2007:јануари/февруари
жанровски конкурс
р:ристевска ивана
г:години:33
н:нешто
за себе:љубител на пишаниот збор
џ:џандар збира
,,Добро би ми дошло
едно пиво,,. Му рече Николче на својот другар Оливер по напорниот тренинг.
,, Би сакал и јас, но морам да се одморам. Довидување до утре.,,
Николче и Оливер играа фудбал заедно неколку години. Утрешниот натпре-вар
им беше многу важен. Посебно на Оливер. Доколку победеа, ќе го освоеа
националниот куп, а ако Оливер постигнеше гол, ќе ја освоеше наградата ,,
Зл-атна копачка,,. Од фудбалот заработуваше многу пари, а беше и доста
попула-рен меѓу девојките. Но, неговото срце и го поклони само на една,
која му беше се на светот.
Кога пристигна дома, го чекаше изненадување. Наместо девојката, на масата
забележа порака:,, Ова не е класично киднапирање. Ова е игра. Ако успешно
играш, девојката ќе ти се врати. Се е во твои раце. Ќе ја играме играта ,,
Џан-дар збира,,. Правилата се следниве:
Во компјутерот го наоѓаш шпилот карти и влечеш една. Ми ја соопштуваш
картата, и добиваш инструкции од мене. Имаш право на три извлекувања за да
го добиеш конечното решение.Со среќа.,,
Оливер ја изгуби розевата боја на лицето и со тешки чекори се упати кон
ком-пјутерот. Од каде знаеше киднаперот за неговата омилена игра?
Како и да е, шпилот беше измешан. Кликна со глувчето и извлече една. Дама
каро. Ја испрати и по една минута ја доби следнава порака:
,, Дамата е на улица ,, Илинденска ,, бр. 35.
Ова е премногу лесно за да биде вистинито. Сепак, се упати на зададената
ад-реса. Вратата беше отворена. Станот празен, а на ѕидовите слики од
девојката и едно момченце од 5 - 6 години. Вклучен компјутер. Повторно го
измеша шпи-лот. Седумка срце. И порака во вид на песна:
,, Седум стрели упатени во срце, седум солзи пролеани по ред, по седум
години тага и расплет.,,
Тој не го гледаше расплетот никаде. Тажен се упати дома. Му остана уште
една шанса. А таа се викаше АС пик. ,, Доколку го постигнеш фамозниот гол,
не са-мо што ќе се прославиш како најдобар голгетер, туку ќе го добиеш
решението и девојката.,,
Трибините беа полни со луѓе. Но тој не го приметуваше тоа.Пред очите му
бе-ше ликот на девојката.Мораше да даде се од себе. Но, колку и да се
трудеше, беше збунет. Останаа уште пет минути. Наеднаш, ја забележа
девојката во пр-виот ред. Сега му остана уште решението. За да го добие,
мораше да даде гол. Некаква сила го повлече напред. Николче му ја дофрли
топката и Оливер со глава ја затресе мрежата на противникот. Сите се
радуваа и го прегрнуваа. Тој успеа да ги слушне зборовите:
,, Прости ми. Јас бев и киднапер и жртва. Го киднапирав твоето срце. Моето
бе-ше киднапирано пред седум години кога го родив син ми, а саканиот ме
остави. Сега синчето живее со тетка ми. Незнаев ако да ти го кажам тоа. Се
плашев де-ка ќе ме оставиш. Затоа те ставив на тест. Да ја тестирам
твојата љубов спрема мене и да те натерам да дадеш гол. ,,
Тој нежно ја прегрна. Аплаузот сеуште одекнуваше на трибините. Фановите
воопшто не беа свесни за драмата која се одвиваше во душата на нивниот
идол.
д:девојката со
чадорот
Дволичен живот живееше.
Преку дента срамеж-лива, тивка, мирна. Мрак штом паднеше во град-от на
светлината, таа се преобразуваше.Работе-ше во ноќен бар.Задушлив, задивен,
замирисан.
Сите го очекуваа нејзиниот настап. Ајде сега да ѕирнеме во соблекувалната
за да видиме што се случува таму.
Таа ја започнуваше својата предигра. Телото го намачка со етерични масла.
На ерогените места стави парфем. ,, Ноќна орхидеја ,, позади ушите, Ванила
разли по деколтето, а ,, Див мошус,, стави на препоните на нозете. Зошто
токму по тој редо-след? Затоа што ноќните шепотења започнуваат на увце.
Шепотењата преминуваат во милувања, а милувањата во дива сраст.Да
продолжиме пона-таму. Фрли некое парче облека на себе. Само па-покот и
беше гол, затоа што тој е центарот на све-тот. Од него се започнува и во
него се завршува. Стави маска на очите и се упати на сцена.
Единствен реквизит и беше еден чадор. Жонгли-раше со него подобро и од
жонглер. Се вртеше наоколу , го исправаше, го налегнуваше.Го стис-каше со
забите за дршката. Најпосле го отвори и го вртеше со едната рака. А со
другата? Капките пот и се собираа на папокот.Со раката ги слеваше
нанадолу.Кога ситуацијата ја доведе до точка на вриење, ја прекина
играта.Чадорот го затвори. Магијата исчезна.Тоа беше се за оваа вечер.Утре
сценариото ќе биде различно. Само чадорот ќе биде истиот.