т:темплум |
н:напреееед!!!
Врз степениците,
дрвените степеници полураспаднати од влагата, се влечеше една стара
извалкана крпа.Целата сокината, расдерена на повеќе места се тркалаше горе
долу, во рацете на слугинката. Силно се тресеа тие предверемо остарени и
испукани дланки,обележани, што од водата што од нечистотијата што ги
корнеше ткивата на некогаш нежната кожа.Без никаква мисла во главата, без
никаква идеја или намера, крпата продолжуваше да ги следи моторизираните
раце на слугинката.Скала по скала, степеница по степеница, се до целта без
цел. Крајот овде беше почеток, почетокот еден дел од крајот. И се така до
најгорната степеница, тој почеток на огромната од дрво прекриена соба.Само
неколку стапки, пред малата софа и пред масичката.Останатото беше тврда
даска, со тенки процепи една од друга, кои беа силно ковани, но сепак
пропустливи.Нова , овојпат слабо навлажнета крпа имаше свои моменти. Една
по една во должина, без запирање поради сушноста на тврдото буково
дрво.Махагонот беше вертикален, крај малата витрина и малите триножни
столчиња. Подот беше завршен по поминати два часа над него.Стругајќи му ја
нечистотијата, влечејќи ја танката прекривка од прав и мувла. Слугинката
се подигна, со рацете на половините. Без да одмори, без да земе здив
продолжи кон малите прозорчиња, овој пат со мала, скоро сува крпа. Веднаш
до прозорчињата беше креветот. Под креветот мирисаше на свинска сланина
свежо готвена, влагата од под дрвениот под задираше во миризот, како и
мувлосаната стара постелина која не се гледаше под креветот но ја
чувствуваше. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |