2007:јануари/февруари
општ
конкурс
s:silence
г:години:
18
creeper_1_8@yahoo.com
п:принцеза
Убавице најмила!
Принцезо на бајките! Вечерва со волшебни
зборови исплети бајка која ќе го разголи моето срце!
Господарке на природата!
Владееш со сите природни сили,ние сонувачите сме твои слуги,
задоволувачи на твоите љубовни страсти.
Подари ми го мигот кој ќе трае кратко,а кој ќе го помнам вечно!
Дозволи ми вечерва да бидам твој принц!
Покажи ми ја твојата природа, нареди им на
стражарите да ја отворат портата кон љубовта!
Сакам вечерва да бидам твој, твој и само твој!
Ги гледаш ли кристално заледените снегулки како го постелуваат креветот
кој вечерва ќе биде наш?
Погледни далеку кон хоризонтот!
Сонцето заоѓа, ноќта е пред нас.
Немој да бидеш тажна! Не плачи!
Затвори ги очите и почни да сонуваш!
Замисли ме мене во твоите прегратки, не
размислувај за оние кои те посакуваат! Вечерва
мисли само на мене! Јас ќе бидам твој сон,
твоја ѕвезда водилка во бескрајниот универзум.
Оваа ноќ е создадена за нас. Ова шарено небо,
прекрасно обоениот мрак ни е подарок од Боговите.
Тргни ја свилената наметка од твоето тело, стопи
се во мојот поглед и предај се на твоите страсти.
Тоа сме ние!
Ние двајцата прегрнати пред сенката на љубовта.
Вечерва, оваа волшебна ноќ ти го подарувам
прстенот кој ќе ја запечати нашата љубов.
Создаден само за тебе, направен од
најскапоценото злато-љубовта. Овој неуништлив
прстен кој го правев со векови,ги топев зборовите во топилницата на моето
срце, ги испишував буквите од твоето име со
капки крв од моето тело.
Вечерва ти го подарувам, те молам земи го,
биди дел од мене, за јас да бидам дел од
тебе!
Го слушаш ли гласот кој не довикува?
Тоа е скриениот глас од нашата интима кој не повикува да побрзаме.
Подај ми ја раката најмила!
Да трчаме брзо низ постелнината од снегулки. Да
летнеме кон бескрајот каде сјајот од твојата коса ќе биде наше сонце,
наш извор на енергија, наша фантазија!
А сега, сега затвори ги очите!
Крени ги твоите раце кон небесата, препушти се
на ветрот да те донесе до мене!
Отвори ги твоите усни, нека здивот што ќе го
испуштиш ги стопи нашите срца!
Полека паѓај кон мене, паѓај и нежно допирај ме!
Јас сега сум твојот толку посакуван принц, човек
од крв и месо, некогашен роб на твојата страст.
Сега сум твој љубовник,с трастен обожавател на
твоето тело!
Нека оваа ноќ ги запечати нашите судбини!
к:капки дожд
на прозорецот
Kапки дожд на
прозорецот.
Ненадејна врева го уби молкот во собата.
Дали тоа беше одблесок од минатото или времето едноставно го заборавил
својот пат и тргнал во погрешна насока?
Седеше сам и го дообликуваше својот идеален,
архаичен свет, свет изграден само за неа,за
неговата сакана, сега веќе далечно минато.
Во неговиот свет без лаги и измами, без прељуба
преовладуваше мистичноста, неодоливоста,
невиноста.
Единствен закон беше законот на љубовта.
Со денови осмислуван, креиран,
пишуван во неговото срце, тоа
претставуваше единствената креација во неговиот живот.
А зошто?
Само заради неа,заради еден нејзин бакнеж,една нејзина насмевка,
еден нејзин поглед....
Ах колу беа слатки тие дни, тие волшебни емоции
кои струеја низ неговата крв....
Ништо не беше толку важно како љубовта, ништо не
го правеше да се чуствува толку среќен колку градењето на неговиот
магичен, идеален свет.
Деновите течеа, како капките дожд на неговиот
прозорец, небото беше кристално сино кога тој
гореше од желба за нејзините усни.
Нешто како дрога...
Нешто што му треба, а толку е далеку....нешто
слично, речиси исто на вечност.
Ах тие усни по кои копнеам! -
милозвучно му прошепоти на единствениот негов пријател
- фантазијата.
Магично возбудливата ноќ, преполна бои,
преполна невиност и копнеж, болка и
тага... не остана ништо од преполниот ковчег
радост кој го чуваше на таванот, тоа беше
неговата душевна храна, неговата надеж.
Единствено нешто,дар од Бога, непроценлив дар на
осаменоста, единствено нешто што му го хранеше
срцето беше пакетот меланхолија и страст.
Идеалниот свет беше изграден,законот на љубовта беше донесен,
без пропусти, без грешки.
А неговата коса побеле.
брчки на неговото лице.
Осаменички поглед некаде далеку.
Далеку во бескрајот.
И кога посака повторно да биде стариот тој,
страстен љубовник, зависник од нејзиниот бакнеж,
трагач по мистиката, тој го зграпчи
времето, го претвори во негов слуга кој ќе се
покорува на неговите закони и одлета да леку восјајното минато.
А таму не постоеше ништо посовршено од неговата иднина.
Тој остана вечен сонувач на идеален свет на љубовта.
Генијален креатор на законот на љубовта.
Тој не се промени.
Колку и да патуваше во времето, за него љубовта
остана недопрена димензија.
Скриена димензија која не можеше да ја дофати.
Тој беше оригинален, еден и единствен познавач
на бескрајот.
Еден и единствен познавач на фантазијата, воедно
нејзин најголем слуга.
н:на скалилото до
вечноста...
На скалилото до
вечноста, пред искривеното огледало на возвишеното и волшебното стоеше
една девојка, навидум несреќна.
Нарциса!-прошепоти таа.Колку си грда!
Да,тоа беше нејзиното име,напразно изговорено во бескрајот,не слушнат од
никого.
Ах само да беше тука!
Да те прегрнев,да ти шепотев на уво,да ти кажував за моите соништа и
мечти.
Се прегрна самата себеси додека нејзиниот поглед беше вперен во
искривеното огледало на нејзината убавина.
Нејзините мисли,спомени и мечти беа оковани во временски синџири,нејзината
слобода беше одземена од убавината,нејзината душа се претвори во монструм
кој очајуваше по совршенство.
Додека се топеа снегулките на нејзиниот прозорец таа сонуваше.
Во нејзината свест струеше неуништливата мисла за убавина и совршенство.
Како може да сум толку грда?
Дали јас сум само едно бедно човечко суштество,неоткинлив дел од синџирот
на трагачите по убавина?
Вдишувајќи ги духовните наслади кои доаѓаа од огромниот број нејзини
обожаватели таа ја полнеше својата душа со мисли,нераскинливи
мисли,благи,обвиткани со доза на горчина кои во неа будеа сомнеж.
И така секој ден.
Блескаше од убавина,но нејзиното искривено огледа ло го покажуваше
спротивното.
Очај и тага.
Пред бистриот поток стоеше Нарциса.
Нејзините мисли почиваа во водата,нејзиниот лик јасно се оцртуваше во
капките студена вода кои нежно потекуваа по нејзиното лице.
Љубовта кон самата себе беше ја заробила во еден упостошен свет,ограничен
свет,за ограничени битија.
Но она.....она беше неограничено убава,само што таа не го знаеше тоа.
Само она не го знаеше тоа.......
И додека чекореше,додека газеше по почвата која жедно го впиваше нејзиниот
мирис,од неа извираше неизгаслив архаичен ток на блескавост и милост.
Нејзината подсвест струеше низ за нас сеуште несфатливите емоционални
димензии на сакање,разговорот со ноќта траеше до изгревот на сонцето.
Нарциса беше мајка на убавината,олицетворение на битие кое бара,кое се
надева и тагува.
Нејзините замрзнати солзи почиваат во алеата на великаните.
Нејзините солзи се лек,нивната сјајност е непроценлива,тие се духовно
богатство на една цивилизација.
Не.......таа не е мртва.
Таа е во нас,таа е нашата слабост да се запознаеме себеси,но и нашата
храброст да се бориме,надеваме и умираме за нашите сакани.
д:дали
вселената размисли пред да се создаде?
Дали вселената размисли
пред да се создаде?
Дали тој милијардити дел од секундата беше пресуден за раѓањето на радоста
и болката?
Вжештените атомски јадра бргу се распрскаа насекаде,просторот се создаваше
со неверојатна брзина,за жал незамислива за нас.
И по толку години,таа сеуште се шири во бескрајот.
Бескрај?
Незамислив математички поим,недоволно равиен перцептивен орган за
воспривање на Боежствениот бескрај.
А како да го дефинираме невидливото,недопирливото и на крај незамисливото?
Можеби никако.
Годините минуваа,галаксиите се создаваа,секоја за себе беше мала
вселена,секоја во себе содржеше милиони ѕвезди-нивни ќерки носители на
живот на новите планети.
Случајно или можеби намерно,на една пуста вжештена почва падна сосема
проста форма на живот или органска молекула-прекурсор за раѓање на живот.
За неа немаше љубов,болка,тага и радост.
Едноставно просто развиен инстинкт,инстинкт за преживување.
Пред појавата на првата форма на интелигентен живот земјата беше гладна за
љубов,во нејзините вжештени пори течеше само студенило.
Се појави човекот.
Пред него се разбира се појавија уште многу форми на живот,изумреа
слабите,останаа храбрите.
Љубовта почна да навлегува во земјините пори,враќајки и го долгот на
природата.
Дали вселената размисли пред да се создаде?
И гореа.......гореа човечките срца за љубов,за страст и задоволство.
Се вртиш назад неколку милијарда години.....пустош и страв.
Опседната и зависна човековата душа наоѓаше милиони начини да го добие
посакуваното.
Се роди алчноста.
И пред тоа имаше,но денешната мутација е неуништлива со ниту еден
психолошки лек.
Дали вселената мисли?
Можеби.....можеби ние сме создадени да сакаме и љубиме,да подаруваме и да
се радуваме на добиеното.
А што е сакање,што е љубовта?
Можеби е генетска грешка,можеби е непоправлива генетска програма во секој
жив организам,или пак можеби е предуслов за извршување на сите животни
функции.Кога ќе се обидам да погледнам длабоко во себе откривам безброј
неверојатно мали светови,секој посебен-а толку исти.
Во тие мали ќелии на животот,љубовта го исполнува секој простор,на некој
начин пред да се создаде вселената се создаде љубовта.
Насекаде опеана,во митови и поеми запишана........Колку е убаво да си
љубов!
И ќе гори засекогаш,ќе плаче и ќе се смее.......Тоа е љубовта.
Можеби еволуцијата еден ден ќе го згази ова возвишено чуство,но
секогаш,секогаш во нашите гени ќе има древен остаток од љубовта.....Древни
записи,мозаици од нуклеотидни парови кои ќе ги чекаат идните “Археолози на
љубовта“ да стигнат до нив,да ги откопаат и да се возхитуваат на она што
некогаш го имало во нивните предци,а сега го нема.
Но тие древни списи,Божествени дарови од природата можеби ќе бидат
заборавени засекогаш.
Ако еволуцијата ги избрише генетските информации складирани во банката на
постоењето,генетските информации од областа на љубовта ќе згаснат
засекогаш.
Нашата цивилизација ќе се претвори во роботи.
Зар не е слатко да сакаш и да љубиш,да се возхитуваш на твоите дарби и
неограничени можности!
Зар еден цвет е помудар од нас луѓето.еден цвет кој си игра со дозволените
генетски кодови за да создаде совршен спектар на бои доволно убав за
самиот себе и за околината?
А ние........Ние се давиме во океанот на мачнината и болката.
Се поради предебелата линија меѓу разумот и срцето.Кога таа линија би била
потенка или подобро да не би постоела ние би ја увиделе убавината на
природата и можеби ќе дознаеме дали вселената размислува.......