т:темплум  


2007:јануари/февруари
општ конкурс

б:бувљак нада




 

н:на аголот од улиците

Далечината и беше предодредена уште пред да замине. Секогаш живееше со луѓе коишто не и беа на допир. Дури беше на едната страна веруваше дека кога ќе премине на другата ќе биде подруго. Откако преплива, сфати дека низ доближувањето, со самото отцепување ја продлабочува далечината. Недопирливите беа секаде: не само овде или таму.

Живееше за нив, со нив. И се појавуваа на сон, се будеше со нив, твореше за нив, сакаше да ги импресионира, ја импресионираа. Сакаше да ги држи овде, до себе, блиску, макар и преку збор претворен во илјада килобајти и препратен по кабелски пат. Глобално село, го нарекуваа некои. Но нејзинито село секогаш беше исклучено од глобалното, заедно со луѓето во него.

Оние другите, онаму, секогаш многу повеќе ја развеселуваа и збогатуваа. Барем така веруваше. Зборот со нив секогаш беше полесен, многу подлабок, поразбирлив. И не беа секакви луѓе. Напротив! Од онаму секогаш ја допираа луѓе од ист ков - пософистицираните, пообразованите, аналитички подлабоките и позаинтересираните. Такви не постоеа во нејзиното секојдневие. И тоа не зависеше од географската положба. Секогаш беше случај, каде и да се наоѓаше.

Неможеше да живее со тоа, па затоа често ја менуваше локацијата.

Со самите премини се менуваше и групата на оние од „онаму“. Оттука, радостите и веселбите секогаш се сведуваа на средби, некогаш и негде кои подоцна се префрлуваа во групата на „еднаш – некаде.“

Често се вртеше наназад, но во тие паузи на чекорења ретко имаше длабочина во сето она коешто беше одминато. Беше длабоко само посакувањето. Кога посаканото ќе се преобразеше во стварност, плиткоста повеќе не ги миеше ни нозете. Некогаш блиските секогаш стануваа далечни. Од секаде и се можеше да замине, само од тоа не.

Додека не се појави тој или поточно, додека не го пронајде него.

Го гледаше често во претставите кои се изведуваа во локалниот театар. Длабоки беа ноќите кои ги преседе на дрвените седишта од таа руинирана историска градба, која крцаше под тежината на нејзината нова иснпирација. По претставите често знаеја да заминат во локалниот бар кадешто тој сеуште испотен и најчесто неизбричен го рецитираше Чехов, дискутираше за состојбите во културата, во општеството, во уметностите и ја успиваше ноќта со алкохолот кој толку слатко ги затвараше раните на нејзиниот постојан неспокој.

Никогаш немаше храброст да седи во негова близина. Најчесто се налактуваше на масата до самиот влез. И кога ќе засвиера виолините, се искраднуваше низ калдрмата поклопена со росата на потонатата ноќ.

Често разменуваа книги. Од него и е целата колекција на алтернативна, анденграунд фикција. Ја запозна со значителен број за неа непознати мислители. За возврат тој добиваше сеуште од никого непрочитани сценарија. Ретко општеа. Комуникацијата им се сведуваше на монолози, во кои на периоди доминираа и двајцата.
Покрај барот, деновите ги споделуваа и низ локалните кафе книжарници. Разликата во години претполагаше одвоеност која ја диригираше современото време. Седеа на различни маси, секаде. Гледаа и од поразлични врвови, иако ги засегаа истите длабочини.

Една вечер по преставата, почуствува замор од празнината која ја исполнуваше. Го проследи до барот. Седна до него на шанкот. Овој пат не замина додека не го слушна ѕвецкањето на коцките мраз на дното од неговата чаша. Без збор се упатија до истата автобуска станица. Автобусот беше полн. Тој се наслони на средишната шипка. Со нејзините очи од кои сјаеше желбата за преминување примети како од неговата кошула зјае одминатото време. Погледот им се судри во моментот кога се отвори вратата.

Собра храброст.

Во деновите по автобуската средба клучевите се крадеа од под влезната стапка пред нејзината врата. Заедно поминаа векови во друштво на затемнетата празнина во собата на аголот од улицата со барот. Разликата во години се претопуваше низ неговите проседи гради кои го преминуваа ѕидот на нејзините младешки брадавици. Гинзберг и Чехов се затаија пред словото на Сад. Но Маркизот беше премал во хоризонтот на новата инспирација чиј стисок создаваше влажност низ која се пролеваше целата длабочина на нејзиното мечтаење. Низ искуството проткаено низ неговиот здив впиен од нејзиното скаменето, за нови откровенија спремно тело се плетеше новата страна на посакуваниот близок свет.

Еден ден, по претставата до барот ја проследи тој. Таа седна на шанкот, тој на масата на самиот излез. Таа почна да го рецитира Гинзберг. Кога засвиреа виолините, се сврте. Повеќе го немаше. Препознатливиот тап одѕив на далечината зачука во нејзините набабрени гради. Ја обзеде веќе познатата вознермиреност.

Следниот ден реши да му напише имејл. Беа поминати неколку месеци од нивната последна комуникација. Немаше храброст да му каже за нивните средби. Се што напиша е известување, дека и покрај сé, нема да дојде. Нема да се сретнат во живо.

Тој ден реши никогаш повеќе да не преминува на другата страна.

По некое време повторно продолжија да се среќаваат во зачадената соба на аголот од улицата. Нејзината географска положба не е променета. По преминот кој го направи тој, далечината повеќе не старее.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
































































































 

  д:дома