2007:јануари/февруари
жанровски конкурс
т:тренчева надица
г:години: 38.
п:професија: дипл. економист.
и:интереси: музика, филм, фудбал.
д:досега објавено: Две книги поезија:
Патување во себе - поема и Пецкаве искре - афоризми.
Со своја поезија застапена во алманасите на клубот на писатели Тиквешки
цветови - Кавадарци, во бугарскиот алманах Мизија - Плевен,
во алманахот на Карамановите средби - Радовиш 2005, во списанието
за култура Сум - Штип.
н:нешто за себе: На полето на поезијата имам
освоено многу награди: Караманов 2005 за поемата
Патување во себе и пофалена за истата со награда Глигор Прличев, а во
декември 2006 год. награда за афирмација на градот во републички и
меѓународни рамки во полето на поезијата доделена од градоначалникот и
советот на општина Кавадарци. Ова е мое прво претставување во проза, а
воедно и прво во е- форма.
а:анатомија на
човечкото тело
Ми доаѓа. Ми доаѓа
многу често. И наутро кога ги затворам и навечер кога ги отварам
прозорците на спомените. Дневната светлина премнигу бучна, ноќната
премногу тивка, дури претивка. Како да се плаши дека ќе потонам во
нејзините прегратки и нема да се разбудам.
А јас само се обидувам да фиксирам еден лик. Измислен. Имагионарен.
Фиктивен. Непостоечки. Се приближува. Се приближува крадешкум и сака да
загосподари со мојот свет. Го оцртувам. Започнувам од неговите стапала
анатомски обликовани и доволно стабилни да ја издржат неговата тежина.Со
моливот преминувам по скелетните мускули и доаѓам до колената кои мора да
бидат флексибилни и способни за механичко движење. За ритмичка
гимнастика.Како одам погоре, ја зголемувам мускулатурната маса на нозете,
која под влијание на моливот наизменично се стега и опушта. Надразнување
на влакненцата кои реагираат и на најмала дразба.Се подигаат и при
најнежен допир и ја прекриваат целата кожа. А таа, кожата, треба да биде
затегната како лакот пред да ја исфрли стрелата. Ја исенчувам и го
наострувам моливот. Цртам тенка половина, а потоа проширување. Развиен
граден кош, доволно голем да го собере срцето кое треба да пумпа крв и да
му даде живот на телото. Две силни раце одоколу и прсти долги и тенки.
Небаре како кај пијанист кој се спрема да ги милува дирките на пијаното. И
додека свири музиката во мислите ми, ја оформувам главата. Остра брада и
сензуални усни. Ја мазнам хартијата за да ги направам меки и нежни. Ако
продолжам така, можеби ќе предизвикам оган, та ќе стане премногу жешко.
Но, некои тоа го сакаат жешко, зарем не? Продолжувам со прави линии и
добив правилен профил Доаѓам до очите. Сеуште се мислам дали да ги нацртам
отворени или затворени.Ако се отворени, се прашувам дали ќе сака да ме
погледне, или едниоставно со празен лист ќе си ја покрие голотијата?
Незнам. Затоа, се одлучив за затворени. Да почуствувам дека е во љубовен
занес.Да не ја прекинувам играта со моливот. Со силни потези му ја нацртав
косата. Остра, наежена, црна.
Конечно, завршив со цртањето. Неговиот лик ме натера да пеам, да се
натпеам. Да викам, да се продвикам. Потрошена енергија и чувство на замор.
Откако си ги средив емоциите и ги ставив под контрола, почнав да го
опејувам. Да пишувам стихови за него. Та нели сум поет?
Најдлабоките чуства ги извлеков од себе. Најубавата лирика ја компонирав
за него. И седнав сама, сама на брегот.
-----------------------------------------------------------------------------------------------
Ми доаѓа. ми доаѓа многу често . И во зори, и на ранина.
д:двобој
Време: Денешно
Место: Татковинско
,,Времето на кавалиерите одамна измина. Зошто тогаш го прифатив двобојот?
,, - размислуваше Горјан додека прстите му шетаа по тастатурата на
компјутерот. Решението мора да е тука некаде. Оддеднаш, на мониторот се
покажа тоа што го бараше.
Време: 150 години наназад
Место: Географски различно
Тревата се извитка од копитата на коњите. Првиот коњаник му подаде нешто
завиткано во хартија на вториот. А овој, го сврте коњот и во силен галоп
замина во куќата на господарот. Таму го чекаше слугинката.,, Дај и го ова
на господарката.
Но, те предупредувам. Откако ќе го прочита, мора да ти го врати назад.,,
Таа се изгуби во темниот ходник. И додека ја чекаше, наместо неа се појави
господарот. Видно растревожен, му се обрати со мрачен тон:
,, Мора да си ја одбранам честа. Затоа, го повикувам на двобој. Пренеси му
го тоа.,,
Утредента секундантот уште еднаш ги провери револверите. Учесниците на
двобојот мирно го чекаа судниот момент, а некој настанот го набљудуваше
оддалеку.
Очите и беа затворени, а со прстите го стискаше писмото до срцето. На
тревата лежеа две тела.И двата куршума успешно ја завршија својата мисија.
За неа повеќе немаше живот. По некој ден и таа го напушти овој свет.
Време: Денешно
Место: Истото
Кој се уште верува во романтична љубов? И дали Елена си поигра со нивните
чувства кога им нареди да и напишат љубовна изјава? Но, Горјан беше решен
да оди до крај. Лутајќи во Интернет, ја пронајде содржината на писмото кое
пред 150 години беше напишано од раката на еден романтичар. Користејќи
стари речници, успеа да го преведе и да и го достави завиткано во црвена
панделка.Елена доби уште едно такво. Внимателно ги прочита и двете.
Епилог
Времињата се менуваат. Наместо да паѓаат глави, текстот од писмото на
Горјан, Елена го искористи за својата најнова песна.И не едно и не две,
туку многу, многу срца беа погодени.И не беше тајна, туку магија
содржината на летописот. Некои работи, исто како и виното, кога ќе
одлежат, добиваат во квалитет.