т:темплум  


2007:јануари/февруари
жанровски конкурс

п:петар пан

petar_pan@mail.net.mk




 

м:мојата сексуална еволуција

Собата што ја отвори Ана беше мала, со скршена табуретка поставен над весници на голите штици на кој лежеше душекот.Имаше една столица, една маса, висеше гола сијалица и немаше ништо друго.Ана се соблекуваше постапно.Тоа за мене беше премногу.Одвај уживав во чинот.Не потраа ниту секунда и за мене се беше завршено, по цел викенд планирање, после сиот тој трошок, јас не знаев што да кажам.Ана оставајќи ја мојата глава да лежи врз нејзините тврди гради рече,“Една моја пријателка вели дека тоа често им се случува на мажите, тоа е поради долготрајна апстиненција. Мажите не ни помислуваат дека ќе мораат да се помачат малку”.Тогаш се сетив како татко ми кажуваше како му велел неговиот татко, “Прво задоволи ја жената. Потоа мисли на себе.” Јас реков.“Ана пушти ме да се обидам повторно.”Се обидов повторно.Сега траеше подолго, но Ана не рече ништо. И тогаш како и претходно , чинот заврши. Тоалетот беше на крајот од поцрнетиот ходник.Пајажини, како рибарски мрежи од што беа начичкани со прашина, го прекриваа високото, рѓосано казанче и висеа како некакво перде над малиот прозорец горе.Кога се врати Ана се облече многу внимателно.Јас не ја гледав.Се симнавме по скалите без да си проговориме.Никојпат повеќе не се видовме заедно во истата соба.
Подоцна отидов кај чичко ми и во неговата домашна библиотека погледнав едно издание со тврд повез на “Младинска книга Љубљана”, СЕ ЗА ЉУБОВТА И СЕКСОТ. Тој ја имаше оваа книга долго време, а јас никојпат не добивав желба да ја отворам. Насловот ме срамеше и ме одбиваше, се плашев чичко ми да не влета во собата и да не види што читам. Големото издание со тврди корици беше така вкоричено и толку стегнато што наместа беше тешко да се видат почетоците на редовите. Бев присилен да ги тегнам страниците и да ја држам книгата под разни агли. Најпосле го најдов тоа што го барав. Прочитав дека просечен човек може да додржи десет до петнаесет минути. Тоа значеше лоша вест за мене. Еден или два реда понатака стануваше уште полошо. Прочитав дека еден сексуален атлет лесно може да одложи до половина час. Тоа ми дојде како удар. Го отфрлив тоа што го прочитав и престанав да читам.Следниот пат кога го видов чичко ми го прашав:
“Чичо како научи за сексот.” Тој рече.
“Треба да почнеш уште од мал да учиш, ние сите почнавме од мали.”
“Тешкотијата со тебе е што ти си премногу уреден и педантен. Луѓето те гледаат и не те забележуваат.”
“Ти си поуреден од мене. Секогаш си во костум и убава кошула.”
“Да ама јас ги нервирам жените. Тие се плашат од мене. Со тебе не е таков случајот сексот е брутална работа. Ти мораш да бидеш брутален.”
“Дали и стрина Кети се плаши од тебе?”
“Таа не се плаши туку се вкочанува од мене. Прашај ја.”
Никојпат не ја прашав, ама решив и јас како чичо да вежбам од мал да бидам брутален во сексот и љубовта. И го достигнав врвот. Години потоа шетав и застанав во златната уличка пред една продавница за златен накит, толку сјајна што блешти во сечие око. Ги посматрав сите тие убави изработки од злато кога го слушнав трговецот со злато како се лигави покажувајќи и на една убава и стројна жена еден прекрасен златен прстен со мал дијамант. Трговецот зборуваше:
“На Вас ќе ви го дадам госпоѓо за само илјада евра, толку и мене ме чини. Од секој друг би барал илада и петстотини, но за вас правам исклучок.”
Таа долго време се мислеше. Прстенот и нејзините очи имаа ист сјај. После подолга душевна борба и болно колебање рече.“Не премногу е скапо за мене.”
Трговецот стана уште по речит.
“О госпоѓо па тоа вреди најмалку две илјади јас Ви го давам за илјада.”
“Не викам дека не вреди но за мене е прескап.”
Тогаш решив јас да стапам на сцена и да покажам што сум научил.
“Извините господине а колку чини овој прстен за мене.”
Изненаден трговецот одговори. “Илјада и петстотини господине.”
“Ќе го купам.”
До тогаш госпоѓата не ме ни приметуваше, а потоа нагло се сврте па ме изгледа од глава до петици. Беше убава жена. Пламтеше целата, а посебно прстенот во нејзините очи. Излегов надвор со прстенот и брзав да ја стигнам убавата госпоѓа.
“Извините госпоѓо овој прстен го купив затоа што на Вас ви се допаѓа.”
Тоа очигледно и годеше, се насмевна и ме праша,“a од каде ме познавате.”
“Не Ве познавам, реков, но ги познавам жените кои знаат што е убаво.”
Тоа ја опи целосно, а јас се осеќав како војсководец пред почеток на фронтовска битка.Отпрвин го одбиваше поклонот, а јас реков дека ќе биде нејзин доколку ми дозволи да погодам што прави секој ден во ова време. И се допаѓаше таква игра. Таа се насмевна и јас бев готов да погодувам, “пиете кафе”, реков
“Да.”
“Па одиме тогаш.”
Отидовме во една блиска кафетерија во која стално навраќав и каде ги сретнав своите колеги. Ја запознав со сите. Таа беше луда од радост. Времето поминуваше, а тогаш реков, “сега сигурно вечерате. Така ли е?” ,“да”, одговори.
“Тогаш одиме на вечера.”
Кога излегувавме решив да ја скратам играта не можев да чекам повеќе и реков:
“Се предавам не знам што правите после вечерата.”
Таа се насмевна и рече, “па понекогаш одам на кино или во театар, ама само понекогаш а најчесто сум дома и спијам.”
“Па убаво тогаш”, и реков “одиме кај вас дома на спиење”.
Веќе ништо не проговоривме.Нејзе од време на време ја фаќаше силна возбуда, целата трепереше, час изгледаше како да сака да побегне час како да сака да остане, но по се изгледа длабоко во душата сакаше да остане и решена беше да истрае до крај. Штом влеговме во нејзината соба, таа набрзина се соблече, па се вовлече во постелата, не кажувајќи ниту еден збор, ме чекаше целата стуткана во миризливиот чаршав. Но јас бев неискусен каков што може да биде човек кој својата сексуална наобразба ја добива од книгите заедно со својот евергрин чичко, а таа беше поискусна од мене и бараше многу повеќе. Начинот на кој го живеев својот живот не нудеше можност за поинакво искуство. Не се разбиравме многу во сексуалната игра, нималку не се разбиравме. Слабо ја следев, се вртеше околу мене како јагула а јас бев премногу спор и бавен. Килаво се качував по планината.
Ноќта поминуваше, заспавме.
Конечно утрото зазори и продре малку светло измеѓу спуштените завеси. Станав, се измолкнав од креветот и бесшумно се облеков, а вратата беше скоро отворена кога од чкрипењето на кваката таа се разбуди и почна да ги трие очите.
“Значи си одиш”, ги протегна рацете а градите и изрипаа како зајачки уши од под чаршавот.
“Па си одам веќе е утро.”
“Добро дај да те прашам сега нешто. Ти ѓаволски ме заведе вчера и ме одвлечкa во кревет, кога очекував финиш кој ќе ме одведе во ѕвездите ти се покажа многу лошо. Биди искрен и кажи ми зошто го правеше сето ова, со парите кои ми го купи прстенот можеше да имаш петнаесет жени ден за ден.”
Тогаш се завртев и гордо и реков.
“Сакав да дознаам... сакав да дознаам... дали чичко ми е во право!”
Тоа уште повеќе ја збуни и ме праша кој ми е чичко.
“Не е битно”, реков “ионака не е во право.”
Побегнав по скалите и истрчав на улицата.Чистачите го збираа ѓубрето од контејнерите и ги метеа улиците.Осеќав дека и јас сум исчистил нешто, ја фрлив книгата на чичко ми, ги згазив сеќавањата за Ана, ги фрлив сите свои премногу бујни соништа за сексот. ЕВОЛУИРАВ.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
































































































































 

  д:дома