т:темплум  


2007:јануари/февруари
општ конкурс

т:тренчева надица

г:години: 38
nadica_trenceva@yahoo.com




 

б:божји заповеди

Кога сум се родила, татко ми не дозволувал да ме крстат во црква. Образложе-ние: Комунистичко убедување. Тогаш баба ми, Бог да ја прости, скришум, без негово знаење, ме замотала во ќебе и ме однела во црква. Попот едвај ми отсе-кол едно перче коса, бидејќи сум била голема плачка. Но, како и да е, работата се завршила.
Неможам сега да речам дека сум многу побожна. Во цркви одам само на голе-мите верски празници: Велигден и Божиќ. И колку и да се трудам, од десетте
Божји заповеди, во меморија ми останале само неколку:
1. Сакај го ближниот;
2. Не лажи;
3. Не кради;
4. Не врши прељуба и
5. Не убивај.
Да ги анализираме подетално.
1. Сакај го ближниот. Дали под ближен се подразбира оној кој седи најблиску до вас во театар, оној со кого сте во блиски родбински врски или оној со кого сте склучиле договор дека и во добро и во зло ќе бидете заедно се додека смртта не ве раздели? Кога точно ќе го дефинирам изразот, можеби и ќе го засакам.
2. Не лажи. Никогаш, дури и во алкохолизирана состојба не лажам, зашто ја љубам вистината и само вистината. Отстапување би направила кога некој би ми вперил пиштол во слепоочницата.
3. Не кради. Истото се однесува и за крадењето. Ми се случува понекогаш, ама само метафорички.
4. Не врши прељуба. Е, ова е малку поделикатна работа. Затоа што, како и за пишувањето, така и за тоа треба да имаш дарба. А последниот што ме откачи ми рече дека не сум скроена за ,, оне ствари,,. И кога ќе размислам, подобро ми е да пишувам.
5. Не убивај. Навистина не би сакала некого да убијам, и покрај тоа што имам голема листа на луѓе кои го заслужуваат тоа.
И за крај, верувам дека оној кој ги заповедал овие наредби постои некаде и раководи со нашите судбини. Не казнува и не благословува според заслуженото.


с:светла точка

Што се случува кога во животот ќе ја изгубите целта? Кога семафорот постојано ќе ви свети црвено? Кога судијата на секој натпревар ви доделува црвен картон? Кога продавачот пред нос ви стави натпис ,, затворено,,? Кога
шалтерскиот работник тукушто заминал на пауза? Едноставно, кога добивате етикета лузер? Ќе пукнете од мака? Немојте. Само ќе им направите ќеиф на соседите и душогрижинците.Не очајувајте. Само свртете нов лист и наместо да го промените светот, променете го погледот. Ставете очила по можност во бо- ја. И наместо луѓе во црно, ќе почнете да гледате pink panter, red bull, blue sky, green field, white night и yellow pages. Кога кон основните ќе ги додадеме и изве-дените бои, тогаш светот навистина би бил шаренолик.
Ви препорачувам постојано да бидете опкружени со музика животот да ви биде песна. И ќе видеме тогаш дали громот ќе удри во коприва.Некој ќе по-мисли дека ја цитирам Цеца. Не, јас само обожавам да ја слушам.И зошто да не кога се се сведува на турбо фолк и турболенции од секаков вид.
Но, се има свој век на траење. Ако сакаме нештата да ги направиме веч-ни и подолго да ни траат, треба да се издвоиме од масата при тоа користејќи моќни оружја: мудроста и нејзините три ќерки: љубов, вера и надеж.
Применувајќи го знаењето, генијалецот треба да генерира новитети и така да си го пробива и осветлува патот.Или како што би рекла баба ми, добриот коњ го земаат од штала.Нема потреба да биде изложен на пазар.
Што се однесува до љубовта и вербата во ближниот, тие можат да ја рас- стопат омразата, да не стават на пиедестал за да се почуствуваме сакани.На-место да шверцуваме оружје и криумчариме дрога,подобро е некому да му ис-пратиме порака со сентиментална содржина.Не само што ќе му го разубавиме денот, туку ќе си го задоволиме и сопственото его.
И за на крај, надежда последна умира. Кога сите врати ќе се затворат, некој прозорец мора да се отвори.Но, не треба да биде премногу отворен, оти ќе навлезат многу муви и мушички, та ќе ни треба време да ги избркаме. Исто така, ако се отвори уште еден, не би било добро. Би настанала промаја. Затоа, треба да бидеме умерени во се. Нема потреба да креваме револуции. Тоа им го оставаме на револуционерите доколку сеуште ги има. Но, да не ја политизира-ме приказнава, туку да и дадеме еден среќен завршеток:
Да го дешифрираме кодот на Де Винчи, да си најдеме некој Ѓорѓија стари бекрија, да го избркаме демонот од Дебар маало, да го запалиме олимпискиот оган и дури тогаш да речеме дека сите овци ни се на број. А не по цели ноќи да се пребројуваме дали ни фали некоја. Тоа им го препуштаме на оние кои го водат сучајот Бачило.
Е сега може да очекуваме семафорот постојано да ни свети зелено, да не чекаме ред пред шалтери и да имаме секогаш јасна цел пред себе.И кога еден ден ќе одлучам да напишам мемоари, истите ќе ги посветам на сите кои животот го вдишуваат спиритуално, кои нештата ги доживуваат сензуално.

 




 

м:мистика

Посветено на М.

Отсекогаш ме привлекувале неверојатни приказ-ни од типот,, Забележан НЛО,, или ,, Откриена гробница стара х години,,. Односно, таканаречени нерешени мистерии. И ден денес ме привлекуваат нерешливи мизерии, пардон, мистерии.При тоа, разликуваме:
1. Мизерно манипулирање со мачениците и
2. Методично маневрирање на мислителите.
И во едниот и во другиот случај, актерите се исти. И оние кои маневрираат и оние кои манипулира-ат. Што е тогаш мистично? Ништо. Се се знае. И кој јаде и кој плаќа. И кој зема и кој не враќа.А се правиме како да сме паднале од Марс. Ама ние само така глумиме. Го залажуваме нашито его.
Мислите ми ги прекина веста на ТВ:,, Уште еден авион исчезна во Бермудскиот тријаголник,,.
Барем да си го оправдам насловот.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































































 

  д:дома