т:темплум  


2007:јануари/февруари
жанровски конкурс

s:silence

г:години: 18
creeper_1_8@yahoo.com




 

п:слатка мала

Ноќ е...
Тишината се прикрадуваше насекаде, засенувајки ги реликтните остатоци од неодамнешната светлина.
Шумолењето на гранките ја навестуваше бурната игра на древните потомци на бурата.
Шепот.......тишина...страст.......
Сами на плажата, го слушаме морето,го милуваме ветрот.....
Убавина,чекор.... поглед кон небесното, чуство на бестелесност.........
Среќата го насетуваше мирисот на љубовта, се прикрадуваше во невините наши срца, ни ја даваше магијата на водењето љубов.
Шепотот твој одекнуваше како татнеж, физиономијата на твоето невино лице беше огледало на љубовта.
Ѕвездите далеку горе ни се насмевнуваа, морето ја оставаше древната мудрост на нашите нозе.
Бевме легнати врз влажната морска песок, твојата насмевка ги будеше заспаните хормони кои долго го чекаа моментот на себеуништување.
Слатка мала љубовна тајна.........
Слатка мала љубов.....
Свежина и страст.
Ветрот се прикрадуваше низ нашите голи тела, се обидуваше да ја пренесе магијата на љубовта на циниците и злосторниците. Се обидуваше моментот кој трае неколку минути да го направи вечност.
А ние.........
Водевме љубов под светлината на ноќта, обвиени со кебето на страста, гледајки низ призмата на иднината.
Се чу извик..... Извик на бол кој го разбранува морето.......
Падна првата капка крв.....
Онаа крв која го навестуваше раѓањето на новиот живот.
Умираше последниот детски сон.....
Децата во нас се претворија во возрасни.
Се случи...... беше тоа првиот пат.......
Морето се израдува, тишината се распрсна..... Остана само ноќта.....
Долго потоа седевме сами милувајки ги водните бранови, бакнувајки се страсно..... сами како никогаш досега.....
Слатка и мала љубов моја......
Го гледам твојот лик закачен во пределите на хармонијата. Нашиот љубовен плод од онаа вечер ........
Те сакам.....
Милувај го нашето дете-сонот засекогаш.....
Кога ќе водиш љубов со друг сети се на мене.......
Остави ја тишината нека умира сама........
Биди светлина-ден.....
Чекори по изгазените лисја на реалноста,допри ја вечноста со само едно бакнување во тивката ноќ.
Допри го моето тело.........
Нека јас бидам перницата на која спиеш......Креветот во кој сонуваш........

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања




































 

  д:дома