2007:јануари/февруари
жанровски
конкурс
б:бојковски милко
н:непристоен
предлог
Можев да останам дома
но сепак завршив таму. Ете се случи. Чадлива соба и свеќници на сите
страни. Измешани мириси. Местото беше натрупано со секакви превези кои
требаа да асоцираат некаква харемска атмосфера. Газдата вадеше добра пара
од сите клинци кои доаѓаа тука. По обичај слободен стол немаше. На
компјутерот беше Петар а Нена служеше. Се насмеа кога ме виде. Се немавме
видено од времето кога студираше психологија или таква некаква друга
глупост. Некогаш ми се пушташе но не и обрнував внимание, дури сега увидов
каков морон сум бил. Сега е со Петар, нема врска мирен сум. Се сместив
покрај ѕидот и нарачав. Некој шугав ден среда. Барем девојките беа
насмејани и се забавуваа. Згодни газиња на сите страни. Забележував како
нежно ги скрстуваа нозете. Ја чекав веќе цел саат. Ја немаше. За чудење
гужва имаше насекаде. Идеше некоја геј музика поради журката која ја
подготвуваа таа вечер. Ништо од девојките. Дојде Нена беше пријатна
девојка секогаш имаше што да каже. Кога таа зборуваше не постоеше ништо
што би можело да ја натера да престане. Почна да ме распрашува те за ова
те за она знаеше дека нема со што да се пофалам. Не ми се случуваше ништо.
Поголемиот дел од времето молчев додека таа зборуваше. Ми кажуваше како и
останало уште малку од факултетот и дека ова со работава е само
привремено. Беше опседната со алтернативниот универзум. Расправаше за
Супернова. Космички феномен со кој масивните и стари ѕвезди кога ќе
експлодираат ослободуваат толкаво количество на енергија кое не би можеле
да го произведат сите ѕвезди заедно. Со нивното умирање допринесуваат за
раѓањето на нови ѕвезди. Таа тоа го нарекуваше бакнеж на животот. Ѕвезден
оргазам. Мора нешто да умре за да дојде до повторно раѓање. Точка во која
животот и смртта без страв ги одсликуваат своите ликови. Толку блиску еден
до друг биваме зависни. Споени во еден нераскинлив процес. Постои
уверување дека и самите ние сме деца на ѕвездите. Интересна појава. Токму
тоа го сакав кај нејзе се посветуваше како на вечните, бескрајни така и на
минливите, безначајни нешта. Ми ја допираше дланката ставајќи ја врз
своето чело. Третото око и беше полуотворено знаеше дека наскоро ќе
оствари контакт со својата женствена природа. Ме праша дали чекам некој. И
реков дека повеќе не. Стана за да послужи некој додека јас се упатив кон
вецето. Влегов прв. На постерот од ѕидовите се смешкаше Грејс Кели со онаа
своја провокативна насмевка. Жолти кругови. Го протресов и ги миев рацете
додека таа влета во вецето. Преку огледалото го гледав нејзиниот одраз кој
се пресликуваше во мојот. Стануваа еден. Ме праша дали пречи и рече да ја
почекам. Се свртев на другата страна додека таа ги соблакаше гаќичките. Ми
идеше да и ја растргнам маичката која ја носеше и да ја имам таму на
ладните плочки. Ја пољубив на излегување. Долг бакнеж. Ми ја стави раката
во фармерките. Ми се дигна. Рече дека подолго време не чувствува ништо за
Петар и дека ќе го напушти. Ја бакнував по вратот, половината и се
удавував во косата. Ја заклучи вратата. Полека ме љубеше додека и ја
соблекував маицата. Брадавиците и беа стврднати а градите паѓаа врз моето
лице. Во секој миг можеше да влезе било кој. Мислам дека од тоа стана се
понеутешлива. Ладна и полна чувства. Ја влажнев. На грбот имаше
истетовирано мала ѕвезда. Ритамот на телата стануваше рамномерен.
Издишуваше сосема тивко додека со усните ми го гризеше едното уво. Звуци
на оплодена месечина. Продолжував да ја тријам со врвот на прстот.
Задоволно нуркав се подлабоко во белилото. Со рацете ме приближуваше се
поблиску и поблиску. Влегов целиот. Имаше тесна пичка. Покриен од бранот
конечно експлодирав. Вибрациите стивнаа а вулканот се ладеше. Капки пот се
слеваа по моето лице. Таа се смееше тоа беше добро. Беше повеќе од обичен
секс. Ми напиша нешто на едно ливче и рече да го прочитам откако ќе
излезе. Ја поднамести шминката, косата и излезе. Паметна девојка. Прочитав
 после работа чекај ме на паркингот". Плиснав вода во лицето, ја извадив
маицата и излегов. Журката ролаше и понатаму а Петар беше задоволен од
направениот пазар, имаше огромна насмевка на лицето. Неколку педерчиња се
лигавеа во полумракот. Не се почувствував виновно ни за миг на крајот на
краиштата таа не го сакаше. Испив уште неколку ја платив сметката и
заминав. Паркингот се наоѓаше во близина на трговскиот. Купив сендвич и
гнетев набрзина. Измрзнав на ладното. Можеби се предомислила. Секој има
право на избор, жените се како скапи автомобили ретко кој може си го
приушти тој луксуз да ги вози на подолго време. Но во овој случај не беше
така. Се појави вртејќи го згодниот задник на високите потпетици. Ме
однесе кај нејзе. По пат додека возев со раката не се оддели од моето
колено. Неколку пати ја вадеше својата глава од прозорецот. Го сакав
начинот на кој ги гризеше своите усни. Стигнавме. Живееше во број 69.
Заедно со другарка и. Таа беше во соседната соба. Ме седна на креветот и
почна да налева. Ја разгледав собата, премногу книги, премалку вистински.
Астрални проекции, паралелни светови и така тие срања. Го укличив
телевизорот. Цртани, убиства, сапуници, вести, тажни судбини и.... Роберт
Редфорд заедно со Деми Мур во неповторливата сцена кога и кажува за
ѕвездите дека и тие имаат своја цена. Се на овој ебен свет. Треба да знаеш
само како да дојдеш до нив. Илјада заблуди, илјада неконтролирани мисли.
Таа го гасне светлото додека целиот универзум е на почек чекајќи ја со
нетрпеливост следната голема експлозија.