2007:јануари/февруари
општ
конкурс
l:lilit
г:години:
22
с:студент
на Драматургија на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје
lilit_lukan@yahoo.com
и:игра
Тој веќе долго зјапаше
во нејзиното мало, бело стапало заробено во новите сандали. Беше навреден,
неговата лутина се граничеше со бес. Нејзиното внимание беше насочено кон
нешто друго, некаде далеку, многу далеку од него. Тој беше уморен, таа
зборување со некој друг, некој непознат, се одмаздуваше за нешто, но ни
самата не знаеше за што....
Играта траеше веќе со години. Кога тој беше слободен таа не беше и
обратно. Наизменично корнеа прачиња душа од другиот и ги трошеа како храна
за својата неутешна самотија. А, се сакаа, се сакаа до лудило, но некогаш
љубовта не е доволна, треба нешто повеќе, за да се преќине играта, да се
ослободи душата од немирот и да и дозволи да се предаде.
Тој и ја зема цигарата од рака за да и го привлече вниманието, таа чудно
го погледна, тој ја испушти чашата, се гледаа долго, тагобно. Од тресокот
на стакло што се крши некои луѓе се свртеа да видат што се случува. Таа
гледаше во подот. Со преглумена смиреност тој го повтори нејзиното име
неколку пати. Тензијата стана неподнослива, тој ја замоли да си одат дома.
Таа конечно се насмевна, го чекаше тоа толку долго време.
Во мигот кога излегоа од локалот тензијата исчезна, играта се прекина,
немаше повеќе потреба од тоа, немаше публика ниту други учесници. Останаа
само тие двајцата, сами во мракот на пустата улица, тој ја побара
нејзината рака и таа му се предаде да ја води во раскошот на еден далечен
свет кој им припаѓаше само ним.
Без многу објаснување таа се упати кон спалната во поткровјето, ја извади
бурмата од прстот и се испружи на мазниот сатен, со леснотија како тука да
припаѓа, како тука да припаѓала од секогаш, и со решителност како да
планира да остане тука засекогаш.
Лежеше неподвижна во мракот и го чекаше да пристигне. Размислуваше за сите
беззначајни ситници кои ја опкружуваа, за тоа дека сатенот на кој таа
лежеше вечервца а мирисаше на друга жена, го купи таа како симпатичен
подарок за Божиќ.
Како поминуваа годините тие се повеќе личеа еден на друг, како брат и
сестра, како да беа растени заедно. Јадеа иста храна, пиеа исто вино,
слушаа иста музика и се повредуваа еден со друг на истиот начин.
Тој конечно пристигна во собата, неговите чекори го нарушија полноќниот
мир. Остави две чаши и отворена флаша вино на наткасната до креветот, таа
се истрекала и стави вино во чашите додека тој ги соблекуваше кондурите.
Сите движења им беа извежбани како дел од некој таен обреден танц. Се
набљудуваа еден со друг со некоја притаена недоверба, како исплашени дека
можеби оваа средба е само плод на халуцинација, производ на нивната
валкана фантазија.
Тој седна на работ од креветот, почнаа испрекинат зарзогов за децата,
работата... тој раскажуваше за последниот роденден на неговиот син,
одеднаш ја прекина реченицата на половина, и се нафрли на нејзе како прв
пат во животот да гледа жена.. Таа се предаде, тој оставаше траги од заби
на нејзиниот бел врат, но таа не размисллуваше како ќе ги оправда утрото,
за нејзе светот постоеше само во тој миг и само во таа соба, и се беше
дозволено.
По еден час борба за превласт и наизменично предавање, лежеа мирно, молчеа
како виновници кои со молк се пранат од својата вина. Тој заспа, таа
полека се ослободи од неговата прегратка, запали цигара, отпи голтка вино
и го набљудуваше неговиот мирен лик во полумракот.
Остана така долго, на крајот некаде пред утрото ги собра своите работи, ја
врати бурмата на прстот, го погледна уште еднаш, го бакна во челото како
што го бакнуваше својот син пред легнување, онака како што никогаш го
немаше бакнато својот сопруг, и тргна дома. Ја пушти магијата да заврши,
го заклучи нивниот свет до некоја друга неслучајна средба.
п:параноја
Будење во доцното
пладне, молскавичен поглед во огледалото. Страшно, не сум доспана или само
обична жед за соништа. Кафе, ми треба кафе, во тоа е проблемот. Треба да
се облечам.... нешто долго, нешто плаво, широко пред се. Шапката, очилата,
цигарите, телефонот и да кучето. Можам да тргнам....
***
Едно тивко бистро покрај операта. Добро е, нема многу луѓе. Има една
осамена маса што не се гледа од влезот, совршено за моето кафе. Седнав,
внимателно се загледав по околните маси. Никого не познавам, можам да ги
тргнам очилата. Некој light yezz, не доволно гласен за да ја угуши вревата
од улицата, ама сепак добро е.
***
Тропкам со ноктите по масата, веќе нервозно го чекам проклетото момче да
ми го донесе кафето. Кучето мирно спие на соседното столче и воздивнува.
Ќе ми каже ли некој некогаш што сонува кучето?! Дури сега приметувам дека
над мојата глава гордо се издига еден филадендрон. Од дете немам видено
волку убав филадендрон. Да му кажам дека е многу убав?! Не, не премногу
сум грда за да се обратам на нешто толку убаво.
***
Кафето конечно пристигна, малку се смирувам. Ја отпивам првата голтка и
ужас.... Кафево има шеќер. Не ми се верува!!!! Два пати му нагласив на
глупакот дека не сакам шеќер ни млеко само обично црно кафе. Толку ли е
тешко да се запамти?!
***
Го викнав и тогаш прв пат забележав дека глупакот што ме служеше не е
момче туку девојка. Но, тоа е небитно, сега е битно само моето ценето кафе
и проклетиов шеќер во него. Нема да правам сцена, некој може да ме познае.
Ќе добијам ново кафе, овој пат се надевам без шеќер...
***
Го вадам дебелиот црн тефтер од ташната, морам нешто да правам додека го
чекам кафето. Ми го нема пенкалото. Некој ми го украл пенкалото. Ми беше
поклон. Почнува да ме фаќа паника. Никаде не сум сигурна... Го наоѓам
пенкалото, сега можам да напишам песна за филадендрнот, ама пред да почнам
морам да го прашам неговото височество дали ќе ми го дозволи тоа....
***
Каде се разбудив денеска?! Еден молскавичен поглед на околу и ништо не е
во ред. Околу мене седат само мажи. Повторно погледнувам, некои од нив
носат фустани. Не се мажи, само се апсолутно безлични, транспарентни, се
прелеваат со столчињата, масите па дури и со тажните букетчиња од суво
цвеќе.... И оденаш мислам дека сум сама, бистрото е празно а јас се уште
немам кафе...
***
Веќе со години немам пријатели. Се плашам да заспијам затоа што не знам во
кој свет ќе се разбудам утрото. Живеам во константна параноја дека некој
је ме познае, а знам дека тоа е невозможно затоа што не познавам никого.
Мислам дека ова е истиот свет во кој си легнав синоќа, ама никогаш не
можам да бидам сигурна...
***
Концептот на бистрото одеднаш се наруши, влезе една жена која за промена
личеше на жена и носеше црвен фустан. Дури сега приметив дека се околу
мене е црно-бело, па дури и оние очајни букетчиња од суво цвеќе. Продолжив
да се однесувам како ништо да не се случило. Му се извинив на
величенствениот филадендрон и ја запалив мојата прва цигара утрово...
***
Жената се приближува кон мојата маса. Ме фаќа паника. Можеби само сака да
праша каде е тоалетот?! Пробувам да се смирам. Каде е моето кафе по
ѓаволите?!!! Ме гледа мене. Ги ставам очилата, ми се тресе раката, ги
затворам очите со надеж дека кога ќе ги отворам таа нема да биде тука. Ми
паѓа цигарата. Таа се наведнува ја зема:
-Може еден дим?
Ништо не и одговарам, само одмавнувам со раката во знак на одобрување.
Можеби само сака цигара...
-Знаев дека тука ѓе ве најдам. Колку убав сончев ден. Ве препознав по
плавиот фустан. Знаев дека ќе носите нешто во боја...
Продолжувам да се однесувам како да не е тука. Не ја познавам. Од каде ли
ме познава?!
-Штедете ги цигарите. Тука нема каде да се купат.
Што?! Каде е тоа тука?! Го гледам филадендронот. Не, таа не е тука, јас
само ја замислувам. Халуцинација родена од очајната желаба да зборувам со
некого.
***
Конечно стигнува моето кафе. Ја задржувам глупавата келнерка за ракавот за
да почека да го пробам кафето. На прв поглед изгледа како да нема млеко,
само уште да проверам дали има шеќер... Добро е нема ни шеќер. Ама, ако
нема ни млеко ни шеќер што бара проклетово лажиче во шољава?! Небитно,
само ќе го извадам и ќе продолжам понатака. Девојката стои над мојата
глава. Добро е се однесува како да нема никој друг на масата. Знаев, знаев
дека е халуцинација.
-За мене како и секогаш. И стави го кафево на моја сметка.
Ох, не вистинска е. Прво помислувам да бегам. Не можам да избегам таа е
поблиску до вратата. Можеби е најдобро да продолжам да го негирам
нејзиното постоење. Девојката се враќа за нецели 2 минути и остава чаша
мартини на масата. Сакам да се побунам, јас шекав речиси еден час за моето
кафе. Сфаќам дека е подобро да не привлекувам внимание.
-Жено!!!!!!!!!!
Пак ми се обрати. Што да направам?! Мислам дека и покрај мојата параноја
сепак е безопасна. Можеби треба да ја прашам што сака?!