е Јана? – праша, одвај чујно.
- Не е вратена од школо.
- Мора да е уште кај Марија, рече ќе прават проект по физика.
- Излезе со точакот, ќе се врати наскоро.
- Ми се чини отпатува во Кина.
- Уште нема станато, вчера касно си легна.
- Кај тетка и` е, нека ја побара таму.
Во еден агол од собата имаше аквариум со портокалови риби, кои, од
неразјаснети причини, домаќините ги нарекуваа златни. Веднаш до него, на
ѕидот стоеше еден мал часовник со изгребана површина чии отчукоци изгледаа
занемарливо тивки.
20:47, сабота навечер.
Изгледаше како времето во собата да застанало. Облаците ја заобиколуваа
зградата и се вовираа во становите преку отворените прозори. Во зградата
бр. 17 стоеја отворени три телефонски слушалки.
20:47, сабота навечер.
Човекот ја крена повторно слушалката, го згрчи малку лицето како да сака
да се извини за нешто, и рече:
- Жалам, имате погрешен број. – а потоа седна на масата заедно со
останатите. Заедно молчеа. Во некои од соседните станови можеа да се
наслушнат поинтересни разговори.
а:автори