2007:јануари/февруари
општ
конкурс
т:трајаноф енеја
enamarelena@gmail.com
п:повторна средба
Седеше сама..
размислуваше за се што се имаше случено во тие ситни дванаесет часа од тој
прв ден на некој месец..месецот на љубовта, месецот на виното, месецот на
некој нов почеток.
Премногу, си помисли, премногу е!
Стана од креветот, навлече еден од своите развлечени џемпери рачно
исплетени...не се ни погледна во огледалото , ниту се запраша колку студи
надвор. Ги облече своите омилени мартинки, си го префрли виножитото околу
вратот( тоа беше нејзиниот среќен шал) и замина!
Надвор се беше бело. Магијата на зимата бешЕ насекаде. Во таа чудна
состојба на недопрена убавина, нејзиниот свет се бореше за опстанок.
Дванаесет часа.Дванаесет часа. Само толку е потребно да ти се сруши
светот.
Одеше бавно, а снагата и се тресеше од неочкуваниот студ.
Добро е, се насмевна, во следните дванаесет часа ќе се разболам од кобна
настинка проследена со бронхитис и моето срце ке препукне вистински! Ете,
тоа бар е нешто добро!
НЕмаше никој кој би се грижел за неа и за нејзиното здравје. НЕмаше никој
кој би и носел топол чај и пилешка супа, кој ке и го одрзува огнот во
старата месингена печка на дрва, немаше. И тоа не беше страшно. Ниту
зачудувачко. Се живееше некако, самотијата се престори во нејзино второ
јас, или можеби дури и прво и беше таа.. како и да е, се се случи со
огромна брзина. Дванаесет часа. Дванаесет делови од стариот часовник кои
истекуваа со нивното досадно клик-клак темпо за да и донесат се што и
донесоа.
Застана за да и се восхитува на белата пустина која се протегаше пред неа.
Пустина и беше и душата. НЕ бараше ништо од животот. Го живееше и мислеше
дека добро и оди.
Продолжи да талка и да го валка кристално белото пред себе, неразгазено,
непоразено бело..играше некоја чудна игра со снегулките кои не престануваа
со својот танц. Ги газеше безмилосно, и не се вртеше назад. Оставаше
позади себе трага која за неколку делови од часот ќе се изгубат под новиот
снежен вел.
Тоа и тие дванаесет часа и го сторија денес на нејзината егзистенција. и
донесоа нешто -не го бараше, не го знаеше, не го сакашЕ, не знаеше што со
тоа нешто..со објаснување дека во нејзиното постоење сега пустината ке се
престори во оаза а снегот ке се растопи за да раззеленее тревникот пред
нејзината куќа.
Застана. Зеде залет и се фрли во снегот пред себе.
Одбиваше зеленило..си ја сакаше самотијата..сакаше што нема кој да се
грижи и да ја сака, топло и беше околу срцето кога е снег, кога мразот
царува, кога е тишина..
Дванаесет часа..кој му даде за право на времето да одлучува место неа? Од
каде времето знае дека таа е спремна за сонце, за цветови, за оази, за
пролетен ден? Од каде знаеше големиот дрвен часовник дека сега таа треба
да сака? И да прифати ? И да почитува? И да сака некој друг?
Сето тоа се случи само во дванаесет часа.
Таа лежеше во снегот. До неа допираше нечие чекорење. Стапки кои беа туѓи.
Но, малечка, каде исчезна? Ајде, стани, па те немам видено цела вечност!
Дојди, направив чај од мајчина душица, колачиња со цимет, знаеш, оние
твоите, омилените.. а има и малку рум што татко ти го купи специјално за
тебе! Ајде.. ајде.. ке се разболиш вака во снегот.. знаеш, отсекогаш го
сакаше снегот. Се сеќаваш ли кога беше малечка колку многу сакаше да
правиш слики- ангели во дворот пред куќата?..
Молк. Неподвижност. Само дванаесет часа може да ти го срушат светот. А
крајот, крајот беше толку далеку..
п:последен рез
Рацете не можеа да го
држат тоа парче хартија. Намирисано со нејзиниот парфем помешан со болка,
пот и мирис на амонијак. Се тресеше неговото тело, неговите очи беа полни
со солена вода како да е тоа Средоземното море кое чека момент да се излее
и да ги поплави песочните плажи на Кан, Ница, Монако..така таа велеше кога
ќе го видеше тажен.. е веруваше, сакаше да не е, ама е! и тој за прв пат е
целосно немоќен пред овој факт: ТАА Е МРТВА........
....... “ Дојде време, да! Дојде и тоа време кое ми вели МОРАШ! Мора да се
збогувам со тебе, мој мил Габриел. Ги вкусив твоите усни, го осетив твоето
полу-голо тело врз моите расцутени гради, се насладував од твојот нектар,
и беше близу Универзумот….. но не, не ги избројав ѕвездите ниту ангели ми
пееја приспивна. Само ставив крај на едно слатко мачење.
Те исплашија моите искрени пијани очи, те погодија како копје моите
зборови непромислни, те изненади мојата тајна криена во соништата, под
меката перница. Љубовта што ја носам во себе се излеа пред твоите нозе. Не
ја крена во раце. Не ја прегази. Само вџашено зјапаше во тој куп емоции.
Мое мило зајачко срце, засекогаш ќе бидеш најубавиот дел од моето
преживување. Засекогаш ќе те следам како што ноќта го следи денот. Но, ти
си ден и не знаеш дека постои мрак кој пак, иронично, свесен е и знае како
изгледа светлината бидејќи таа го љуби пред умирање, пред спиење.
Ајде, заминувам и јас. Ќе те вардам. Ќе те сакам. Уште повеќе. Но сега,
сега те ослободувам од моите мисли. Те исфрлам надвор од ова затемнето
срце како што барабанот исфрла среќни лото-броеви, а пенисот при
ејакулација исфрла живот. и јас отфрлам,исфрлам живот. Не, сга знам дека
се ти е не, нејасно и не, еднотавно не. Се ти зуи во главата и пред се
ставаш честица за формирање негација. НЕ.
Неверно,Неубаво,Несреќно,Невозможно.. да, Габриел, те познавам, те знам,
те паметам и знам зошто е се вака како што е. Среќна сум. За прв пат во
животот ЗНАМ. Но себично ќе заминм со тоа знаење закопано длабоко во
мојата и само моја свест. Ти, ти ќе бидеш среќен. А јас, знаеш јас сум се,
вкупност, бескрај.. јас ќе подолжам, барајќи го неуморно моето изгубено,
заслужено парче спокој. Некаде таму, ме чека. Некаде таму, постои душа
која ќе може да ја издржи тежината на моето постоење.
Ти, не..ти ниту сакаше ниту се обиде.
Збогум. Со лесно. Те чекам сакајќи, те сакам чекајќи светците да те
вразумат и да те ослободат. “……….
……….. Молк. Кобна тишина. Солза. Уште една. Се нурна во кадифениот Вини и
само плакаше. Не сакаше да мисли, да зборува, да верува, не сакаше да ја
сака, сакаше да и каже дека ја сака, сакаше да ја бакне и таа да ги отвори
своите сивозелени очИ во кои беше скриена неговата суштина, сакаше да може
да и објасни, но не.. Последниот чин, кој не сакаше да го изрежира и за
кој вети дека ќе биде совршен, сега таа го изрежира. А тој беше несакајќи
од онаа страна, на сцена, играше, а не знаеше дека игра. Таа беше тој, а
тој, за прв пат, тој беше таа.. отворена, весела, смела, бесмртна.