т:темплум  

 

г:георгиевски филип



г:години: 17
п:професија/интереси: аматерска фотографија, слушање на alt.Rock и дневна доза од еден-два филмови
д:досега објавено: дигитални фотки на:
http://equi-libri-st.blogspot.com
н:нешто за себе: But I, being poor, have only my dreams. I have spread my dreams under your feet. Tread softly because you tread on my dreams.


и:
илузија

Полека се будев од длабокиот сон, но се' уште не се решавав да ги отворам очите. Креветот на којшто лежев беше толку удобен, а перницата мека што не ни помислував на станување. Наеднаш осетив непријатна миризба која ме натера да се освестам. Се изнадив кога ја видов собата. Мислата дека воопшто не знам каде се наоѓам ме пресече како остар нож. Избезумено станав од креветот и започнав да ја разгледувам собата. Од тесниот прозорец се пробиваше слаба светлина чии зраци пробиваа низ скинатата завеса и паѓаа врз еден висок рафт. До него имаше мало работно биро на кое имаше хартија и молив. Од другата страна беа креветот и еден плакар пред распаѓање. Станав, се приближив до масата и се загледав во листот хартија. ,,Не можеш да избегаш од реалноста пишуваше на неа. Го зедов моливот и почнав да пишувам нешто без смислa на неа. Мојата претпоставка дека ракописот е мој навистина излезе дека е точна. Се прашував зошто би го напишал тоа. Не можев да го поднесам непријатниот мирис, морав да дознаам од каде доаѓа. Ја отворив единствената врата во собата која водеше во еден темен тесен ходник. Само што зачекорив кон ходникот, се повратив назад и го отворив прозорот за да влезе свеж воздух. Потоа влегов во  ходникот кој водеше кон голема соба која најверојано беше дневната соба од станот. Состојбата на собата беше иста како претходната. Миризбата стануваше се посилна и посилна. Набрзо ја најдов кујната. Плинот на електричниот шпорет беше вклучен. Се исплашив и веднаш го исклучив. Врз шпоретот имаше длабок лонец со изгорено месо. Некој го заборавил. Бев сигурен дека не бев јас. Во животот никогаш немав готвено. Секогаш друг мислел и готвел за мене. Но, овој пат јадењето беше изгорено. Кој и да бил  сопственик на станов бил лош домаќин. Сеуште не можев да се освестам и да прифатам дека се наоѓам во едно мизерно место и не можев да разберам која е причината поради која сум тука. Во себе почуствував голема непријатност и паника. Сакав да избегам од ова место. Без да губам време пронајдов уште еден мал ходник во кој имаше неколку стари пара чевли, што ми даде надеж дека следната врата е излезот. Проклетство, беше заклучена. Подолго време претурав се што е можно во станот, но не успеав да го најдам клучот. На крајот се откажав, со решение да барам друг начин на спас. Отворив еден од прозорците во дневната соба и самата надворешна глетка ми внесе топлина во душата. Сонцето силно грееше и небото немаше ниту еден облак. Во населбата имаше најразлични згради и куќи, со различна големина и дизајн, а  сокаците беа исполнети со луѓе. Не сакав да ја испуштам оваа прилика. Почнав да викам колку што ме држеше гласот и барав да ми помогнат и извадат од овде. Но, се изненадив кога видов дека никој не ми обрнува внимание. Неколку луѓе го свртеа погледот кон мене, но веднаш продолжија да одат по патот. Решив да чекам некој да ме примети и да ми помогне. Чекав 1, 2, 3.....15 минути се додека еден човек не ме праша што ме мачи, а јас му одоговорив кој ми е проблемот. Тој ми вети дека ќе се врати најбрзо што може со луѓе кои ќе ми помогнат, а потоа си замина. Јас веднаш се залепив за вратата која водеше надвор од станот. Очекував наскоро да го чујам тропањето на вратата. Се почуствував уморен. Веднаш помислив на мекиот кревет и заклучив дека ќе биде сеедно каде ќе бидам додека го чекам човекот да дојде. Решив да се вратам во малата соба. Кога влегов во неа веднаш се растегнав на креветот. Додека лежев смирено врз него се прашував зошто само тој беше единствено убаво нешто меѓу сета нечистотија, едноставно не се вклопуваше во сликата. Тој ми изгледаше како нешто нереално и илузорно со кое би заборавил каде се наоѓам. И навистина беше така. Без да осетам јас повторно паднав во длабок сон.

 

а:автори

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања























































 

  д:дома