т:темплум  


2007:јануари/февруари
општ конкурс

с:сотир ристо

ristosotir@yahoo.com




 

к:клац

Примамлива женска половина, врз која се впишуваат неплатени сметки на манијаци кои го почитуваат законот. Колкови кои се нишаат како брисалки и не дозволуваат да се концентрираш, толку струја, уште толку вода, парното ќе поскапи оваа зима. Контролор кој ненадејно влетува по карти, картата ве молам многупрекрасна госпогице, и така натаму, клац - клац, клац - клац
 



 

ж:жителите на едно село

Жителите на едно село речиси 100 години се смееја на еден виц. Секако дека не смеат да се занемарат неговите безбројни верзии, разните интерпретации и неспорната способност за изведување на артистичко - кловновски расположените селани.
Нивната рецитирачка , гестикулативна, акробатска изведба на која можеше да им позавиди и најдобриот театар, и што повремено прераснуваше во спектакл на десетици мажи и жени околу огнот што искреше на сред село, на василица или на друг празник, не успеа да насмее еден странец. Тоа беше почеток на крајот.
 



 

л:лето

Летното сонце, асфалтната жештина, лебдечкиот воздух како да ја зголемува одалеченоста ме”у лу”ето. Осамени силуети се тетерават, се разминуваат , се дочекуваат. Нивните недефинирани форми како да се стопуваат , се измешуваат и се растегнуваат. Лу”ето изгледаат како топчести аури кои се влечат од најблиската сенка до нивната крајна дестинација, нивниот дом или?
 



 

м:мариела

Ја видов Мариела од другата страна на семафорите, и таа ме забележа знаеше дека ќе се обидам да ја стигнам и само го забрза чекорот инстиктивно механички, како стомакот да ја турна, почекав да поминат автомобилите и се префрлив на другата страна, позади неа, таа само крадешкум погледна наназад, откако поминаа и другите автомобили се префрлив и сега поме”у нејзе и мене немаше пречка, се обиде да затрча, но одеднаш подзастана и продолжи нормално да оди, најприродно скршна зад зградата на Нова Македонија и Клубот на пратениците, јас забрзав позади неа, на кривината видов дека трча со главата наназад, кога ме виде како да испушти некаков глас и јас почнав да трчам, знаеше дека веќе не може да побегне иако испаничено се уште трчаше и плачливо скокаше како мало девојче, ја зграпчив за главата , плачеше но не се опираше, се предаде ....

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































 

  д:дома