д:дамески андреј
п:професија: студент, продуцент
и:интереси: музика, философија, секс
д:досега
објавено: ама баш ништо
н:нешто за себе: 24;
секогаш 68,8..90. И то.
в:волволволшебшебшебнанана приприприказказказнанана
Малото дебелко детенце шеташе весело, но претпазливо низ долгите осветлени
ходници на замокот. Тој не беше како обичните замоци, студени и темни. Не.
Овој беше посебен, многу поубав и потопол од било кој друг. Низ секој
ходник беше распростран црвен тепих кој изгледаше како да е посипан со
волшебна прашина, правејќи го полн и топол и светкав. Светлата беа
магично-жолти факели закачени на секој ѕид, не давајќи на мракот да ја фрли
својата темна рака на било кој заоблен камен. Камењата од ѕидот беа
жолто-сиви, и заоблени. Детенцето многу пати ги допре додека весело и
насмеано шеташе низ волшебниот замок. И не беа студени. Напротив, беа
топли и големи, и од нив се одбиваше светлината на топлиот оган од
факелите. А мирисот... целото место како да испушташе арома од топло
чоколадо, исполнувајќи ги малите гради на детенцето кое влегуваше и
излегуваше од собите, кои беа исполнети со најразлични дрангулии.
Најчесто беа исполнети со масички на кои имаше играчки, цели купишта од
нив. Црвени, жолти, зелени, метални, пластични, камиончиња и колички, коци
за редење, домино, кукли (и тоа секакви) и многу кутии кои се отвораа баш
кога поминуваше детето. И пак тој црвен тепих, кој светкаше кога
потрепнуваше топлината од многуте факели.
Воздухот што струеше низ ходниците низ кои детенцето сега поминуваше и
трчкаше беше топол, и секако, чоколаден. Но замокот како да немаше крај...
крај во својата убавина.
Детенцето не чувствуваше никаков замор и покрај тоа што помина многу
свиоци зад кои секогаш постоеше нешто ново и невидено дотогаш.
Штотуку помина еден влево кога на другиот крај од ходникот виде нешто
сиво, како некоја завеса, што исчезна зад аголот. Тоа затрча лесно низ
ходникот, сакајќи да дознае што е тоа што штотуку го виде. Додека си
подрипнуваше весело, тоа си пееше весела песничка, а нејзините зборови го
исполнуваа целиот ходник со милозвучни детски звуци.
Детенцето дојде до крајот на ходникот, подзастана и бавно се приближи кон
аголот што водеше влево. Таму имаше уште еден ходник. Но беше поразличен
од сите низ кое тоа досега беше поминало. Овој ходник беше златен.
Ѕидовите беа златни, тепихот беше златен, па дури и факелот што беше
закачен на ѕидот сјаеше со златен оган. На десниот ѕид, некаде на половина
од ходникот имаше рамка од врата, која исто така беше златна, и очигледно
водеше до некоја соба, бидејќи вратата беше отворена и низ неа излегуваше
некаков механички звук, како многу машини да работеа внатре во собата.
Тоа тргна кон вратата, сега само одејќи, но насмеано и весело како
отсекогаш. Кога дојде близу вратата, на ѕидот виде еден цртеж: човече и
стрелка која тргнуваше од човечето и покажуваше кон вратата. Кога се сврте
пак кон вратата, една глава одеднаш се појави од неа, во хоризонтална
положба. Главата беше насмеана, и му припаѓаше на некој старец, а на неа
имаше сив, долг шешир. Главата ја снема во собата, како што и се појави.
Детенцето се закикоти, и со рипкање влезе низ златната рамка на вратата во
собата.
А внатре, црвениот волшебен килим беше распростран насекаде низ собата.
Покрај жолтите ѕидови имаше масички на кои имаше многу шишенца. Во
шишенцата имаше течности во најразлични бои. А на средина од собата,
свртена со грб и зафатена со некои од шишенцата, стоеше сивата фигура која
веселото детенце ја виде двапати досега. Тоа застана смеејќи се и гледајќи
во фигурата пред него. А таа се сврте, и детето можеше сега поубаво да го
загледа тој човек... тој старец.
Шеширот му стоеше надвиснат и стар, делумно покривајќи му ја седата бела
коса која изникнуваше од под шеширот. Неговите очи беа небесно-сини и
длабоки како океани, а над нив се простираа големи бели веѓи. Меѓу очите
спиеше еден шилест нос, а под него големите усни беа покриени од белите
мустаќи, кои паѓаа на краевите. Лицето му беше избраздено од староста, но
топло и пријателско. Тој носеше сив износен мантил кој го покриваше
целиот, освен двете дланки. Во едната држеше луле од кое излегуваше бел
чад, исполнувајќи ја собата со мирис на карамела.
Старецот му се насмевна на детето и го повика со раката кај него.
Детенцето пак се закикоти, и во скок тргна кон старецот. Така скокајќи,
насмеано и неизмерно весело, не ни забележа кога голем клин му го прободе
стомачето и почна да тече крв по тепихот. Две секири излетаа од ѕидовите и
едната му го пресече десното стапало а другата му ја пресече левата нога
кај бутот. Тоа падна со збунета фаца, додека гледаше како старецот со
рачна пила му ја сече левата дланка. Од неа бликаше крв, топла како жар. И
додека дебелкото детенце се спремаше да испушти плач, старецот со пилата
веќе му го сечеше черепот кој шкрипеше и квичеше додека пилата навлегуваше
во него.
Последното нешто што детенцето го виде беше крвавото сечило на секирата
кое леташе кон неговото гркланче.
Наравоучение: животот е супер, соочете се со тоа.
а:автори