т:темплум  


2007:јануари/февруари
жанровски конкурс

а:а. нонимус




 

н:никита

Индиго модра кристална ноќ.
Тргна завеси да влезе бојата на ноќта внатре. Отвори прозор да може да ја помириса - индиго модрата кристална ноќ.
Што е тоа што ја вознемирува, па ја притиска силно до прозорецот !!!???
Отрезни ги мислите. Пресечи. Проклети спомени.
Проклети сеќавања зад свеста.
Ја подигаат дијафрагмата. Ја полнат со една единствена желба.
Под принуда затвори очи. Светло жолтеникава окер забранета боја во визијата - во форма на прав. При вбризгување, прво крвта навлегува во смесата и ја обојува комплет. Супстанцата се навикнува на крвта, и потоа успешно се разлева низ целиот крвен систем. Пробива до мозокот од старт. Ах тој Филинг. Секогаш тој филинг. Единствен. Јак. Стига веднаш. И понесува. Dream within a dream. And in the dream замислената количина... која станува поголема, голема, навистина друга...се преиначува, се разобличува, вообличува, дообличува...и добива форма на пустиња, пустински дини...може да се чекори низ нив... тргнува низ нив, оди низ нив, само чекори низ нив...знае, осеќа, го осеќа низ нив, зад нејзе...почнува да трепери, треперат и дините, се приближува, збревта, може да се чуе бревтањето сега веќе блиску...срцето и лупа во врат, страв, татнежи, нечии чекори, нејзините запираат, стои...ја покрива некое затемнување, целата пустина се затемнува за момент: низ нејзе нацртани добро познатите контури - сенка...
Не мрда. Страв.
Се држи силно, завртена со грб.
Ја допира со канџите. Струи стремеж низ целата кичма.
Ја отвора шепата и со мекото ткиво и поминува низ целиот грб.
Поблиску е. Гори целото битие. Гори помислата дека веќе доволно блиску е...и таа вреска при првиот испуштен жежок здив така блиску до нејзиното уво... Никитааааааа......... Никита...... кам ту плеј, дјевушка, come to ride the desert with me....come, and I will take you high above it – high among the stars again... ...remember...
how you kiss the Moon, kiss the Moon....

- Никита!
- Никита!!!
Навистина кристална магична индиго ноќ. Икс ја гледаше Никита како бега далеку пак. Отвора прозор за да може да се врати назад - да ја врати мирисот на ноќта назад во реалност. Сонува за забранети зони. Соновите не може да и ги контролира. Проклета е. Има моменти вонтелесно постоење - ни јаве ни сон - во кои едноставно бега некаде. Никогаш не била само негова.
Па сепак, само негова е од оваа страна на реалноста. Зашкрипе со забите:
- Никита!
Затрепери. Отвори очи. Зема здив. Потоа долго и гласно го испушти. Се сврте према него и го погледна со полу-отсутен поглед.
- Одиме.

Додека ги ставаше чизмите, слушаше како он прави црти. Пуцкетање на крсталните прашоци под оштрилото. Овие бели се. Не толку значајни. Тешка дрога. Како не.
Се насмеа пакосно пред да повлече црта.
Не збореа ништо.
- Одиме.
 




 

к:кругот

Кристална индиго ноќ над градот. Се движеа со голема брзина. Брзи се аутата на подземјето. Црни. Се движат неприметно низ улиците. Како да се во некоја паралела со реалната димензија. Ко фантоми се. Доза сигурност како потпора за таму каде што одат.
Во најлуксузнот дел од градот се наоѓаше седиштето на подземјето. Никита и Икс стигнаа пред големата железна врата, ја укуцаа шифрата за влез и продолжија по долгата патека напред. Огромна стара куќа се исправи пред нив. Готика. Местово тежи еден тон кеш - тоа стално си го помислуваше Никита. Кога прв пат го виде беше од обратната страна - од внатре према надвор. Како и беа успешно избришани сеќавањата, таа првиот допир со реалноста го имаше кога стапна на прагот на оваа куќа. Оваа куќа е утробата на нејзиното постоење. Во нејзе се движеше по интуиција.
Апгрејдирана беше скоро до совршенство. Она е најнов прототип на човек со вградена вештачка интелигенција. Место за грешки во нејзе нема.
Со лифт се спуштија до конференциската сала на дното на куќата. Ласерски е заштитена од сите страни. На најмал погрешен потег се активира алармот, а алармот што прави тоа они не може да знаат. Само високите кругови на најголемата криминалистичка организација ја знаат тајната за заштита на објектот. Другите само знаат како да постапуваат за да не предизвикаат екстремни последици. Толку.
Во полукруг беа поставени кожни столици со аудио опрема. Пред нив огромен екран. Никита примети дека се дојдени скоро сите битни фаци од подземјето. Никогаш не разбра како ли заслужила да биде дел од нив. Икс. Во темните прамени на неговата долга коса се прелеваа снопови светлина. Преубав е. Ликот му е совршено правилен. Висок е. Слаб. Привлечен. Дури и сега кога го гледа и се буричка утробата. Баш наоѓа чудни места да го посака. Све го посакува во најневозможни ситуации. Ја научи да посакува барем. Ја осети нејзината желба. Мрдната е. Како ли се исплетка со нејзе баш. Очите и ги сакаше. Во нив се гледа дека е делумно жена. Убава совршена форма на жена. Кога водеа љубов забораваше дека има вграден чип. Очи. Му ја дадоа како задолжение, но се превори во суштина. Криеја дека спијат заедно. Смешно - па тоа е веќе јавна тајна. Сигурно.
За миг им се сретнаа погледите. Усните и се отворија, очите се растворија.
- Те сакам - му рече притаено.
Не одговори ништо.
Они двајца беа најголемите миленици на Лидерот. Немаа ниту една промашена задача. Ја доведоа изведбата скоро до совршенство. Што ти прави одличен програм - ненормална поврзаност. Телепатија. Спој. Сепак, во последно време беа нешто дистанцирани. Он стана агресивен и избувлив. Она постојано во ментално бекство. Како да почна да се отвора бунар помеѓу нив. Силните ега не дозволуваа да се замараат со преиспитувања на односот. Што ќе биде - ќе биде, и крај. И без тоа има некои работи кои ги оддалечуваат: различната боја на прашоци секој од нив што ја сака. Икс го извади шишенцето од џеп и скришно повлече уште од прашокот. Јебеш, убаво ми е кога сум над сите. Глупости, тоа било тешка дрога, глупости. Судар на мислите пред сите присутни тука. Она повторно пакосно се насмеа, а он зарже и и заврти грб.
- Господо - им се обрати ликот на Лидерот од екран - Лидерот на Другите почина утрово. Неговиот наследник ќе нападне дрско. Не ги почитува правилата на подземјето. Сака да преземе се. Не сакам да влезам директно во војна. Многу загуби ќе има од двете страни, а и ќе се отвориме пред естаблишментот. Второво ме загрижува повеќе. Операциите на нашиот круг мора да останат строга тајна. Сакам да се договорат ингеренциите, па барам простор за комуникација со Лидерот на Другите. Ве молам да се воздржите од одговарање на провокациите од другата страна се додека не направиме некаква спогодба. Во спротивно имам да ви кажам само еден збор: војна.
Штама во конференциската сала. Никита погледнуваше во секој од присутните посебно. Сите фаци на нивниот круг - ладни како камен. Постојат правила на однесување кои со генерации се пренесуваат од коло на коло. Поради тие правила нивниот круг е најтаинствен и најсилен. Кај нејзе тие правила се вградени во еден основен чип. Учитани и се во меморијата. Ако не ги почитува ќе се парализира. Ќе престане. Толку ли им беше потребна па ја задржаа во кругот??? За што ли им беше толку потребна па ја примија во кругот!!!??? Има еден куп такви прашања на кои нема одговор, како што нема одговор за било што што се случило пред да стане Никита. Deleted.
Ја прекина раката на Зед. И даваше сигнал да остане откако ќе си одат сите. Икс го немаше. Никита тргна по Зед.
Во специјалната просторија во која се до тогаш влегуваше Икс со Зед, сега влезе Никита сама со Зед. Личеше на работна соба. Пространа. Од каминот допираше пријатна топлина. Многу полици со книги. Неколку кожни фотељи околу мала масичка. Уреден простор. Се на свое место. Слики по ѕидовите. Пригушено светло. Поголема работна маса. И голема црна фотеља до прозорот зад масата, свртена кон нејзе со грб.
- Седни - и се обрати добро познатиот глас.
Седна на најблиската фотеља до поголемата работна маса. Зед застана покрај масата. Фотељата се сврти према нејзе. Сеуште не можеше да го види ликот што седи таму. Тој ја подигна едната рака и стисна на копче од даљинскиот управувач. Пред малата масичка се подигна мал екран. Слика, па звук...
Електронска индастриал музика, вино и свеќи: мала приватна забава од највисок вид. Повеќе ликови присутни во просторот. Кадарот фаќа два лика посебно. Скоро исто високи се. Ставот им е сличен. Едниот се чини го убедува другиот во нешто. Не се расправаат - како да се договараат. Блиски се, тоа може да се осети одма. Муабетот им станува полесен. Поинаку се движат. Дури полека почнуваат да мрдаат во ритам на музиката. Сепак, многу индискретно. Задоволно се смеат. Фигурите стануваат појасни како што се доближуваат до прозорецот. Одеднаш може да го види ликот на едниот од нив. И без тоа знае кој е ликот и на едниот и на другиот од нив. Им се доближува контура на висока тенка девојка. Коса права, црна, долга...неколку здивени прамени, виолетова светлина низ нив...кога они се повлекуваат внатре во просторот, таа останува сама до прозорот загледана према надвор...ликот и се менува, станува друг, очите се затвораат, усните се подотвораат и блага насмевка се протегнува низ нив...
Молк.
 




 

з:задачата

Лидерот притисна друго копче и екранот се повлече од видно поле.
Без да побара дозвола Никита посегна по цигарите на големата маса. Ја гледаа двајца луѓе од кои едниот никако да добие лик. Човекот - глас.
Да сакаше да ја ликвидира, немаше да ја донесе во собава. Можеше со истиот даљински управувач едноставно да ја исклучи. Дали конечно ќе разбере за што ја задржаа во кругот, за што ли толку многу им беше потребна токму таа...
- Тој лик со долга смеѓаста коса, толку сличен на оној другиот со темна свиленкаста коса, истиот оној со кој спиеш ти, е новиот Лидер на Другите - продолжи гласот - Се здружија во годините кога јас и неговиот татко сеуште припаѓавме на ист круг. Деца беа. Исти беа. Толку беа исти што мораше да ги носиме на чистење на меморијата и нив кога кругот се подели на два дела. Различни интереси, различни потреби и различен бизнис доведоа до строга поделба. Нашиот круг не влегува во бизнис со дрога. Па се поделивме. Спогодбено. И војна немаше целиот период во кој беше жив стариот лидер - мојата друга страна. Таа со која бев истото тоа што се сега тие. Но за разлика од нив, ние се научивме да ја почитуваме основната дистанца. Не можевме да работиме заедно, но не си ни попречувавме никогаш. Затоа бевме силни. Затоа естаблишментот не можеше да ни влезе во трага. Сега...- гласот подзастана, се повлече поназад во фотељата, почна потешко да дише...
- Многу едноставно е, уствари - продолжи наместо него Зед - Икс и новиот лидер се здружија пак. Веќе подолго време се дружат интензивно пак. Во последно време дури не се трудат ни да се скријат. Сила добија. Нивната симбиоза ќе донесе страшни пресврти. Мислат дека со спојување на круговите ќе го донесат подземјето на многу повисоко ниво - ќе го направат појако од било кога. Во суштина ќе предизвикаат хаос. Во нашиот круг има многу членови кои нема да можат да се прилагодат на агресивните пресврти. Со самото тоа ќе мора да бидат ликвидирани. Тие имаат свои следбеници кои ќе сакаат да се одмаздат. Војната ќе стане неминовност. При тоа подземјето ќе се подели на банди по членови и тие помеѓу себе ќе имаат мали интензивни препузцавања: мали војни во рамките на една голема пеколна војна. Ќе гори подземјето. Нема да пазат каде и како се удираат, па така ќе почне да се отвораат пред естаблишментот. И тука ќе прегориме сите.
Никита до тука внимателно слушаше се. Но веќе знаеше што ќе следи како заклучок. Престана да слуша. Во главата и се моташе само една мисла: како ли тоа после чистење на меморијата сепак има некои силни моменти кои не може да се избришат до крај па се враќаат назад пак. Она е жив доказ за тоа. Има еден филинг кој секогаш се обновува. И при секое обновување станува уште појак. Добива еннормни размери, може дури и поголеми отколку што тоа било претходно. И нагризува. Просто нагризува. Силно. Постојано. Кобно. Појак од потреба станува - попотребен од воздух.
- Само ти можеш да го ликвидираш Икс - ја прекина гласот од фотељата.
И ѕвонеше во ушите веќе познатиот заклучок. Таа снимка која ја гледаше беше од едно нивно дружење со новиот лидер. Икс навистина беше посебно поврзан со тој човек. По име не го викаше никогаш. Тајно се гледаа. Се слушаа. Се надополнуваа. Како да се хранеа од некоја ненормална меѓусебна енергија. Таа не можеше да го предвиди тоа пошто во моментите наречени слободно време и самата се хранеше од некоја друга таква енергија. Иста по вид, но различна по содржина. Го гледаше човекот-глас зачудена. Он може си мисли дека ќе ја боли да го ликвидира Икс па затоа така го гледа. Ама како бе тоа да не предвидел дека и јас имам меилфанкшн - си вртеше во глава - ист, потполно ист. Ист, ако не и погаден. Дури сега кога помислувам на тоа ми се подигнува дијафрагмата. Не знае ли дека тоа не е исто како кога ми се буричка утробата по Икс. Дали се тоа емоции? Дали имам во себеси јас таков вид? Што ли имам во себе јас? Зашто молчам кога ми вика дека треба да го ликвидирам оној за кого знам од првиот ден на своето постоењето. Која сум јас? Што е Никита уствари...
Претходно поставените прашања како да добија одговор - најпосле стана јасно зошто ја примија и задржаа во овој круг, но со одговорот на тие прашања се појавија сега некои нови, на кои којзнае кога ќе им го најде одговорот. И тој одговор којзнае какви други нови прашања ќе донесе со себе и којзнае какви одговори ќе донесат тие...
Ја пресече нечие ментално довикување. Се поврати во реалност, стана од фотељата во која седеше пред гласот и без збор ја напушти просторијата.
Отакако си отиде, Зед и Лидерот продолжија со муабетот.
- Прецизна е и ледена, ќе успее да го ликвидира.
- Но жена е и страствена е, и се може да биде. Освен тоа...
- Зед, ти секогаш си скептик. Но таа совршено добро знае дека треба само едно копче да притиснам и да престане.
- Да, ама ако ни избега Икс на другата страна тогаш уште полошо ќе биде.
- Сега е правото време.
- Не можам да сфатам како можевме да згрешиме во она што најдобро го правиме и тоа кај нас дома - во сопствената куќа. Доставуваме илјадници чипови и програми, ги правиме најдобрите прототипи на вештачка интелигенција, моделите на шпијунажа, се што претставува последно достигнување во технологијата...и сите успешно се вградуваат и функционираат... и немало голем меилфанкшн до сега...немало проблем кај ниедна од пратките кои ги правиме насекаде по светов...или можеби не сме знаеле дека има...не ни било кажано од редовите на кои ги доставуваме...не знам што да мислам, не знам...сега правиме достава на нов пакет за милитантни потреби...за контра револуцијата во Јужна Америка...не сакам ни да помислам што ќе биде доколку настане меилфанкшн - ќе им отиде борбата во погрешен смер...токму Никита и Икс го доставија пакетот до нашиот контакт во Куба...
- Да, и од таму Икс сега ќе достави огромна количина кокаин. Паралелно го изработи и тоа со малиот лидер. Сакаат брзо да дојдат до средства за да стартуваат со здружувањето. Мора токму сега да го запреме. И доста, немам намера овој пат да ги слушам твоите скепси кои заземаат размери на патолошка параноја...
Зед, тој непоправлив скептик, замислено погледна во својот лидер. Овој знаеше за гижите под густите темни веѓи на Зед: сепак има делови од сивите келии на човекот кои остануваат мистерија, но само кај поединци со јак коефициент на човечка интелигенција - тое е Х показателот во равенката кој се поврзува со најголемиот ризик - оној кој доведува до она на што тие не сакаат никако да помислуваат...
 




 

и:икс

Кристалната индиго магична ноќ донесе неочекуван пресврт. Икс осети дека нешто се случува со Никита. Ја снема и ја немаше веќе половина час. Знаеше да се прикраде во забранетиот дел од куќата - таму каде се прават експерименти. Но, не сега, си помислуваше Икс, сега не е таму, просто осеќа дека не е таму овој пат. Каде е? Никитааа. Никита!
Ја осети како се приближува со поинаква енергија.
Проклети старци, мислат ќе ми ја земат.
Стоеше исправен на влез на куќата, свртен према чекорите кои му се доближуваат...толку убав, нестварен, излуден, озрачен...од очите фрлаше искри, зрачеше целиот како пламен во ноќта, така моќен, така магичен, толку магнетски фантомски привлечен...црниот мантил му се вееше во ноќта, како да доаѓа од друг свет, преубав е, преубав, волшебен... темната свиленкаста коса му се сјае под светлото на месечината, се плеткаат диви мали прамени низ ликот, контурите стануваат појасни, пред нејзе блеснува вечно саканиот лик со само еден збор напишан на челото: Никита.
Ја притисна ненормална болка внатре во утробата, слабост, ќе испати, ќе пати како никој што не пател. Ќе урла, ќе вреска од бол, ќе престане ако треба, НО НИКОГАШ НЕМА ДА ГО УБИЕ оној кого го сака.
Проклетство.
Не ја дочека. Влезе во брзото црно ауто. Зарже кога таа влезе внатре.
- Те нема. Не сакам кога те нема така како што те снема.
Зашкрипеа гумите под нив. Ноќта ги одвои во еден посебен дел во себе. Се друго престана да постои околу нив.
Времето не се мери со мигови кога водат љубов. Ја земаше силно, силно. Ја носеше во друга паралела на универзумот. Се прелеваа пурпурни бои околу нив. Снопови енергија зад кои бегаат од реалноста. Целосно му беше предадена. И потполно присутна во чинот. Можеше да се огледа во очите пред него. Во нив да го види сопствениот лик. Што тој претставува. Патување во забранети зони. Поглед кој потсеќа на оној кога гледа надвор низ прозор: различен по содржина но потполно ист по интензитет. Исто како кога таа се отцепува од се друго околу нејзе што постои, и бега. Кон него бега. Во него се труди да остане баш. И тој заборава на сите препреки присутни до тогаш и ја љуља во правилен магичен ритам. И и се подига дијафрагмата и срцето ќе и искочи низ врат зашто магично е магично е прекрасно кога играш буквално заедно во ритам со оној што го сакаш. И сакаш да трае што е можно повеќе. Да нема крај. Да нема крај. Да те љуља така до крај на вселената. И пак така и се така и така натака пак. Во транс. И таа чувствува како му припаѓа, и сите препреки исчезнуваат. Па тој се доближува поблиску до нејзе, му го осеќа здивот пак, се допираат со усните, се допираат, сеуште не се љубат, само се допираат и конечно таа се предава на валот вонтелено постоење што надоаѓа и во исто време осеќа екстатични трзаи длабоко во сопствената утроба. Следниот момент устата ја зема во магичен оргазмичен долг бакнеж. И реалноста се растопува под нив.
- Сети се, некогаш не беше жена, некогаш бев некој друг. Зад превезот на ноќта се среќававме. Ти подарував парче небо. Други бевме, ама исти баш. И тогаш почна да бегаш. И го запозна него. Новиот лидер на другите. Те завлече сето она непознато од другата страна. Ти прва почна да пркосиш на сите насилно поставени правила на однесување. Прва забунтува против нив. Кои се они да ти кажуваат со кој може а со кој не може да се дружиш и каде може а каде не може да се движиш. Кои се они да те лажат. Бегавме од нашиот круг и се дружевме со него. И се сакавме. И се дружевме се повеќе и со се повеќе од нив и станувавме силни.
- Тогаш ти почна интензивно да се дружиш со опијатот. Те земаше проклетиот опијат. Секој ден се повеќе те земаше проклетиот опијат. И најпосле те зема комплет. Те оставија пред нозете на лидерот и оставија да те врати назад. Репрограм. Рестарт. Никита. Иста, но нова. Бледа, ладна копија на оригиналот кој го сакав. И кој го сакаше тој.
- Ти си потомок на најголемиот од нас. Негова си. Тој истиот што мисли дека може да го притисне копчето и да предизвика крај. Тој истиот што не може во очи да те гледа, зашто сега моја си. За мене чувана си, од мене чувана. И лидерот на другите го знае тоа многу добро. И знае кој сум јас и која си ти. И кој е тој и кои се сите други. И од каде потекнуваме. И која е заедничката енегија позади нас. Ние сме предвесници на новото време. Ние сме најсовршеното што произлегло од нив: со корени во минатото а визија во иднината.
- Проклети старци. Сега уште ти викаат да ме ликвидираш. И тоа го знам. Мисли програмот совршено функционира. Не и кај таквите ко нас. Ние од другата страна на постоењето одиме. Отпирни сме на се. Во тие наши извонредни категории отпирни сме на све. Нема да ме утепа он, јас ќе го утепам него. Ќе го утепам исто како он што зема да те утепа тебе, исто како што зема да ме утепа мене, Ќе го избришам. Ќе го репрограмирам јас него. Сите нив. Не, не сите нив. Ќе ги убијам на лице место голем дел од нив. Кои се они да си земаат за право нас да не програмираат. Не сме биле како што они предвиделе. Кој смее да си дозволи да не предвиди нас. Крвта ќе им ја испијам. До последна капка. Све.
Стана. Отиде до салонот. Кога се врати назад држеше некоја кутија во раце. Здивен беше комплет. Само се работи за предност. А предноста е сега во негови раце - малата метална кутија со сите шифри, целиот програм, моделот со кодови, и копчето што стариот си мисли дека ќе го притисне прв.

- Војна.
 




 

н:никита, повторно

Затишје после бура меѓу нив. Но друга бура сега ќе ги зафати сите - целото подземје. Зошто ли не може да се возбуди како Икс? Избезумен е. Излуден. Само една работа му се мота по глава. Толку е неверојатно силен што сигурно ќе успее во се. Но...
По нејзината меморија неговите зборови ечеа како веќе одминати рафали... Што е тоа што ја обзема па ја дистанцира далеку од сите нив. Што е тоа што тој никогаш нема да го разбере...тоа од што се плаши, на што не сака да помислува ама воопшто воопшто баш...
Песочни големи дини...како ли е да се чекори низ нив...ничија е, ни негова не е...подзатвори очи, подотвори уста и со блага насмевка повторно се изгуби некаде...
Никитааааааа.........Никита......кам ту плеј, дјевушка, come to ride the desert with me....come, and I will take you high above it – high among the stars again... ...remember...
how you kiss the Moon dear, kiss the Moon....

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























































































































































































































































































































































































































































 

  д:дома