2007:јануари/февруари
жанровски конкурс
г:гошевски душко
љ:љубовно
крешендо
Отсечна и силно
изразена тишина го пресече бурниот аплауз и ја обви салата со пресилено
очекување. Жедта на публиката беше повеќе од нормална, нивната возбуда со
самиот престој овде ја подгреваше температурата. Достоинственото држење на
ценетите гости одеше по танка линија, на самата граница.Пригушени извици
на восхит и разгорачени очи го одликуваа овој необичен настан. Еден од
најголемите уметници на денешницата , Големиот Артуро по прв пат беше овде
во големата кралска сала. Се поклони.Во препознатлив став ги очекуваше
првите звуци на пијаното.
Притисокот врз него, оној силен дамнешен непријател беше се послаб,
поминорен се губеше.. Огромната енергија составена од волја и искуството
го понесе и ја разби ситникавата трема. Започна. Првите звуци од пијаното,
тивки но остри ја разбија жедната тишина и се развиореа низ големата сала.
А горе, во малата ложа,во затемнето алова атмосфера еден пар будно го
следеше почетокот на концертот. Волшебната моцартова Cosi fan tute ја
пороси темната патека по која ќе оди незаузданата страст на средовечниот
пар. Моцарт беше и повеќе од доволен за да ја подигне атмосферата, нивните
срца заиграа. Дамата го чекаше господинот, го имаа задржано џентлменскиот
однос и правилата на љубовната игра . На љубовта која се буди секојпат
кога беше неочекувано. Неговите прсти трепереа, енергичен бран проструи
низ неговите вени, се до неговата машкост. Беше спремен, беше алчен чекаше
момент. Крајот на моцартовото дело не го намали интензитетот на љубовниот
нагон кој ја параше атмосферата од аплауз, тишина и нов почеток. Чекаа.
Чекаа и ја тестираа својата издржливост. Добро владееа со убавината на
одложувањето.
Некаде кон средината на вечерашната концертна програма, дојде моментот.
Малку поинтензивната La promessa од Росини го придвижи тркалото на кое
влијаеше и самата Венера .Дојде мигот на највисокиот набој на страст,
после овој миг или ќе се препуштеше на сласта или ќе согореше. Во тој
мрачен час, во темната ложа сенката се надви над витоста на женската
силуета, и како Влад врз Мина се впушти кон нејзиниот врат, нежен а груб и
толку сладок. Само нема воздишка излезе од устата на дамата, и со
затворени очи уживаше во очекуваното. Господинот растегајќи ја
вратоврската се спушти подолу, кон градите, како младенче заслепено и
ориентирано само кон набрекнатата брадавица. Продолжи кон венериниот
триаголник , кон тој храм на задоволството. Острите јазични зафати
соодветствуваа со крајните нотни варијации. Крајот на Росини беше само
момент, долга пауза за воздух, за потоа да ја земе разголената дама остро,
на земјата , во совршена хармонија со силното и нападно темпо на La mia
letizia infondere , за потоа да се опушти со опаѓачкиот интензитет веднаш
по почетокот. На дното на малата тераса, позлатените остри рабови извиени
во неправилниформи го криеја соединетототело кое водеше љубов. Во бранови,
онака како што налагаше ритамот на безвремено чистата музика на Верди. А
таа траеше и траеше.
Тивки воздишки ги пропратуваа високите нотни краеви на O sole mio ,
чувството беше вонземско , должината ја темпираа со крајот на концертот,
со крајот на O sole mio, со најдоброто дело на Капуа. Ритуалот на
љубовната игра се ближеше кон крајот. Се тресеа и двајцата, морници им
минеа по телото, мускулите се згрчуваа, воздишките не беа повеќе тивки. На
крајот , на последната нота и извик , извадени од петна жила, во таа
истрошеност на уметникот на сцената , уште еден силен извик, двоен и
усогласен се пролеа низ салата и се изгуби во гласовната моќност на
пејачот. Љубовното крешчендо го достигна својот зенит. Во врховна
екстазичност демонот бликна низ телата на двајцата,еруптирајќи силно.Врела
лава се лееше врз црвениот сентилон. Долго по бурниот аплауз се повратија,
си дојдоа на себе, зедоа воздух.Нивните срца го попримија нормалниот такт,
се усогласија со атмосферата на величествено доживеани моменти кои ги
чувствуваше целата сала, но само тие ги доживеаја. Можеби
највеличествените во нивниот живот.
п:проклетството
на четворката
Глува тишина и очи
полни надеж, глетка колку сурова толку и човечна се наметна во црквата.
Погледите беа упатени кон средината на храмот,под сводовите излиени со
позлатените гравури, кои како лоза продолжуваа и го обвиткуваа
олтарот.Наведнат, исправен и авторитативен пред нив стоеше Отец Канино. Ги
подаде рацете да ја загуши и така тивката атмосфера. Неговиот израз,
неговите остри црти и неверојатен благ и смирувачки поглед не беше
поткрепен со чувството што го имаше внатре.Чувството на страв и
немоќност.Но беше единствената надеж за луѓето кои во огромен број се
собраа овде.
- Драги верници. Искушенијата на кои не става нашиот Господ Бог се големи
,но не непремостливи. Силината на нашата волја преку кои ја изразуваме
љубовта кон него, силината на нашата вера, е ставена пред голем тест. Овде
сте безбедни, овде сте под спиритуалната брана која штити од
нечестивиот.Со молитва ќе се одбраниме од нападите на демонските канџи, но
од нас се очекува и самите да се спротиставиме на лукавиот, да се
одбраниме нас самите и нашите најблиски. Во оквирот на светата блаженост
господова, и во границите на неговиот храм ќе ја чекаме веста од неговиот
најблизок слуга.
Разгорачени очи полни неверување ја слушаа проповедта на Отецот, надевајќи
се на чудо. Силен коњски тропот ја разби тишината.Ги подигнаа навееднатите
глави кои се молеа со стиснати тупаници. Сите, некои и малку постанати
погледнаа кон Отецот. Благо се насмевна. Немаше избор, но се надеваше дека
се тие.
Двете дрвени врати ширум се отворија.Пред нив, четири сенки стоеја
исправено, додека во позадината силен дожд истураше и ги кршеше стеблата
на дрвјата во кругот на селската црква.Еден истапи напред и зачекори кон
олтарот.Исплашени очи го следеа и тивко воздивнуваа кога ќе го видеа
крстот на грбот на неговиот плашт.Црвениот крст беше симболот кои го носеа
припадниците на специјалната гарда на кардиналот, најхрабрите луѓе во
Царството.
Отец Канино и не дочека да пријде гардистот:
- Драги браќа и сестри.Нашите молитви се услишени. Ова е одговорот што го
чекав.Писмото кое го испратив до преподобниот кардинал Менесиј, патуваше
на крилјата на божјиот ветер, и стаса до неговата славна гарда.- Пред да
рече нешто друго, гардистот му пријде , се поклони и истовремено се сврте
кон насобраната толпа.Се уште се чувствуваше стравот во нивните очи, но
изразите им беа помалку охрабрени.Некои и се промешколија, а двајцата кои
стоеја од левата страна зазедоа и борбен став , решени да се најдат на
слуга во секој момент.Откако добро ги изгледа, рече:
- Јас сум Лодрик, капетан на специјалната гарда на Кардиналот Менесиј, а
позади вас се Хидер, Милитиј и Василиј.Добивме наредба од нашиот
претпоставен да извршиме истрага, и да помогнеме ако е тоа потребно во ова
место кое се уште му служи на Кардиналот и на светата црква.Поради вашата
верност, вие секогаш ќе ја имате неговата заштита и наклоност.- Почека
малку за последните зборови да добијат на тежина, И потоа продолжи - А
сега, мораме да поразговараме за деталите со вашиот Отец затоа ќе ве
замолам да си одите во вашите домови.Нека останат само четирите деца, и
нивните татковци. - За сето време додека зборуваше гласот му беше остар и
длабок па го слушаше целата хала.Неговиот леден поглед и камено лице
предизвика стравопочит кај сите присутни и воопшто не се двоумеа кога ги
напуштаа седиштата. Веднаш по нив тројцата придружници ги затворија
вратите и застанаа пред нив. Во црквата останаа четворицата новодојденци,
четирите деца, тројца татковци, една мајка и отец Канино.
Отец Канино се симна и ги покани да тргнат кон него.Сите тргнаа десно по
ходникот кој водеше кон одаите на отецот. Влегоа во една широка
просторија.Се наредија околу масата, седнаа а остана да стои само Лодрик.
Отецот без да ги понуди нешто во знак на добредојде, веднаш започна.Иако
веќе беа известени за случувањатаво писмото Отец Канино повторно, полека и
со повеќе детали им ја опиша состојбата. Пред дванаесет вечери,на сред
село кога се одржувала некоја традиционална забава со коњи, непозната
старица застанала и на сет глас ги проколнала селаните. Им рекла дека на
тринаесеттата вечер од денот на клетвата на сите момчиња родени во
годината на ѓаволот ( 1313) ќе си ја извадат утробата.На тринаесеттата
вечер откога ќе се случи тоа тие ќе бидат обележани со црн знак(вечерва),
а на тринаесеттата вечер од вечерта на жигосувањето тие ќе изумрат на
најлоши маки, очите ќе им истечат, рацете и нозете ќе им се исушат и
голема несреќа ќе го снајде селото. Многумина и се изнасмеале на
старицата, но на тринаесеттата вечер од тогаш навистина се случило
стравотното претсказание.Четирите врсници, цел ден повраќале и се гаделе,
лежеле и не станале од креветот. - Овие четворица, - се обрати кон сите во
собата - се светлината во нашите очи, овие четворица се нашата иднина.Едни
од малкуте што ја преживеаја чумата. Населението овде е лековерно, сите се
исплашени…- Лодрик го прекина отецот и се сврте кон децата.Со силен и
длабок , по малку застрашувачки глас, од кој се сепнаа сите во собата
запраша
- На тој ден дали некој ви пријде и ви подари нешто? За јадење,за пиење?
Отецот сакаше да го прекине, објаснувајќи дека веќе ги распрашувале за тоа
кога едно од децата потврдно одговори, мрдајќи со главата. И родителите и
Отец Канино зачудено гледаа кога Лодрик праша:
-Дали ви дадоа карамела? - Децата потврдно одговорија
- Дали некој од оваа соба ви ги даде карамелите? - децата,не гледајќи, по
малку срамежливо посочија кон Хидер кој стоеше до вратата.Сите во собата
гледаа со подзинати усти.Отецото во неверување мрдаше со главата
обидувајќи се да каже нешто.
Лодрик, смирен и самоуверен му даде знак на Лодрик да ги изнесе децата
надвор.Никој не се побуни. Кога останаа сами рече:
- Знаев дека е тој. Се работи за еден измамник, кој всушност е брат
близнак на Хидер. Одат и прават вакви претстави пред народот и потоа пред
последниот ден на наводната клетва доаѓаат и бараат пари за да ја
поништат.Ги бараме подолго време.Не грижете се.Но баш ме интересира како
мислат да го изведат ова со белезите.Денес е тринаесеттата вечер зарем не?
- Отецот, кој од поодамна беше седнат, и сега изгледаше доста поопуштено
одговори потврдно. - Добро за секој случај, секој од нас ќе земе по едно
дете и ќе го чува вечерва, за да не се обидат нешто слично.- Ова беше
заповед изговорена со нареднички тон и родителите немаа ништо против,
напротив им беше олеснето со ваквото просто објаснување.А и повеќе од се
сакаа да нагостат дома претставник на гардата на Кардиналот. Откако се
распределија кој каде ќе спие, секој тргна кон домот на детето.Свештеникот
уште долго стоеше на вратата на црквата.Кога студот посилно навлезе во
неговите коски и тој се упати кон својот кравет.
Беше рана зора.Отец Канино само што се беше измил кога силен крик го
распара тивкото утро во селото.Набрзина се облече и се стрча надолу.Брзо
излезе надвор и се упати кон куќата од кај што доаѓаа извиците.Неколку
луѓе се беа насобрале.Пред вратата, побелен во лицето стоеше Васлилиј,
еден од гардистите. Внатре во скромната кукичка на креветот лежеше детето,
додека мајка му силно го триеше по челото.Триеше и гребеше по една голема
црна точка.Солзите не и сопираа, дамката не излегуваше.Во другиот дел од
собата, таткото на детето се кубеше во косите. Отец Канино целиот
растревожен излезе надвор.Уште еден крик, уште еден знак на нечестивиот на
младото детско чело.На сите четири
Настана од куќите, веднаш на излезот од селото ги најде
гардистите.Четворицата нешто тивко разговараа.Потоа Лодрик, на чиј израз
воопшто не се гледаше дека нешто се случило му се обрати на исплашениот
свештеник.
- Верувај дека цела вечер око не склопивме.Што и да е ќе го откриеме, се
колнам во чинот и честа моја.Ќе бидеме овде до наредниот датум , кога ќе
се појават да бараат злато.Дотогаш ниту едно писмо, ниту еден човек не
смее да излезе одовде.
Брзо се расгласи за новата стратегија на гардистите. Тие постојано беа
овде, излегуваа од секое ќоше, посматраа, разгледуваа,прашуваа и тајно се
договараа.Деновите бавно минуваа, но дојде и дванаесеттиот ден.Не се
појавија никакви уценувачи.Отец Канино не можеше да ги издржи страдањата
на селото.Плачеа пред него, го молеа, го преколнуваа. Тој беше
немоќен.Вечерта на днанаесеттиот ден беше донесена одлука. Ќе ги земат
децата и ќе ги носат кај кардиналот.Се додека не се најде начин да се
отфрли проклетството, децата нема да се враќаат во селото.
Во глувата ноќ децата се простија од роднините и заминаа. Другиот ден сите
чекаа лоша вест.Лошата вест не стигна. Надежта пак се врати кај фамилиите
на роднините. Повремено добиваа писмо дека се живи и здрави. По неколку
месеци, а поминаа и три месеци од последното писмо, Отец Канино повторно
го обзеде некое непријатно чувство.тој реши да испрати писмо до кардиналот
и да запраша за ситуацијата на децата, дали се безбедни, дали ќе се вратат
некогаш.
Поминаа две недели пред да го добие одговорот. Едно утро тој се разбуди со
звукот на трубите.Надвор имаше чета гардисти, специјални посланици на
кардиналот.Носеа писмо од него. Писмо кое го облеа со црна темнина.Писмо
кое го скрши неговото срце.Писмо кое ги уништи духот и смеата во ова село
за навек.Во писмото пишуваше:
Отец Канино, се сеќавам на вас и на вашата служба овде, додека
престојувавте во главниот град.Но оттогаш ниту сум чул ниту сум прочитал
нешто од вас.Ниту пак некогаш сум пратил мои гардисти во тој дел од
земјата.Сепак наредив истрага и според информациите кои ги добив,
четворица измамници и една стара жена, пустошат по земјата и крадат млади
деца, кои потоа ги продаваат на трговците со робје…